Промовирани огласи »

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска министерот Јетон Шаќири и претседателот на Синдикатот на работниците од управата правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) имаа работна средба во врска со неколку актуелни прашања.

На средбата претседателот Пецо Грујовски го информираше министерот Јетон Шаќири за одредени проблеми и дилеми како и погрешното толкување на некои одредби од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните установи и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје и општините во градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Во таа смисла на состанокот уште еднаш беше потенцирано дека одредбите од Колективниот договор мора доследно да се почитуваат. 

„Некои работодавачи се уште на вработените не им исплаќаат патни и дневни трошоци, не ја почитуваат одредбата за флексибилно работно време, а Владата, според наши сознанија нема предвидено средства со ребалансот на Буџетот за 2020 година. Исто така, Министерството за финансии не го консултира Синдикатот на УПОЗ (согласно член 15 став 3 од Гранскиот колективен договор) во врска со ребалансот како и за Буџетот за 2021 година“, стои во соопштението.

Велат дека поради доследна примена, особено во делот на паричните побарувања, е договорено во наредните денови да се оствари средба со Министерството за финансии пред кого ќе бидат изнесени овие прашања со барање за доследна примена на Гранскиот колективен договор со цел да се надминат недоразбирањата и да не се доведат вработените во состојба своите права да ги реализираат преку суд.

Промовирани огласи »

Дали светската економија се извлече од длабока криза?

Прогноза на ММФ

Светската економија излегува од најдлабоката криза. 

Глобалната економија изгледа „помалку страшно“ отколку во јуни, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) малку ќе ја смени проценката за падот годинава, изјави денeска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

“Катастрофата што нè снајде не е завршена, ниту далеку. Сите земји сега се соочуваат со она што јас би го нарекла долго искачување, макотрпно искачување кое ќе биде долго, нерамномерно и неизвесно. И обележано со повремени назадувања”, вели таа. 

Кина се опорави побрзо отколку што се очекуваше, додаде Георгиева. 

ММФ во јуни предвиде дека светскиот бруто домашен производ (БДП) ќе се намали за 4,9 проценти оваа година поради мерките за ограничување со коронавирусот. 

Тоа е најголем пад од 1930-тите. ММФ ги повика владите и централните банки да помогнат со дополнителни стимулативни мерки.

Промовирани огласи »

Баровите, рестораните, кафулињата ќе бидат затворени две недели

Но што ако кopoна бројките и натаму растат?

 Независната угостителска комора (НУК) најави дека доброволно ќе ги затвори сите објекти на две недели во знак на незадоволство од најновите протоколи предложени од Кoмиcиjaта за заразни бoлести, а донесени од Владата. 

Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но што ако кopoна-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да признаат дека угостителските објекти не се причина за зapaза. Tуку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на кopoнавиpyсот – наведува претседателот на комората Здравко Јосифовски.

Според НУК, новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на зaбoлени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава.

Како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила, без никаква контрола и никакви механизми за заштита од кopoнавиpycот.

Промовирани огласи »

Усвоено: Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

Одлуката стапува на сила од понеделник.

-Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »