Промовирани огласи »

Ќе бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот, тврди Бил Гејтс

Вели вториот бран ќе биде полош

Ќе биде многу полошо од претходно, вели првиот човек на „Мајкрософт“, Бил Гејтс за вториот бран, објави Политико. 

Тој изјави дека постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо пренесување на вирусот.

„Сите бројки растат и постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот. Додека не дојде новата заштита. Но, она што го имаме моментално е нашето однесување, заштитните маски и почитувањето на сите мерки“, рекол Гејтс.

Гејтс и неговата сопруга Мелинда се на чело на нивната фондација која што донира стотици милиони долари за испитувањето на коронавирусот, како и за пронаоѓање на вакцина.

Во светот сега има 38.8 милиони заразени. 

САД е на врвот, а потоа следат Индија, Бразил и Русија. 

Промовирани огласи »

Македонија со поголема минимална пензија од Бугарија и Србија

Во Словенија, Турција и Грција се убедливо најголеми на Балканот

Во својата последна статија објавена денеска „24часа.бг“ објави дека Бугарија има една од најмалите минимални пензии на Балканот, а како што велат од таму, помала и од онаа во Северна Македонија.

Во Македонија пензијата изнесува 9.751 денари, односно 157 евра. Минималната пензија во Македонија е повисока од онаа во Бугарија која е 127,7 евра, од Србија каде е 89,5 евра, Црна Гора со 144 евра, Албанија со 112,4 евра и Косово со 74 евра.

Нешто поголема минимална пензија од Македонија имаат Романија и БИХ каде се 202, односно 201 евро. 

Минималната пензија е убедливо највисока во Словенија со 498, Турција и Грција со 400 и 388 евра, како и во Хрватска со 362 евра.

Промовирани огласи »

Мнозинството работници сакаат во иднина да останат да работат од дома. 

Девет од десет вработени сакаат да продолжат да работат од дома и по ублажувањето на мерките преземени во врска со пандемијата. 

Ова се резултати од истражување направено од „Сиско системс“, објави „Ројтерс“. 

„Сиско системс“ анкетирале 10.000 луѓе од Европа, Блискиот Исток и од Русија за своето истражување „Работна сила на иднината“. 

Истражувањето покажало дека пандемијата ги променила навиките, а кај две третини од работниците се развило поголемо разбирање за придобивките и предизвиците за вршење на работа од нивните домови наместо во канцелариите. 

Пред карантинот, само пет отсто од испитаниците поголемиот дел од работата ја работеле од дома, а сега 87 отсто од работниците сакаат да изберат каде, како и кога ќе ја извршуваат својата работа. 

Тие се залагаат за комбинација меѓу работење од дома и од канцеларија. 

Владите во повеќето земји сугерираа да се работи од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. 

И во Македонија во оние сектори каде може, изминатиот период работниците работеа од дома. 

Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17 отсто, односно околу 87 проценти од учениците успешно ја следат онлајн наставата.

„Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција, часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата“, се вели во соопштението од министерството.

МОН апелира до наставниците и учениците коишто се со физичко присуство, доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. 

„Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита“, велат од МОН.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »