Промовирани огласи »

Wizz Air, најзелената авиокомпанија во Европа и водечка авиокомпанија со ниски цени во Централна и Источна Европа денес најави дека од 1 мај воведува дополнителни мерки за хигиена за да обезбеди здравје и благосостојба на своите патници и членови на екипажот. 

Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.

Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите траки за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.

Додека ХЕПА филтерите на сите авиони на Wizz Air филтрираат до 99.7% од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот. Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците.

Wizz Air ќе продолжи со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства. За да го сумираат новиот протокол, Wizz Air објави видео каде што ги објаснуваат новите мерки. Видеото можете да го погледнете тука.  https://youtu.be/2mVFOEaDrxI

József Váradi, извршен директор на Wizz Air изјави: „Здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот отсекогаш биле од најголема важност за Wizz Air. Бидејќи на нашите летови пречекуваме се повеќе и повеќе патници, мерките за заштита што ги имплементираме ќе обезбедат најдобри санитарни услови. Ги охрабруваме нашите патници да го погледнат новото видео за повеќе детали за новите мерки за здравје и заштита. Веруваме дека новиот протокол на Wizz Air ќе им помогне на патниците да се чувствуваат по сигурно кога патуваат со нас а ние ќе продолжиме да служиме за потребите на нашите патници, сега со засилени мерки за хигиена. “

За Wizz Air

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, работи со флота од 121 Airbus A320 и A321 авиони, е една од најмладите авионски флоти во светот и нуди повеќе од 710 рути од 25 бази, поврзувајќи 154 дестинации низ 45 држави. Тим од професионалци се задолжени за беспрекорна услуга и многу ниски цени, што го прави Wizz Air да биде првиот избор на 40 милиони патници во последните 12 месеци.

За повеќе информации:

Andras Rado; Wizz Air Group; [email protected]

Follow us on Instagram: @wizzair

Follow us on Facebook: @wizzair

Follow us on Twitter: @wizzair

•  Сите летови се управувани со Airbus A320 авиони, со 180 седишта, А321 авиони со 230 седишта и Airbus A321neo авиони со 239 седишта.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Промовирани огласи »

Министрите за внатрешни работи на ЕУ вчера одржаа виртуелен состанок на кој се разговараше, меѓу другото, за постепеното отворање на внатрешните и на надворешните граници на ЕУ, но сѐ уште не е постигнат краен договор, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министрите, како и Европската Комисија, инсистираат дека секое укинување на рестрикциите за патување мора да се носат на координиран начин, посебно помеѓу соседни земји. Земјите членки на ЕУ редовно се координираат за непречено движење на есенцијални стоки и производи како и медицинската опрема.

Што се однесува до граничните рестрикции воведени на почетокот на ситуацијата, европските министри оцениле денеска дека “границите би можеле да бидат постепено повторно отворени почнувајќи од регионите каде е регистриран пад на случаи на болеста”, информираше хрватското претседателство кое го водеше денешниот состанок.

Рокови, меѓутоа, за сега не се поставени, а министрите ќе продолжат да дискутираат интензивно на оваа тема во наредните денови.

Се разговарало и за опцијата за мобилни апликации за следење на контактите, како една од клучните мерки за укинување на рестрикциите.

Повторено е дека без разлика на тоа која апликација се користи, таа мора целосно да ги почитува уредбите од Регулативата на ЕУ за заштита на личните податоци и да се користи на доброволна база. Одредени земји сметаат дека е потребна една единствена апликација, додека други земји веќе имаат воведено свои.

Хрватското претседателство инсистира дека и во овој дел е клучно земјите членки на ЕУ да се координираат во овој дел исто така.

-Координацијата помеѓу земјите членки е исто важно во овој контекст затоа што овие апликации можат да придонесат за олеснување или укинување на граничните контроли и потенцијално за укинување на забраните за влез на надворешните граници на ЕУ, порача хрватското претседателство.

Европската Унија изразува загриженост и за зголемената стапка на сајберкриминалот откако започна кризата, вклучително ширењето на лажни вести, продажба на фалсификувани производи, но и трговијата со др*га, бегалци и мигранти, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Претприемачкото патување на Ели Дангерфилд започна со коментар од неговата мајка за време на семеен одмор во Тајланд кога тој имал 14 години.

“Таа ми рече, замисли си дека можеш да живееш вака секој ден. Тогаш почнав да мислам – сигурно луѓето живеат вака и сè што треба да направам е да најдам начин“, вели тој за news.com.au.

Тој одлучил дека клучот за добар живот е во работата за себе, без потреба од работа во канцеларија и друг да му биде шеф.

Така тој почнал да бара начини за заработка преку интернет, а набрзо се запознал со идејата за продажба на интернет. Денгерфилд ги истражувал онлајн-продавниците и брендовите што имале милионски заработки и одлучил да го следи нивниот пример. Тој почнал да продава квалитетни, но достапни часовници.

“Почнав да разгледувам подлабоко во сите овие онлајн продавници и брендови што создадоа десетици милиони, и си помислив, ако можам да бидам само еден процент паметен како нив, тоа ќе ми го смени животот“, вели тој.

Дангерфилд одлучил да се специјализира во квалитетни, достапни часовници

Тој го лансирал брендот Elmore Lewis (комбинација од неговото средно име и неговиот татко) во 2016 година, на 17-годишна возраст. Набрзо почнал соработка со агенција за рекламирање, но неколку месеци забележувал загуби. До крајот на 2017 година имал само 300 долари на својата сметка и мислел дека бизнисот му пропаднал. Ја откажал соработката со рекламната агенција и одлучил да организира последна распродажба и да ги искористи сите пари за рекламирање.

Таа вечер заработил над 1.200 долари, а следниот ден заработката изнесувала 7.000 долари. Денгерфилд вели дека го направил спротивното од она што го правела маркетинг-агенцијата, односно се рекламирал на места на кои претходно не го правел тоа, а тоа ја направило разликата. Таа недела заработил над 21.000 долари.

Денгерфилд вели дека го заработил првиот милион на 21-годишна возраст

“Сега заработувам 300.000 долари месечно преку мојот лаптоп, од дома. Не мора ниту да станам од креветот ниту да ги соблечам пижамите“, вели тој.

Следни чекори

Дангерфилд сега е фокусиран не само на развивање на сопствениот бизнис, но исто така им помага на другите да започнат бизнис во светот на е-трговијата преку менторство и услуга којашто тој ја нарекува Business in a Box пакет.

Вели дека клучот за започнување бизнис е да се идентификуваат главните можности на пазарот, да се најдат победнички докажани производи за продажба, да се изгради веб-страница на продавница, да се создаде маркетинг и рекламен материјал и видеа и да се постават содржини на социјални медиуми.

Промовирани огласи »

Туристите летово се добредојдени да ја посетат Грција, но мерките за социјална оддалеченост ќе останат на сила за да ги заштитат луѓето од коронавирусот, изјави грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис.

„Ние сакаме луѓето да дојдат во Грција“, рече тој за радио Би-би-си, додавајќи:

„Секако, ќе ја преземеме секоја претпазливост во однос на мерките за патување, за начинот на кој ќе се патува и престојува. Социјалното растојание ќе се применува како мерка додека здравствените власти не одлучат поинаку“, рече Теохарис.

Грчкиот министер за туризам нагласи дека Грција повеќе од 50 години дочекува туристите и земјата сака да ја продолжи традицијата на гостопримството по кое е позната во светот. Тој додаде дека туристите треба да се чувствуваат безбедно во Грција бидејќи се преземаат строги мерки на претпазливост.

Грција е безбедна земја и на многу начини побезбедна, жал ми е што можам да кажам, отколку вашата земја (мислејќи на Велика Британија)“, изјави тој за радио Би-би-си.

Теохарис се надева дека здравствените методи ќе напреднат до почетокот на летото и дека ограничувањата за патувања ќе бидат олабавени.

„Многу е веројатно дека ќе има некои мерки пред и во текот на патувањето“, рече тој, алудирајќи на фактот дека некои туристи ќе мора да поминат задолжително тестирање на коронавирус пред да влезат во одредени земји.

Тагови: туристи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »