Промовирани огласи »

Лукаревска: Следува викенд без ДДВ, сите пратеници да ги поддржат измените на законот

Предлог законот со кој ќе се реализира мерката “Викенд без ДДВ”, ги помина филтрите на надлежните собраниски комисии

Предлог законот со кој ќе се реализира мерката “Викенд без ДДВ”, ги помина филтрите на надлежните собраниски комисии.

Ова проект е во интерес на граѓаните и токму затоа денеска ги повикувам сите пратеници да го поддржат.

Гласањето ЗА ќе значи на граѓаните да им се овозможи да го добијат назад целиот ДДВ за производите кои ќе ги купуваат во викендот меѓу 10 и 12 октомври.

“Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ”, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.

Во рок од неколку дена, на трансакциските сметки на граѓаните ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Досега, за само една година преку мерката Мој ДДВ, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

Ние , како пратеници имаме должност да се грижиме и да работиме за интересите на граѓаните.

Викенд без ДДВ ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ

Промовирани огласи »

Нова ранг листа: Македонскиот пасош моментално помоќен од тој на САД

Со годинешната ситуација

Во новото рангитање на Индексот за пасоши, Северна Македонија се најде на делба на 16 место. Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 62 земји.

Во рангирањето се наоѓа пред патните исправи од Албанија, Црна Гора, но и пред САД чиј пасош поради пандемијата со корнавирусот падна на 21.место.

Хрватска е на делба со земјите на осмото место, додека Србија со оние на 14-та позиција.

Оваа година „победник“ е Нов Зеланд со пасош со кој може да се влезе во 129 земји. На втората позиција се досегашниот „првак“ Јапонија, заедно со Германија, Австрија, Швајцарија, Луксембург, Ирска, Јужна Кореја и Австралија.

Промовирани огласи »

Викенд без ДДВ: Државата ќе го враќа целиот ДДВ само 15 дена по скенирањето

А вие имате три дена рок да ја скенирате сметката!

Државата ќе ви го врати целиот Данок на додадена вредност што сте го платиле за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“ и тоа во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сите сметки кои ќе ги соберете во тие три дена имате рок да ги скенирате само најкасно три дена по издавањето на сметката. Ова е дел од измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица кои веќе стасаа во Собрание. Точката за нивно усвојување по скратена постапка веќе е ставена на дневен ред за денешната седница. Пратениците треба да ја изгласаат до петок, затоа што „Викендот без ДДВ“ почнува од сабота, односно ќе трае на 10, 11 и 12 октомври (сабота, недела и понеделник). 

Според одредбите, ако купите нешто во сабота на 10 октомври, за скенирање на сметката имате три дена, односно најдоцна до 13 октомври. Парите за овој промет од Данокот ќе ви бидат вратени за 15 дена на вашата лична сметка или најдоцна до 28 октомври. 

Инаку граѓаните имаат право на поврат на целиот ДДВ само до потрошени 30.000 по поединец. Треба да купат македонски производи и услуги односно само за тие се враќа целиот ДДВ, или компјутерска опрема. За останатите производи остануваат истите правила како до сега. Ако во тие три дена потрошите над 30.000 денари, данокот за се што е над таа сума ќе ви биде вратен како досега, по истекот на тримесечјето. 

„Доколку е надминат износот на вкупен промет од 30 000 денари за фискланите сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври враќањето на преостанатиот износ на данок содржан во преостанатиот вкупен промет ќе се врши согласно член 3 став (5) од законот односно на тој промет би се вратил само дел од данокот на додадена вредност. Фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври за кои се дава можност да се врати целиот износ на данок на додадена вредност треба да бидат пријавени преку апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи најдоцна 3 дена од датумот на издавање, а додека пак износот ќе му се исплати на физичките лица најдоцна 15 дена од датумот на пријавување на фискалната сметка, стои во измените.

Од ИТ опрема за поврат на цел ДДВ треба да купите машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) и софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери). 

Промовирани огласи »

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска министерот Јетон Шаќири и претседателот на Синдикатот на работниците од управата правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) имаа работна средба во врска со неколку актуелни прашања.

На средбата претседателот Пецо Грујовски го информираше министерот Јетон Шаќири за одредени проблеми и дилеми како и погрешното толкување на некои одредби од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните установи и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје и општините во градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Во таа смисла на состанокот уште еднаш беше потенцирано дека одредбите од Колективниот договор мора доследно да се почитуваат. 

„Некои работодавачи се уште на вработените не им исплаќаат патни и дневни трошоци, не ја почитуваат одредбата за флексибилно работно време, а Владата, според наши сознанија нема предвидено средства со ребалансот на Буџетот за 2020 година. Исто така, Министерството за финансии не го консултира Синдикатот на УПОЗ (согласно член 15 став 3 од Гранскиот колективен договор) во врска со ребалансот како и за Буџетот за 2021 година“, стои во соопштението.

Велат дека поради доследна примена, особено во делот на паричните побарувања, е договорено во наредните денови да се оствари средба со Министерството за финансии пред кого ќе бидат изнесени овие прашања со барање за доследна примена на Гранскиот колективен договор со цел да се надминат недоразбирањата и да не се доведат вработените во состојба своите права да ги реализираат преку суд.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »