Промовирани огласи »

Учебната година нема да биде прогласена за завршена по само едно полугодие, порачува Министерството за образование, нагласувајќи дека далечинското учење е задолжително за сите и ваквиот начин на настава ќе се реализира во целост. Оттаму велат дека е изготрвено упатство за тестирање и оценување по електронски пат, што ќе се спроведе наскоро.

Од МОН истакнуваат дека образовниот процес се спроведува формално откако се воведе далечинско учење кое е задолжително.

Учебната година нема да биде ниту прекината, ниту повторена, туку ќе продолжи да се реализира до целосно завршување, соопштиваат од Министерството за образование.

Истовремено, побараа од училиштата да се обезбедат податоци за сите ученици кои потекнуваат од социјално ризични семејства, кои не може да си дозволат комјутери и интернет, со цел да им се помогне и тие еднакво да бидат вклучени во образовниот процес. До сега нема вакви податоци од училиштата, заради што МОН во координација со Министерството за труд и социјална политика ги обезбедува.

Промовирани огласи »

Банките креираа понуди со кои им даваат на граѓаните можност во рок од неколку месеци да не плаќаат кредитни рати. Сепак има граѓани кои реагираа поради тоа што дел од банките ќе наплаќаат камати и во тој период со што излегува дека вкупната сума на задолжувањето се зголемува. Има граѓани кои не ја прифаќаат понудата и само тие треба да ја известат банката ќе продолжат со плаќањето. Останатите не треба да праќаат ништо. Имате рок да известите дека не сакате пролонгирање, па еве адрески каде да го сторите тоа.

Доколку не ги прифаќате олеснувањата кои ги понудија банките во однос на враќањето на својот кредит, на следните линкови до 5. април, односно до 10. април,  можете да се пријавите дека уредно ќе продолжите да си ги плаќате месечните рати.

УНИБанка

http://www.unibank.mk/categories/view/241?fbclid=IwAR2La7iQBlut1Zdlcvb8AJ_ozeEXgqVHj-8DUOoc2zDj1_zy20ScVbdEqSQ

Охридска Банка

[email protected]

ХАЛКБАНК

[email protected]

Стопанска банка Битола

[email protected]

Комерцијална

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2370&lang=1&uc=1

Стопанска Банка

[email protected]

Промовирани огласи »

Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19 објавена во Службен весник бр.80/2020,се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сé со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.

А1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки отсега ќе бидат доставувани по електронски пат.

Сите приватни корисници на А1, кои досега ја немаат активирано услугата Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи активен линк, од каде корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка.  

На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса, односно преку услугата Е-сметка.

Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.

Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.a1.mk и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време.

Корисниците кои веќе ја имаат активирано услугата Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.

Со приемот на електронските сметки, корисниците ги задржуваат истите права и обрски како и претходно.

Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Со вториот пакет мерки на Владата насочени кон надминување и ублажување на последиците од здравствено-економската криза, покрај заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои таа им е потребна, изјави денеска заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар на заедничката прес-конференција во Владата со дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ.

– Владата покажува темелен пристап, кон потребите на различните општетствени сегменти затоа што брзината на закрепнувањето по кризата зависи од мерките преземени за време на кризата. Затоа со вториот пакет мерки, покрај заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои таа им е потребна. Конкретно на лицата кои останеле без работа или биле дел од неформалната економија им овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита преку остварување на правото на минимална гарантирана помош. За да ја добијат оваа помош материјалната необезбедност на лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството, по сите основи сметано од последниот месец наместо досегашните три месеци. Мерката ќе трае два месеца – април и мај, рече заменик министерот Бајрактар.

На ваков начин, според него, се покажува дека системот на социјална заштита е така дизајниран што лесно се прилагодува на потребите на граѓаните, стигнува до оние на кои помошта им е најпотребна, а најранливите членови на заеднаицата ниту во најекстремни услови не се занемарени.

– Затоа предвидовме уште една мерка за поддршка на постоечките корисници на системот за социјална заштита, со која околу 30.000 лица ќе добијат износ од по 1.000 денари енергетски додаток за април и мај. Целта е домаќинствата во ризик да ги пребродат тешкотиите сега за да има можност кога работните процеси ќе се нормализираат и тие да бидат во состојба да се вклучат во активните програми за вработување на пазарот на трудот, истакна Бајрактар.

Дополнителната заменик министерка Шкријељ, пак, се осврна на мерките за заштита на децата кои се најранливи во вакви кризни состојби, при што нагласи дека за да се олесни пристапот до детските права Владата донесе Уредба со која условот за потврда за редовност за исплата на образовниот додаток за трет и четврти мерен период од учебната 2019/2020, претсанува да важи, а тоа значи дека ова право ќе продолжи да важи и да се исплаќа без разлика што не се одржува редовна настава.

– Целта е да се олесни пристапот на семејстрвата без приходи или со ниски приходи до детски права. Ова значи дека околу 17.000 семејства со деца, односно 17.000 деца ќе го добијат ова право на образовен додаток кое изнесува 700 денари по дете во основно училиште и 1.000 во средно. Со цел да се придржуваме до сите препораки на Владата за спречување на вирусот, продолжуваат и сите рокови за поднесување на барања за остварување или обнова на правата како што се еднократна парична помош за новороденче, барање за остравување или продолжување на родителски додаток за трето и четврто дете и тоа за три месеци од денот на истекот на вонредната состојба, рече Шкријељ.

МТСП, додаде таа, секојдневно комуницира со своите корисиници и токму затоа во изминатите период се поделени над 600 пакети со хигиенски продукти за семејствата во субстандардни услови, на што ќе продолжат да работат со подршка на партнерите од агенците на ОН.

На барање на лицата со попреченост се напарави дополнителни ослободувања на слепите лица, лицата кои имаат потреба од придружник на работното место и лицата кои се движат со количка, а со партнерите од ОН, МТСП работи на воспоставување сервис за лицата со попреченост токму на нивно барање.

Заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар ги повика жителите на Шуто Оризари, кои досега не аплицирале за социјална помош, да го сторат тоа, бидејќи со Уредбата на Владата се овозможува тие кои не се внесени во системот Корисник плус, да бидат внесени и да бидат опфатени со гарантирана минимална помош и со енергетскиот додадок.

– Затоа ја донесовме оваа Уредба, за да влезат во системот. Ги повикуваме да аплицираат да им помогнеме, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »