Промовирани огласи »

Министрите за внатрешни работи на ЕУ вчера одржаа виртуелен состанок на кој се разговараше, меѓу другото, за постепеното отворање на внатрешните и на надворешните граници на ЕУ, но сѐ уште не е постигнат краен договор, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министрите, како и Европската Комисија, инсистираат дека секое укинување на рестрикциите за патување мора да се носат на координиран начин, посебно помеѓу соседни земји. Земјите членки на ЕУ редовно се координираат за непречено движење на есенцијални стоки и производи како и медицинската опрема.

Што се однесува до граничните рестрикции воведени на почетокот на ситуацијата, европските министри оцениле денеска дека “границите би можеле да бидат постепено повторно отворени почнувајќи од регионите каде е регистриран пад на случаи на болеста”, информираше хрватското претседателство кое го водеше денешниот состанок.

Рокови, меѓутоа, за сега не се поставени, а министрите ќе продолжат да дискутираат интензивно на оваа тема во наредните денови.

Се разговарало и за опцијата за мобилни апликации за следење на контактите, како една од клучните мерки за укинување на рестрикциите.

Повторено е дека без разлика на тоа која апликација се користи, таа мора целосно да ги почитува уредбите од Регулативата на ЕУ за заштита на личните податоци и да се користи на доброволна база. Одредени земји сметаат дека е потребна една единствена апликација, додека други земји веќе имаат воведено свои.

Хрватското претседателство инсистира дека и во овој дел е клучно земјите членки на ЕУ да се координираат во овој дел исто така.

-Координацијата помеѓу земјите членки е исто важно во овој контекст затоа што овие апликации можат да придонесат за олеснување или укинување на граничните контроли и потенцијално за укинување на забраните за влез на надворешните граници на ЕУ, порача хрватското претседателство.

Европската Унија изразува загриженост и за зголемената стапка на сајберкриминалот откако започна кризата, вклучително ширењето на лажни вести, продажба на фалсификувани производи, но и трговијата со др*га, бегалци и мигранти, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Претприемачкото патување на Ели Дангерфилд започна со коментар од неговата мајка за време на семеен одмор во Тајланд кога тој имал 14 години.

“Таа ми рече, замисли си дека можеш да живееш вака секој ден. Тогаш почнав да мислам – сигурно луѓето живеат вака и сè што треба да направам е да најдам начин“, вели тој за news.com.au.

Тој одлучил дека клучот за добар живот е во работата за себе, без потреба од работа во канцеларија и друг да му биде шеф.

Така тој почнал да бара начини за заработка преку интернет, а набрзо се запознал со идејата за продажба на интернет. Денгерфилд ги истражувал онлајн-продавниците и брендовите што имале милионски заработки и одлучил да го следи нивниот пример. Тој почнал да продава квалитетни, но достапни часовници.

“Почнав да разгледувам подлабоко во сите овие онлајн продавници и брендови што создадоа десетици милиони, и си помислив, ако можам да бидам само еден процент паметен како нив, тоа ќе ми го смени животот“, вели тој.

Дангерфилд одлучил да се специјализира во квалитетни, достапни часовници

Тој го лансирал брендот Elmore Lewis (комбинација од неговото средно име и неговиот татко) во 2016 година, на 17-годишна возраст. Набрзо почнал соработка со агенција за рекламирање, но неколку месеци забележувал загуби. До крајот на 2017 година имал само 300 долари на својата сметка и мислел дека бизнисот му пропаднал. Ја откажал соработката со рекламната агенција и одлучил да организира последна распродажба и да ги искористи сите пари за рекламирање.

Таа вечер заработил над 1.200 долари, а следниот ден заработката изнесувала 7.000 долари. Денгерфилд вели дека го направил спротивното од она што го правела маркетинг-агенцијата, односно се рекламирал на места на кои претходно не го правел тоа, а тоа ја направило разликата. Таа недела заработил над 21.000 долари.

Денгерфилд вели дека го заработил првиот милион на 21-годишна возраст

“Сега заработувам 300.000 долари месечно преку мојот лаптоп, од дома. Не мора ниту да станам од креветот ниту да ги соблечам пижамите“, вели тој.

Следни чекори

Дангерфилд сега е фокусиран не само на развивање на сопствениот бизнис, но исто така им помага на другите да започнат бизнис во светот на е-трговијата преку менторство и услуга којашто тој ја нарекува Business in a Box пакет.

Вели дека клучот за започнување бизнис е да се идентификуваат главните можности на пазарот, да се најдат победнички докажани производи за продажба, да се изгради веб-страница на продавница, да се создаде маркетинг и рекламен материјал и видеа и да се постават содржини на социјални медиуми.

Промовирани огласи »

Туристите летово се добредојдени да ја посетат Грција, но мерките за социјална оддалеченост ќе останат на сила за да ги заштитат луѓето од коронавирусот, изјави грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис.

„Ние сакаме луѓето да дојдат во Грција“, рече тој за радио Би-би-си, додавајќи:

„Секако, ќе ја преземеме секоја претпазливост во однос на мерките за патување, за начинот на кој ќе се патува и престојува. Социјалното растојание ќе се применува како мерка додека здравствените власти не одлучат поинаку“, рече Теохарис.

Грчкиот министер за туризам нагласи дека Грција повеќе од 50 години дочекува туристите и земјата сака да ја продолжи традицијата на гостопримството по кое е позната во светот. Тој додаде дека туристите треба да се чувствуваат безбедно во Грција бидејќи се преземаат строги мерки на претпазливост.

Грција е безбедна земја и на многу начини побезбедна, жал ми е што можам да кажам, отколку вашата земја (мислејќи на Велика Британија)“, изјави тој за радио Би-би-си.

Теохарис се надева дека здравствените методи ќе напреднат до почетокот на летото и дека ограничувањата за патувања ќе бидат олабавени.

„Многу е веројатно дека ќе има некои мерки пред и во текот на патувањето“, рече тој, алудирајќи на фактот дека некои туристи ќе мора да поминат задолжително тестирање на коронавирус пред да влезат во одредени земји.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 што е во висина од 8 милиони евра.

Јавниот повик за втората бескаматна линија веќе е објавен, додека аплицирањето започнува денеска. Максималниот износ на кредит за кој може да се аплицира е според формулата - 14.500 денари помножено со 3 месеци помножено со број на вработени

Износот не може да е помал од 184.500 денари и не може да е поголем од 5.535.000 денари. Бројот на вработени треба да е со состојба 31 јануари 2020 година.

Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра. Во овие фирми работат 5.588 вработени.

По структура од вкупно одобрените кредити, 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени. Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра, 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »