Промовирани огласи »

Џеф Безос за само еден ден заработи 13 милијарди долари

Џеф Безос за само само еден ден додаде 13 милијарди долари на неговото богатство

Џеф Безос во понеделникот додаде 13 милијарди американски долари на неговото богатство, што е најголем еднодневен скок за поединец откако е создаден индексот за милијардери на Блумберг во 2012 година.

Основачот на Амазон и најбогат човек во светот, го зголеми своето богатство за 74 милијарди американски долари во 2020 година на вкупно 189,3 милијарди американски долари, и покрај тоа што САД влегоа во најлошиот економски пад од големата депресија.

Промовирани огласи »

Во текот на следната недела се очекува Регулаторната комисија за енергетика да излезе со поконкретни информации за новите цени на струјата и на парното.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски вчера изјави дека во текот на јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата со корона кризата и нивните предвидувања во делот на потрошувачката и трошоците кои, како што рече, во одреден дел се зголемуваат.

Според Бислимоски, драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.

– Тоа е од причина што нема продажба на Електрани на Северна Македонија на вишокот на електрична енергија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, рече Бислимоски.

Промовирани огласи »

Евростат: 57 проценти од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 процетни во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор.

Меѓу земјите членки на ЕУ Романија има највисок процент – 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година, по што следат жителите на Грција – 49 процетни, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти.

На другиот крај од скалата, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дом секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и Грција, каде е регистрирано зголемување од 4 и 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирнао во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти, Бугарија и Полска по 27 проценти. (Крај)

извор: Плус инфо

Промовирани огласи »

Пановски: Враќање на полицискиот час навечер и државен карантин за сите кои одат на забави и прослави

Вакви мерки предлага професорот Никола Пановски за да се намали ширењето на корона вирусот во Македонија.

Полициски час ноќе и државен карантин на сопствен трошок за сите кои масовно ќе се собираат и журкаат. Вакви мерки предлага професорот Никола Пановски за да се намали ширењето на коронавирусот во Македонија. 

-Полициски час кој би бил ноќе и нема да влијае на економијата или многу малку ќе влијае. Сепак рестораните би можеле надвор да работат до 22-23 часот за да се спречи шетањето на младите навечер. Видовме што се случува по сите градови и допрва што ќе се случува во август. Очигледно дека државата не може да ги контролира сите места. Дури и газдите се спремни да платат илјадници евра и друг начин не гледам. Ова со пазарни инспекитори итн... Јас предложив да се забранат таквите собирања, ако се случат полицијата да ги однесе во државен карантин на нивни трошок. Тоа е ригорозна мерка, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.

Според професорот Пановски високите трицифрени бројки на заразени овој период се резултат на предизборната кампања, а наредните 3 до 4 дена ќе го чекаме и кластерот изборно славење.

-Секако дека е од пред избори, тоа се настани кои се случуваат во затворен простор. Во таа паника пред избори, трчање, често се заборава на мерките има викање знам како изгледа тоа...Сега ќе го чекаме за 3-4 дена за славењето и чекање на резултатите. Имаше пеење, прегрнување... додаде професорот Пановски.

Микробиологот смета дека е неопходна и поголема контрола од надлежните институции за задолжително носење маска и држење дистанца. 

-Не треба да се чека да се создаде нова Влада, може таа нема да се создаде никогаш, треба да делуваат овие што се сега, рече Професорот Пановски.

За професорот Пановски загрижувачки е и фактот што и понатаму се јавуваат кластери по фабриките и затоа е потребна едукација и за газдите и за работниците како да се заштитат и никако да не се превезуваат во ист автобус вработени во различни компании.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »