Промовирани огласи »

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 што е во висина од 8 милиони евра.

Јавниот повик за втората бескаматна линија веќе е објавен, додека аплицирањето започнува денеска. Максималниот износ на кредит за кој може да се аплицира е според формулата - 14.500 денари помножено со 3 месеци помножено со број на вработени

Износот не може да е помал од 184.500 денари и не може да е поголем од 5.535.000 денари. Бројот на вработени треба да е со состојба 31 јануари 2020 година.

Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра. Во овие фирми работат 5.588 вработени.

По структура од вкупно одобрените кредити, 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени. Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра, 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Промовирани огласи »

Уставните судии не сакале од гладни да станат уште погладни, кажа денеска претседателот на Уставен, Сали Мурати, па одлучија наместо минимална да си земаат цела плата за време на корона кризата. Покрај нив, цела плата ќе добијат и сите државни и локални функционери, министри, директори, пратеници и други. А надоместоци и додатоци ќе си делат во јавниот сектор. За рзлика од нив, без пари ќе останат вработените во СЈО.

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за испитување на законитоста на три владини уредби со законска сила донесени за време на вонредната состојба. Истовремено, донесе времена мерка за стопирање на овие уредби додека не се донесат нови одлуки.

Ова значи дека доколку во меѓувреме не се донесе нова одлука, избраните функционери , судиите и обвинителите, наместо минималната, ќе си ја земат целата плата. Од Уставниот суд не даваат временска рамка кога ќе донесат конечна одлука дали ќе ги поништат, укинат или ќе ги потврдат одлуките на владата. Во пракса, кога уставниот суд поведува постапка тоа вообичаено значи дека се носат одлуки за укинување или поништување, што пак не правило.

Мурати се пожали дека тие биле ставени на милост, а биле разумни луѓе. Вели и дека во услови кога Собранието не работи, тие биле единствените кои ја контролирале Владата, па имале зголемен интензитет на работа, поради што си ги заслужувале целите плати. Уставните судии предложија запирање на скратувањето на платите кај избраните и именуваните функционери, за тие да не тужеле.

За уставните судии не е ниту во ред во Министерството за транспорт и врски да стојат пари кои не се користат, за субвенции за летови на „Визер“, а на Инфективните клиникии да нема пари за опрема. Сметаат дека со уредба може да се земе од тие ставки и да ги префрли во Министерството за здравство.

Во уредбата за СЈО покрај платите, предвидено е и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да може јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Специјалното јавно обвинителство, да може да ги прераспредели на работни места во други Обвинителства. Јовески за Алфа вели дека досега ниту еден вработен од таму не добил ново работно место, а дали им биле пуштени платите не знаеше.

Од Уставниот суд кажаа и дека уште 129 уредби на Владата се оспорени од страна Светскиот македонски конгрес. На одлуките реагираше и Владата, велат со поведената постапка директно се удира на солидорнасота во нашата земја, директно се спречувало обезбедување на околу 240 милиони евра во буџетот за мерки за справување со Ковид 19.

Уставен ќе преиспитува владини уредби: Наместо минималец функционерите, судиите и обвинителите ќе земаат цела плата, СЈО останува без пари

Промовирани огласи »

Според анализата на институтот Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП. Во земјите од регионот најмногу одвоиле за помош на стопанството во Србија, дури 11% од БДП, а во Европа, Германија дури 30,6 отсто од БДП.

Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.

Ова го потврдуваат анализите на унгарскиот институт за економски истражувања Сазадвег. Според анализата, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.

Помалку пари од нас одвоиле само Белорусите, чија држава нема рестриктивни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот. Најмногу одвоиле во Германците, дури 30,6% од БДП.

Промовирани огласи »

Денешните цени се рекордно ниски. Регулаторната комисија за енергетика ги објави малопродажните цени по кои нафтените деривати ќе можат од денеска да се точат на бензинските станици.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4 денари за литар, така што од утре истиот ќе се продава за 42,50 денари за литар. Никогаш пониска во изминатиов период не била ниту цената на мазутот, која што со најновата одлука на регулаторите е намалена 2,178 денари за килограм и од утре ќе се продава по 16,945 денари за килограм.

Од ноќеска на полнок ќе има намалување за 2 и пол денари за литар на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, кој на бензински станици ќе може да се набави по цена од 49,50 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2 денари за литар и со тоа истиот ќе може да купи за 52 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 30,50 денари за литар, односно за три и пол денари помалку во споредба со изминатава недела.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »