Промовирани огласи »

Просечната плата во мај изнесувала 26.390 денари и пораснала за 4,4% во однос на истиот месец лани

Платите пораснале а голем дел од граѓаните не почуствувале. Зошто?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 104.4.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (23,7 %), Образование (12,3 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8,1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (15,5 %), Градежништво (5,2 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2020 година, изнесува 26.390 денари.

Промовирани огласи »

Џеф Безос за само еден ден заработи 13 милијарди долари

Џеф Безос за само само еден ден додаде 13 милијарди долари на неговото богатство

Џеф Безос во понеделникот додаде 13 милијарди американски долари на неговото богатство, што е најголем еднодневен скок за поединец откако е создаден индексот за милијардери на Блумберг во 2012 година.

Основачот на Амазон и најбогат човек во светот, го зголеми своето богатство за 74 милијарди американски долари во 2020 година на вкупно 189,3 милијарди американски долари, и покрај тоа што САД влегоа во најлошиот економски пад од големата депресија.

Промовирани огласи »

Вашиот компјутер ги памети и ги чува корисничките имиња и лозинките што ќе ги внесете во него. Но, дали знаете каде се наоѓаат и како можете да стигнете до нив? Краткиот водич во продолжение ќе ве научи како да ги најдете лозинките сочувани во оперативниот систем „Виндоус“ (изданија 10, 8 и 7) и да ги менувате, бришете или да додавате нови.

Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 10“?

Во опцијата за пребарување на компјутерот напишете cmd.
Ќе ви се појави прозорец од „Command Prompt“. Во тој прозорец напишете rundll32.exe keymgr.dll,KRShowKeyMgr. Ќе се појави прозорецот „Stored User Names and Passwords“ со сите ваши снимени кориснички имиња и лозинки. Тука можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате. Ако сакате да направите безбедносна копија (backup), кликнете на „Back up“ и следете ги упатствата. Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 8“ и „Виндоус 7“?

Кликнете „Start“, па отворете „Control Panel“. Кликнете „User Accounts“.
Изберете „Manage your Credential“. Ќе се појават сите ваши зачувани кориснички имиња и лозинки. Можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате, како и да направите безбедносна копија или да ги повлечете оние за кои сте направиле безбедносна копија.

Промовирани огласи »

Во текот на следната недела се очекува Регулаторната комисија за енергетика да излезе со поконкретни информации за новите цени на струјата и на парното.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски вчера изјави дека во текот на јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата со корона кризата и нивните предвидувања во делот на потрошувачката и трошоците кои, како што рече, во одреден дел се зголемуваат.

Според Бислимоски, драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.

– Тоа е од причина што нема продажба на Електрани на Северна Македонија на вишокот на електрична енергија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, рече Бислимоски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »