Промовирани огласи »

Викенд без ДДВ: Државата ќе го враќа целиот ДДВ само 15 дена по скенирањето

А вие имате три дена рок да ја скенирате сметката!

Државата ќе ви го врати целиот Данок на додадена вредност што сте го платиле за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“ и тоа во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сите сметки кои ќе ги соберете во тие три дена имате рок да ги скенирате само најкасно три дена по издавањето на сметката. Ова е дел од измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица кои веќе стасаа во Собрание. Точката за нивно усвојување по скратена постапка веќе е ставена на дневен ред за денешната седница. Пратениците треба да ја изгласаат до петок, затоа што „Викендот без ДДВ“ почнува од сабота, односно ќе трае на 10, 11 и 12 октомври (сабота, недела и понеделник). 

Според одредбите, ако купите нешто во сабота на 10 октомври, за скенирање на сметката имате три дена, односно најдоцна до 13 октомври. Парите за овој промет од Данокот ќе ви бидат вратени за 15 дена на вашата лична сметка или најдоцна до 28 октомври. 

Инаку граѓаните имаат право на поврат на целиот ДДВ само до потрошени 30.000 по поединец. Треба да купат македонски производи и услуги односно само за тие се враќа целиот ДДВ, или компјутерска опрема. За останатите производи остануваат истите правила како до сега. Ако во тие три дена потрошите над 30.000 денари, данокот за се што е над таа сума ќе ви биде вратен како досега, по истекот на тримесечјето. 

„Доколку е надминат износот на вкупен промет од 30 000 денари за фискланите сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври враќањето на преостанатиот износ на данок содржан во преостанатиот вкупен промет ќе се врши согласно член 3 став (5) од законот односно на тој промет би се вратил само дел од данокот на додадена вредност. Фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври за кои се дава можност да се врати целиот износ на данок на додадена вредност треба да бидат пријавени преку апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи најдоцна 3 дена од датумот на издавање, а додека пак износот ќе му се исплати на физичките лица најдоцна 15 дена од датумот на пријавување на фискалната сметка, стои во измените.

Од ИТ опрема за поврат на цел ДДВ треба да купите машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) и софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери). 

Промовирани огласи »

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска министерот Јетон Шаќири и претседателот на Синдикатот на работниците од управата правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) имаа работна средба во врска со неколку актуелни прашања.

На средбата претседателот Пецо Грујовски го информираше министерот Јетон Шаќири за одредени проблеми и дилеми како и погрешното толкување на некои одредби од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните установи и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје и општините во градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Во таа смисла на состанокот уште еднаш беше потенцирано дека одредбите од Колективниот договор мора доследно да се почитуваат. 

„Некои работодавачи се уште на вработените не им исплаќаат патни и дневни трошоци, не ја почитуваат одредбата за флексибилно работно време, а Владата, според наши сознанија нема предвидено средства со ребалансот на Буџетот за 2020 година. Исто така, Министерството за финансии не го консултира Синдикатот на УПОЗ (согласно член 15 став 3 од Гранскиот колективен договор) во врска со ребалансот како и за Буџетот за 2021 година“, стои во соопштението.

Велат дека поради доследна примена, особено во делот на паричните побарувања, е договорено во наредните денови да се оствари средба со Министерството за финансии пред кого ќе бидат изнесени овие прашања со барање за доследна примена на Гранскиот колективен договор со цел да се надминат недоразбирањата и да не се доведат вработените во состојба своите права да ги реализираат преку суд.

Промовирани огласи »

Дали светската економија се извлече од длабока криза?

Прогноза на ММФ

Светската економија излегува од најдлабоката криза. 

Глобалната економија изгледа „помалку страшно“ отколку во јуни, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) малку ќе ја смени проценката за падот годинава, изјави денeска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

“Катастрофата што нè снајде не е завршена, ниту далеку. Сите земји сега се соочуваат со она што јас би го нарекла долго искачување, макотрпно искачување кое ќе биде долго, нерамномерно и неизвесно. И обележано со повремени назадувања”, вели таа. 

Кина се опорави побрзо отколку што се очекуваше, додаде Георгиева. 

ММФ во јуни предвиде дека светскиот бруто домашен производ (БДП) ќе се намали за 4,9 проценти оваа година поради мерките за ограничување со коронавирусот. 

Тоа е најголем пад од 1930-тите. ММФ ги повика владите и централните банки да помогнат со дополнителни стимулативни мерки.

Промовирани огласи »

Баровите, рестораните, кафулињата ќе бидат затворени две недели

Но што ако кopoна бројките и натаму растат?

 Независната угостителска комора (НУК) најави дека доброволно ќе ги затвори сите објекти на две недели во знак на незадоволство од најновите протоколи предложени од Кoмиcиjaта за заразни бoлести, а донесени од Владата. 

Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но што ако кopoна-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да признаат дека угостителските објекти не се причина за зapaза. Tуку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на кopoнавиpyсот – наведува претседателот на комората Здравко Јосифовски.

Според НУК, новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на зaбoлени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава.

Како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила, без никаква контрола и никакви механизми за заштита од кopoнавиpycот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »