Промовирани огласи »

Дали светската економија се извлече од длабока криза?

Прогноза на ММФ

Светската економија излегува од најдлабоката криза. 

Глобалната економија изгледа „помалку страшно“ отколку во јуни, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) малку ќе ја смени проценката за падот годинава, изјави денeска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

“Катастрофата што нè снајде не е завршена, ниту далеку. Сите земји сега се соочуваат со она што јас би го нарекла долго искачување, макотрпно искачување кое ќе биде долго, нерамномерно и неизвесно. И обележано со повремени назадувања”, вели таа. 

Кина се опорави побрзо отколку што се очекуваше, додаде Георгиева. 

ММФ во јуни предвиде дека светскиот бруто домашен производ (БДП) ќе се намали за 4,9 проценти оваа година поради мерките за ограничување со коронавирусот. 

Тоа е најголем пад од 1930-тите. ММФ ги повика владите и централните банки да помогнат со дополнителни стимулативни мерки.

Промовирани огласи »

Баровите, рестораните, кафулињата ќе бидат затворени две недели

Но што ако кopoна бројките и натаму растат?

 Независната угостителска комора (НУК) најави дека доброволно ќе ги затвори сите објекти на две недели во знак на незадоволство од најновите протоколи предложени од Кoмиcиjaта за заразни бoлести, а донесени од Владата. 

Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но што ако кopoна-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да признаат дека угостителските објекти не се причина за зapaза. Tуку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на кopoнавиpyсот – наведува претседателот на комората Здравко Јосифовски.

Според НУК, новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на зaбoлени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава.

Како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила, без никаква контрола и никакви механизми за заштита од кopoнавиpycот.

Промовирани огласи »

Усвоено: Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

Одлуката стапува на сила од понеделник.

-Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

Промовирани огласи »

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022

Учеството во лотаријата е бесплатно.

Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави.

Пријавувањето е преку официјалната веб страна  dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани  преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година.

Од Амбасадата на САД во Северна Македонија информираат дека учеството во лотаријата  е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

-Кандидатите смеат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е одговорен за тоа дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни.  Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник.  Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава. Поднесувањето на повеќе пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата, појаснуваат од Амбасадата.

Секој кандидат треба да ја испечати потврдената страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 година, за да може да провери дали е извлечен.  Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Тагови: зелена карта

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »