Промовирани огласи »

Помпео во Хрватска, се очекува укинување на визите за САД

Хрватите наскоро без визи во САД

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска ќе пристигне во Дубровник како највисок функционер на американската администрација што ја посетил Хрватска откако Доналд Трамп е во Белата куќа. Се очекува тој да соопшти дека по 30 години на хрватските граѓани повеќе нема да им требаат визи за влез во САД, пренесува „Индекс.хр“.

Државниот секретар на САД утре треба да се сретне со хрватскиот премиер и со министерот за надворешни работи во Дубровник.

-Откако прашањето за визи за хрватските граѓани кои влегуваат во САД не е решено три децении, Помпео може да објави во Дубровник дека Хрватска го исполнила условот за нивно укинување, пишува хрватскиот портал.

Покрај Хрватска, единствените членки на ЕУ чии граѓани мора да имаат виза за влез во САД се Романија, Бугарија и Кипар. Полска минатата година беше исклучена од тој режим.

Промовирани огласи »

Предлогот за намалување на ДДВ кај струјата вреден за разгледување од Владата, смета премиерот

Владата ќе разгледа можност за намалување на ДДВ за струјата

Премиерот Зоран Заев смета дека е вредно да се разгледа варијантата за намалување на данокот на додадена вредност кај електричната енергија од 18 на пет проценти, но посочува дека треба да се направат калкулации и премсетки што тоа ќе значи за економската стабилност, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство.

-Се што е добро за граѓаните од старт ми е веднаш прифаталиво, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што тоа значи секако за стабилноста економска на државата, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство, изјави Заев денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Потенцира дека ќе ја разгледаат таа можност и ќе ги направат калкулации и пресметки, наведувајќи дека и порано претседателот на Регулаторна имал јавна порака да се разгледаат овие варијанти.

-Секако е вредно за разгледување, но ние мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување на доволни ресурси да помагаме и со петти пакет и со шести пакет понатаму на нашата македонска економија. Но секоја идеја, секоја препорака е вредна за внимание посебно кога доаѓа од европски институции како што е Европската енергетска заедница и верувам дека нашите стручни служби во Владата пред се економските министри ќе ја разгледаат оваа работа и ќе оформиме заеднички став како Влада, посочи премиерот.

Промовирани огласи »

МОН: Новата учебна година со 21 наставен ден помалку

Измена на календарот

Наместо 180, учениците во основното образование во новата учебна година ќе следат настава 159 дена.

Министерството за образование и наука донесе измени во календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2020/2021, според кој ќе има 21 наставен ден помалку.

Во претходниот редовен календар кој беше објавен во јули, бројот на наставните денови изнесуваше 180, а новата одлука следува откако учебната година започна на 1 октомври.

Наставната година ќе трае до 10 јуни, а учебната до 31 август 2021.

Промовирани огласи »

Предвременото пензионирање од догодина: Ќе му пресуди кризата

Се прават и анализи како задолжително ќе се оди вопензија по навршени 64 и 62 години и за кој ќе важи ова

Министерството за финансии ќе го финализира ребалансот за годинава и најверојатно веднаш ќе почне со подготовка на буџетот за следната година. Станува збор за буџет кој треба да ги решава проблемите од економската криза, но и да ги вметне и преку него да се остварат дел од ветувањата кои беа во програмата за работа на новата Влада. Од неа, најавените пензиски реформи најмногу ја разбрануваа јавноста, но според наши информации уште нема конкретни анализи и законско решение за можноста за предвремено пензионирање. Се прават модуси само како да се примени законски задолжителното пензионирање на 64 години за мажи и 62 за жени. 

Од Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување за Фактор велат дека нема никаква активност, но не сакаа да коментираат. Директорот Шаип Зендели вели дека нема конечни законски измени и затоа не може да каже било што. Сепак измените секако треба да следуваат по анализа во која ќе е вклучен и Фондот но се тврди дека нема најави. 

Можноста за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, ја најави Владата во новата програма за работа од 2020 до 2024 година. Во програмата не беа наведени рокови ама се тврдеше дека тоа ќе биде од 2021 година. Сепак дали идниот буџет ќе го издржи овој „товар“ допрва ќе се прават пресметки. 

„Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија. Зајакнување на улогата на старите лица во локалните заедници и обезбедување услови за вклучување во јавниот живот, стои во програмата. 

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »