Промовирани огласи »

Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите?

Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори.

До 10-ти август ќе се знае како ќе се одвива училишната настава во наредната учебна година. Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите, ќе бидат ли воведени дополнителни смени и крајно, каде ќе има настава со далечинско учење, а каде со физичко присуство?

Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори во наредните две недели.

“До 10-ти август ќе ги имаат сите тие информации. Нема потреба за паника. Има модели, треба да се усогласат и не е ништо задоцнето. Има снимање на состојбата, бројноста на учениците во паралелките, бараме просторни можности за оние училишта кои немаат капацитети, значи сите тие аспекти се разгледуваат”.

Наставник сам во училница и држи настава. Сликата може да стане реалност во случај на далечинско учење. Учениците дома, но наставниците материјалот да го предаваат од своето работно место – е еден од предлозите на работната група од Бирото за развој на образованието.

Сепак, од Министертвото најавуваат дека наставата со физичко присуство е приоритет при носењето на планот.     

“Она што и наставниците и директорите и родителите го бараат од нас е дека ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство. И се додека постои и најмала алтернатива и можност за безбедно реализирање на наставата со физичко присуство, ние ќе правиме обиди да ја реализираме на таков начин”.

Од МОН велат дека најверојатно во функција ќе бидат повеќе модели на настава, во зависност од епидемиолошката слика во земјава. Со ова се согласува и опозицијата, иако смета дека барањето соодветен модел за настава од септември е задоцнето.

“Колку што ми е мене познато, ниту во Берово, ниту во Делчево, ниту во Виница нема заразени. Тие деца можат да почнат со настава сосема нормално, се разбира по скратена програма, за да бидат рамноправни со другите ученици. Таму каде што има најмногу заразени нека оди наставата он лајн”.

Расправата по сите модели и протоколи за тоа како ќе изгледа наставата од 1-ви септември почнува утре, а крајниот збор ќе го има Комсијата за заразни болести.

Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ

Денес на точно на пладне Регулаторна ќе ги соопшти новите цени на горивата

Денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензините се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг.

Останува да видиме дали и денеска не очекува намалување на цените.

Промовирани огласи »

Плата само за преживување, за храна и сметки

Колку пари трошите за задоволување на основните животни потреби за еден месец?

Само за храна и сметки граѓаните  трошат над половина од својата плата. Според податоците од Државниот завод за статистика за минатата година, во просек 43,1% од месечната заработка се трошела за храна и безалкохолни пијалоци, додека за комуналните сметки се одвојувало 10,8% од приходите.

За споредба, Хрватска е една од земјите членки на Европската Унија, каде за храна се троши најмногу од семејниот буџет. Додека Македонците трошат скоро половина, Хрватите за храна трошат околу една четвртина од месечната заработка, додека европскиот просек се движи околу 12%.

Инаку, околу 8% од месечната заработка Македонците ја освојувале за отплата на кредити.
Најмалку од месечниот буџет се одвојува за образование и културни активности.

Статистиката покажува дека лани трошоците на живот се зголемиле за 0,8 процентни поени споредено со претходната година. Најголем пораст на цените има кај храната, сите видови пијалоци и тутунот, а намалување на трошоците е регистрирано кај облеката, обувките, превозот и домувањето.

Според последните податоци, на едно просечно четиричлено семејство месечно му се потребни 33.487 денари за задоволување на основните животни потреби.

Промовирани огласи »

И до 500 денари намален повратот на ДДВ поради новата пресметка на МФ

Граѓаните се жалат - пресметани им се помалку пари за поврат на ДДВ?

Граѓаните кои скенираат сметки за поврат на дел од платениот данок се разочарани и крајно револтирани од новиот начин на пресметка, посебно од начинот на кој таа почна да се применува, објавува „Вечер Прес“.

На најголемиот дел од нив износот за поврат, што за второто тримесечје, според апликацијата МојДДВ им била пресметана минатата недела, викендов им е намалена за 100, 200, па дури и за 500 денари. Причина за ова е владината уредба со која наместо 15 проценти од вкупниот ДДВ на фискалната сметка, како што се враќаше во изминатава година, сега повратот за домашните производи е 20 проценти, а за странските само 10. Соопштението дека се прават нови пресметки по тој терк и дека конечниот износ за исплата може да претрпи промени, УЈП го пушти во средата, за во текот на викендов граѓаните да останат шокирани од намалениот поврат.

Ова ги зовре социјалните мрежи. Речиси сите коментари за овој потег се негативни. Граѓани се жалат дека за тримесечјето го достигнале максималниот износ од 1.800 денари, па престанале да скенираат. Велат дека да знаеле дека сметката ќе им се намали за 300, 400 или 500 денари, ќе продолжеле со скенирање на фискалните. Некои прашуваат како е можно законите да се применуваат ретроактивно. Има и такви забелешки дека со ова се надоместуваат донациите од кои голем број граѓани се откажаа.

Сметката наеднаш ми се намали за 100 денари. Не знам зошто, ми рекоа дека е зголемен повратот за домашните производи, а намален на странските. Па во продавниците има многу малку домашни производи. Овој месец добив домашна платежна картичка, но бавно ја трошам, зашто има многу малку прехранбени производи, козметика и слично од домашни производители. Мислам дека и понатаму од МојДДВ ќе добивам помалку пари, вели студентка од Скопје.

Инаку, граѓаните за второто тримесечје добија помалку од МојДДВ, иако различен процент на повратот за домашните и странските производи не им се пресметува за сите три месеци, односно за април, мај и за јуни, туку само за јуни и тоа од 12 до крајот на месецот.

Од Управата за јавни приходи велат дека не се работи за кратење на парите, туку за примена на уредбата на Владата која важи од 12 јуни, најдоцна до крајот на годината. Според таа уредба се двојат македонските од другите производи.

Оваа пресметка се врши од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила и не подоцна од 31.12.2020 година. Со оваа уредба се поттикува потрошувачката на македонски добра и услуги. УЈП согласно Уредбата ја приспособи апликацијата МојДДВ, соопштија од Управата.

Оттаму додаваат дека со оваа  нова функционалност, МојДДВ освен враќањето назад пари кај граѓаните и борбата против неформалната економија, ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »