Промовирани огласи »

МОН: Новата учебна година со 21 наставен ден помалку

Измена на календарот

Наместо 180, учениците во основното образование во новата учебна година ќе следат настава 159 дена.

Министерството за образование и наука донесе измени во календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2020/2021, според кој ќе има 21 наставен ден помалку.

Во претходниот редовен календар кој беше објавен во јули, бројот на наставните денови изнесуваше 180, а новата одлука следува откако учебната година започна на 1 октомври.

Наставната година ќе трае до 10 јуни, а учебната до 31 август 2021.

Промовирани огласи »

Предвременото пензионирање од догодина: Ќе му пресуди кризата

Се прават и анализи како задолжително ќе се оди вопензија по навршени 64 и 62 години и за кој ќе важи ова

Министерството за финансии ќе го финализира ребалансот за годинава и најверојатно веднаш ќе почне со подготовка на буџетот за следната година. Станува збор за буџет кој треба да ги решава проблемите од економската криза, но и да ги вметне и преку него да се остварат дел од ветувањата кои беа во програмата за работа на новата Влада. Од неа, најавените пензиски реформи најмногу ја разбрануваа јавноста, но според наши информации уште нема конкретни анализи и законско решение за можноста за предвремено пензионирање. Се прават модуси само како да се примени законски задолжителното пензионирање на 64 години за мажи и 62 за жени. 

Од Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување за Фактор велат дека нема никаква активност, но не сакаа да коментираат. Директорот Шаип Зендели вели дека нема конечни законски измени и затоа не може да каже било што. Сепак измените секако треба да следуваат по анализа во која ќе е вклучен и Фондот но се тврди дека нема најави. 

Можноста за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, ја најави Владата во новата програма за работа од 2020 до 2024 година. Во програмата не беа наведени рокови ама се тврдеше дека тоа ќе биде од 2021 година. Сепак дали идниот буџет ќе го издржи овој „товар“ допрва ќе се прават пресметки. 

„Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија. Зајакнување на улогата на старите лица во локалните заедници и обезбедување услови за вклучување во јавниот живот, стои во програмата. 

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Заев: И компаниите со загуба да исплатат К-15

Премиерот порача дека и тие без добивка имаат обврска за регресот

Премиерот Зоран Заев ги повика компаниите кои годинава имаат загуба, но во претходните години акумулирале поголеми добивки, да исплатат регрес за своите работници.

- Работниците се трајното добро и за компаниите и за државата. Апелирам уште еднаш дека законот и самите колективни договори регулираат дека компаниите кога покажуваат загуби, тогаш нивната задолжителност да исплатат К-15 паѓа. Но имаме компании кои до Нова Година ќе покажат загуба, но имаат акумулирана добра добивка од претходната година или знаат дека имаат потенцијал загубата веднаш да биде покриена со успешен резултат во 2021. Заради тоа секогаш препорачувам тие да водат грижа за работниците, кои се најважниот капитал во државата, рече Заев како одговор на новинарско прашање.

Претседателот на Владата додаде дека исплатата на регресот за годишен одмор ќе ја зголеми приватната потрошувачка и истовремено ја раздвижува економијата во земјата.

Промовирани огласи »

Со нови протоколи се отвораат игротеките

Игротеките се подготвени да овозможат безбеден и сигурен престој на децата.

Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија го поздрави носењето на протоколите за отворање и работа на игротеките кое значи и нивно повторно отпочнување со работа.

Според нив со целосно почитување на протоколите, игротеките се подготвени да овозможат безбеден и сигурен престој на децата.

Протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести содржат над триесет мерки и активности со чие почитување и имплементирање во пракса ќе се спречи ширење за заразни заболувања. Вработените во игротеките, родителите и децата ќе ги почитуваат протоколите, просторите и предметите редовно ќе се дезинфицираат и проветруваат.

-Групацијата на игротеки при ССК ги известува родителите и дечињата дека согласно протоколите подготвени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а прифатени од Владата, по седум месечна пауза се овозможува игротеките да ги отворат своите врати за прослава на детските родендени. Конечно родендените ќе може да се слават во безбеден, сигурен и дезинфициран простор. Многу подобро за сите нас е дејноста да продолжи и да се одвива во чиста средина, во контролирани услови со почитување на протоколите и преземање на ригорозни мерките за заштита на личното како и на колективното здравје. Затоа повелете резервирајте термин во вашата омилена игротека, да продолжи детската радост за нивниот најважен ден, вели Трајко Николовски, претседател на Групацијата за забавни, рекреативни и едукативни дејности.

Игротеките и едукативните центри беа затворени со владина уредба пред седум месеци и се меѓу последните дејности за кои се дефинираат правилата за отворање и работа. Во изминатиот период прославите на детски родендени се организираа, во небезбедни неконтролирани услови без работа на игротеките, што со носењето на протоколите се очекува да се надмине.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »