Промовирани огласи »

Како да се добие германски пасош? По правило, странец мора да живее во Германија осум години за да аплицира за државјанство, а во иднина, и искреноста ќе биде важен критериум!

Странците кои при влез во земјата дале неточни имиња или земји на потекло, потешко ќе добијат германско државјанство. Новиот нацарт-закон на германското Министерство за внатрешни работи предлага времето поминато во Германија под лажен идентитет повеќе да не се смета.

Ова е важно бидејќи странците во Германија мора да живеат подолго од осум години за да можат да аплицираат за германски пасош.

Правниот систем кој се сфаќа сериозно, не треба да ги наградува оние што не го почитуваат. Во спротивно, се крши законот, се прави дискриминација на оние што се придржуваат кон законот, а тоа ги поткопува предусловите за неговата ефикасност, се вели во образложението на предлог законот.

Лажат поради ризик од депортација
Како што наведува DW, постојат различни причини за прикривање на вистиснкиот идентитет или потекло. На пример, депортацијата е тешко да се направи доколку лицето нема документи и ако не е позната неговата матична земја. Покрај тоа, шансите барателите на азил да добијат заштита во Германија значително варираат – во зависност од земјата на потекло.

Предлог-законот, исто така, предвидува дека на оние што погрешно се претставуваат нема да им биде дозволено да добијат дозвола за привремен престој или после тоа (неограничена) дозвола за престој, а второто е неопходно за добивање на германско државјанство.

Па така, утврдувањето на идентитетот и државјанство ќе биде задолжителен предуслов за давање дозвола за вселување.

Погодени се и децата на странците
Уште еден пасус што би требало да се промени се однесува на деата на “фалсификаторите на идентитет”. Според сегашниот закон, децата родени во Германија чии родители се странци имаат германски пасош генерално добиен при раѓање – под услов еден од родителите да живее во земјата најмалку осум години.

Ако се утврди дека еден од родителите ги измамил надлежните во врска со неговиот идентитет, децата исто така ќе го загубат германското државјанство. Меѓутоа, ова би требало да се однесува само на деца помали од пет години. Други исклучоци се, на пример, ако еден родител е германски државјанин. Исто така, правило е дека ниту едно дете во Германија не може да биде без државјанство.

Со предлог-законот, исто така, се планира лицата кои добиваат азил или заштита во Германија во согласност со Женевската конвенција за бегалци – по правило, да не смее да имаат повеќе државјанства. Ова се однесува на околу една четвртина од сите баратели на азил во Германија.

Промовирани огласи »

Плата од 64.535 денари нето во февруари годинава земале вработените во секторот компјутерско програмирање. 

48.247 денари изнесувала платата на вработените во секторот информации и комуникации. 

44.922 денари нето плата примале во финансиско - услужни дејности. 

46.452 денари биле платите на вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

70.869 денари нето плата добивале вработените во останати стручни, научни и технички дејности.

27.206 денари била просечната плата во февруари годинава во земјава, објави Државниот завод за статистика. 

Промовирани огласи »

Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Теохарис рече дека една од методологиите е да се прават тестови на оние кои што доаѓаат, а за да го објасни процесот го употреби терминот „здравствен пасош“, што во пракса би значело турист од Германија да се тестира во Германија за Ковид-19 пред да пристигне во Грција.

Меѓутоа, министерот за туризам истакна дека потребно е, а и лично тој притиска Европската унија и Европската комисија, да постои заеднички европски разговор и договор за некој вид на протоколи.

-Ако се согласиме сите, тогаш може тестовите да бидат при влезот, пристигнувајќи на аеродромите и така да имаме многу подобра методологија и помалку проблеми, рече Министерот за туризам на Грција, но истакна дека секако ова е сложено бидејќи „едно е на аеродромите, друго на копнените граници, друго на пристаништата, но во секој случај треба да се најдат реални начин на функционирање.“

Според надлежниот министер, целта на Грција е да се отворат „портите за влез во земјата“, бидејќи како што објасни, туризмот е важен дел од економијата и додаде дека почетно, се фокусираат на јули, август и септември, а долгорочно и на септември и октомври.

Објасни дека постои интерес од странство, повеќе нема откажувања на аранжмани, а тие како Министерство се во континуиран контакт со големите тур оператори за да се наполнат големите хотели.

Она што очекуваат тур операторите е да се договориме околу здравствените процедури, кои ќе бидат тие, за да можеме да создадеме доверба кај гостите, кај посетителите, од една страна, а од друга страна да соопштиме јасен временски период, за кој сме во разговори и со Националната организација за јавно здравје за кога ќе започне соопштувањето на конкретниот временски рок, да можеме да одредиме и конкретен датум за отворање на сезонските хотели, објасни Теохарис.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека туризмот е „едно многу сложено прашање“, за кое е потребно да се најде решение за низа аспекти, како што е на пример транспортот и додаде дека и за оваа тема, како и за останатите што се дел од владиниот план за постепено враќање во нормала, следната седмица, грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис ќе ги информира граѓаните.

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата, во кои се вклучени и новите акцизи.

Денес беше објавено дека акцизите на горивата се зголемуваат за 3.00 денари. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3.12%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 3.50 денари и еден литар од овие горива ќе чини 52.00, односно 54.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 46.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »