Промовирани огласи »

Лукаревска: Нема да се намалат парите за договори за дело, не можеме да ги оставиме на улица

На собраниската расправа за ребалансот на буџетот

На денешната собраниска комисија за финансии за ребалансот на буџетот опозицијата побара да се намали ставката за договорите за дела во јавниот сектор, но пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, рече дека тоа не е предвидено затоа што „привремено вработените не треба да бидат оставени на улица“.

- Не треба не ги оставиме на улица во оваа криза. Популистички мерки не може да се носат кога има ваква криза, одговори поранешната директорка на УЈП од говорницата како реплика.

Љупчо Пренџов, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно побара да се намалат расходите за оваа ставка при ребалансот на буџетот затоа што станува збор за „партиски војници во администрацијата која во овој период ионака работи со намален обем“.

- Договорите на дело се за привремени вработувања, тоа е за кога има зголемен обем на работа, за администрацијата да биде ефикасна. Ние во администрацијата од март немаме зголемен обем на работа, туку нешто е намален. Назад шест месеци вработените ротираат, ама си ги држиме партиските војници. Држете ги, ама кажете и на јавноста, рече Пренџов.

Промовирани огласи »

Ќе бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот, тврди Бил Гејтс

Вели вториот бран ќе биде полош

Ќе биде многу полошо од претходно, вели првиот човек на „Мајкрософт“, Бил Гејтс за вториот бран, објави Политико. 

Тој изјави дека постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо пренесување на вирусот.

„Сите бројки растат и постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот. Додека не дојде новата заштита. Но, она што го имаме моментално е нашето однесување, заштитните маски и почитувањето на сите мерки“, рекол Гејтс.

Гејтс и неговата сопруга Мелинда се на чело на нивната фондација која што донира стотици милиони долари за испитувањето на коронавирусот, како и за пронаоѓање на вакцина.

Во светот сега има 38.8 милиони заразени. 

САД е на врвот, а потоа следат Индија, Бразил и Русија. 

Промовирани огласи »

Македонија со поголема минимална пензија од Бугарија и Србија

Во Словенија, Турција и Грција се убедливо најголеми на Балканот

Во својата последна статија објавена денеска „24часа.бг“ објави дека Бугарија има една од најмалите минимални пензии на Балканот, а како што велат од таму, помала и од онаа во Северна Македонија.

Во Македонија пензијата изнесува 9.751 денари, односно 157 евра. Минималната пензија во Македонија е повисока од онаа во Бугарија која е 127,7 евра, од Србија каде е 89,5 евра, Црна Гора со 144 евра, Албанија со 112,4 евра и Косово со 74 евра.

Нешто поголема минимална пензија од Македонија имаат Романија и БИХ каде се 202, односно 201 евро. 

Минималната пензија е убедливо највисока во Словенија со 498, Турција и Грција со 400 и 388 евра, како и во Хрватска со 362 евра.

Промовирани огласи »

Мнозинството работници сакаат во иднина да останат да работат од дома. 

Девет од десет вработени сакаат да продолжат да работат од дома и по ублажувањето на мерките преземени во врска со пандемијата. 

Ова се резултати од истражување направено од „Сиско системс“, објави „Ројтерс“. 

„Сиско системс“ анкетирале 10.000 луѓе од Европа, Блискиот Исток и од Русија за своето истражување „Работна сила на иднината“. 

Истражувањето покажало дека пандемијата ги променила навиките, а кај две третини од работниците се развило поголемо разбирање за придобивките и предизвиците за вршење на работа од нивните домови наместо во канцелариите. 

Пред карантинот, само пет отсто од испитаниците поголемиот дел од работата ја работеле од дома, а сега 87 отсто од работниците сакаат да изберат каде, како и кога ќе ја извршуваат својата работа. 

Тие се залагаат за комбинација меѓу работење од дома и од канцеларија. 

Владите во повеќето земји сугерираа да се работи од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. 

И во Македонија во оние сектори каде може, изминатиот период работниците работеа од дома. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »