Промовирани огласи »

Мнозинството работници сакаат во иднина да останат да работат од дома. 

Девет од десет вработени сакаат да продолжат да работат од дома и по ублажувањето на мерките преземени во врска со пандемијата. 

Ова се резултати од истражување направено од „Сиско системс“, објави „Ројтерс“. 

„Сиско системс“ анкетирале 10.000 луѓе од Европа, Блискиот Исток и од Русија за своето истражување „Работна сила на иднината“. 

Истражувањето покажало дека пандемијата ги променила навиките, а кај две третини од работниците се развило поголемо разбирање за придобивките и предизвиците за вршење на работа од нивните домови наместо во канцелариите. 

Пред карантинот, само пет отсто од испитаниците поголемиот дел од работата ја работеле од дома, а сега 87 отсто од работниците сакаат да изберат каде, како и кога ќе ја извршуваат својата работа. 

Тие се залагаат за комбинација меѓу работење од дома и од канцеларија. 

Владите во повеќето земји сугерираа да се работи од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. 

И во Македонија во оние сектори каде може, изминатиот период работниците работеа од дома. 

Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17 отсто, односно околу 87 проценти од учениците успешно ја следат онлајн наставата.

„Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција, часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата“, се вели во соопштението од министерството.

МОН апелира до наставниците и учениците коишто се со физичко присуство, доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. 

„Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита“, велат од МОН.

Промовирани огласи »

Македонци од Германија бараат поедноставување на постапката за вадење македонски пасоши

Македонци од Германија бараат поедноставување на постапката за вадење македонски пасоши

 Додека се зголемува потребата за точни и брзи информации, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист. 

 Иницијативен одбор формиран од македонски државјани со престој во Германија преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава и бараат поедноставување на постапката за вадење македонски пасоши.

– Додека се зголемува потребата за точни и брзи информации, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија. Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации, се наведува во отвореното писмо.

Авторите на писмото посочуваат дека речиси е невозможно да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада, поради долга и нејасна постапка, па затоа најчесто се принудени постапката да ја почнат во земјава, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување.

– Достапноста на информации е на едно поразително ниво. Веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници. Ниту пандемијата како вонредна состојба во целиот свет не смени ништо во начинот на информирање, иако тоа беше попотребно од било кога, велат нашинците кој престојуваат во Германија.

Тие бараат формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва, достапен на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број и на македонски како и на јазиците на националностите кои живеат во земјава.

Натаму тие бараат да се воведе можност за поднесување на документи и за добивање на патна исправа во дипломатско-конзуларните преставништва.

– Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија. Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта. Електронско поднесување на барањето за обнова на документите. Можност за фотографирање, исто како и во службите во Македонија. Опремување на сите ДКП како би биле достапни за повекето граѓани кои живеат на територијата на цела Германија. Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија се дел од барањата наведени во отвореното писмо.

Иницијативениот одбор бара и изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а Министерството да склучи и договор со авиокомпаниите кои би ја доставувале поштата, со што готовите патни исправи би се доставувале на граѓаните во Германија лично или преку курирска служба со препорачана пошта, за да не мораат да патуваат два пати во ДКП.

– За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од курирските служби кои ќе го извршуваат доставувањето. Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеќе од двојно на една пасошка служба во Македонија, се додава во писмото.

Тие бараат и да се формира заеднички совет меѓу Министерството за надворешни работи, ДКП и граѓанската иницијатива, која ќе ја следи и ќе дава препораки за подобрување на услугата на дипломатско-конзуларните претставништва, кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник што ќе се доставува до Владата и МНР.

-Барањата се базираат на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања. Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се овозможи достоен сервис за нашите граѓани, се додава во отвореното писмо./МИА.

Промовирани огласи »

Цените на горивата се зголемуваат за по половина денар

Нови цени на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ максималните цени на горивата ќе се зголемат за по половина денар.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.42%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по половина денар. Соодветно на тоа, еден литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, еден литар 98-0ктански бензин ќе чини 61.50 денари, а еден литар дизел ќе чини 50.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »