Фондацијата на Бил Гејтс ќе потроши милијарди долари за фабрики кои ќе произведуваат вакцини против коронавирусот.

Нашети финансирање може да ги забрза работите. Фондацијата има длабока експертиза за заразни болести, размислувавме за епидемијата и сега веќе финасираме неколку работи, пред се вакцината, истакна Бил Гејтс во емисијата „Дејли шоу„
Основачот на Мајкрософт истакнува дека одделите за тестирање на вакцината се клучни за брзиот развој на вакцината, па според него тоа ќе трае година и пол.
-Вреди да се изгубат неколку милијарди долари заради сериозната ситуација со пандемијата, ние сме спремни и ќе потрошиме неколку милијарди долари, истакна Гејтс.
Смета дека најмалку иште 2 и пол месеца ќе бидат потребни мерките на изолација во САД, заради што ја повика Администрацијата на Трамп да наметне ригорозни мерки на карантин