Промовирани огласи »

Владата ја зголеми цената на акцизата за нафтените деривати за три денари како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. Средствата од зголемувањето на акцизата ќе одат во Фондот за справување со коронавирусот за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и мерки насочени кон граѓаните.

Од Владата вчера појаснија дека ваквата уредба е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот и за обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби.

Владиниот портпарол Мухамет Хоџа на прес-конференција нагласи дека зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за компаниите и за населението.

– Имајќи предвид дека имаме пад на цената на нафтата од околу 20 денари во период од 1 јануари до 6 април оваа година имаме услови за преземање на ваква мерка, односно зголемување на акцизата за нафтените деривати како антикризна мерка во борба против коронавирусот КОВИД 19, рече Хоџа.

Зголемувањето на акцизата на нафтата, како што истакнаа од Владата, е донесено по претходни консултации со експерти и со сите засегнати страни.

За опозицијата, ваквото зголемување на акцизата е чист грабеж на граѓаните. Ова, оценија вчера од опозицијата, е начин како Владата ќе зема пари од граѓаните за да ја покрие финансиската дупка што е направена во Буџетот.

– Ниската цена на нафтата на светските берзи, власта на СДСМ ја користи за овозможување високи профити на поединци на штета на сиромашниот народ, рече на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Компанијата „Макпетрол“ која стопанисува со нафтени деривати преку соопштение изрази поддршка за одлуката на Владата, но оттаму побараа објаснување што покажуваат анализите за предлогот за зголемување и изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизелот.

Ефектите од ваквиот предлог, според Владата, би биле речиси никакви.

– Екстра лесното гориво е наменето само за лимитирана употреба и законски е забрането за продажба од 15 април, ефектот од таквата мерка би бил скоро никаков, рече владиниот портпарол на вчерашната прес-конференција.

Промовирани огласи »

Пандемијата на коронавирусот му помогна на бизнисот на Нетфликс, кој во првиот квартал од годинава бележи нови 15,8 милиони претплатници, што е најголем квартален раст во историјата на компанијата.

Исто така, Нетфликс, во првите три месеци од 2020 година има приход од 5,77 милијарди долари, што е за 1,25 милијарди повеќе во однос на истот период од лани. Вкупниот број на претплатници во светот е 182 милиона. Најгледани во првиот квартал од годинава се: документарната серија „Tiger King: Murder, Mayhem and Madness“, реалното шоу- „Love Is Blind" и филмот „Spenser Confidential". Во САД е зголемена и продажбата на видео игри, бидејќи Американците се принудени, како и остатокот во светот, да седат дома. Продажбата на видео игри и конзоли се зголеми на 35 отсто и достигна вредност од 1,6 милијарди долари. Ваков раст не е забележан од 2008 година. 

Промовирани огласи »

Како да се добие германски пасош? По правило, странец мора да живее во Германија осум години за да аплицира за државјанство, а во иднина, и искреноста ќе биде важен критериум!

Странците кои при влез во земјата дале неточни имиња или земји на потекло, потешко ќе добијат германско државјанство. Новиот нацарт-закон на германското Министерство за внатрешни работи предлага времето поминато во Германија под лажен идентитет повеќе да не се смета.

Ова е важно бидејќи странците во Германија мора да живеат подолго од осум години за да можат да аплицираат за германски пасош.

Правниот систем кој се сфаќа сериозно, не треба да ги наградува оние што не го почитуваат. Во спротивно, се крши законот, се прави дискриминација на оние што се придржуваат кон законот, а тоа ги поткопува предусловите за неговата ефикасност, се вели во образложението на предлог законот.

Лажат поради ризик од депортација
Како што наведува DW, постојат различни причини за прикривање на вистиснкиот идентитет или потекло. На пример, депортацијата е тешко да се направи доколку лицето нема документи и ако не е позната неговата матична земја. Покрај тоа, шансите барателите на азил да добијат заштита во Германија значително варираат – во зависност од земјата на потекло.

Предлог-законот, исто така, предвидува дека на оние што погрешно се претставуваат нема да им биде дозволено да добијат дозвола за привремен престој или после тоа (неограничена) дозвола за престој, а второто е неопходно за добивање на германско државјанство.

Па така, утврдувањето на идентитетот и државјанство ќе биде задолжителен предуслов за давање дозвола за вселување.

Погодени се и децата на странците
Уште еден пасус што би требало да се промени се однесува на деата на “фалсификаторите на идентитет”. Според сегашниот закон, децата родени во Германија чии родители се странци имаат германски пасош генерално добиен при раѓање – под услов еден од родителите да живее во земјата најмалку осум години.

Ако се утврди дека еден од родителите ги измамил надлежните во врска со неговиот идентитет, децата исто така ќе го загубат германското државјанство. Меѓутоа, ова би требало да се однесува само на деца помали од пет години. Други исклучоци се, на пример, ако еден родител е германски државјанин. Исто така, правило е дека ниту едно дете во Германија не може да биде без државјанство.

Со предлог-законот, исто така, се планира лицата кои добиваат азил или заштита во Германија во согласност со Женевската конвенција за бегалци – по правило, да не смее да имаат повеќе државјанства. Ова се однесува на околу една четвртина од сите баратели на азил во Германија.

Промовирани огласи »

Плата од 64.535 денари нето во февруари годинава земале вработените во секторот компјутерско програмирање. 

48.247 денари изнесувала платата на вработените во секторот информации и комуникации. 

44.922 денари нето плата примале во финансиско - услужни дејности. 

46.452 денари биле платите на вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

70.869 денари нето плата добивале вработените во останати стручни, научни и технички дејности.

27.206 денари била просечната плата во февруари годинава во земјава, објави Државниот завод за статистика. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »