За една недела доколку послужат временските услови ќе се заврши оградната мрежа која што недостига на новиот автопат Миладиновци-Штип. Автопатот е готов според план, останало уште 47 километари во должина да се постави заштитна мрежа.

Ова го потврдил за МИА, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.
Исто така, директорот потврдил дека и последната пречка се отстранува за пуштање на автопатот. Потенцирал дека првично по автопатот ќе се вози со времен режим во близина на натпатникот кај Севи Нииколе кадешто треба да се градат спојници.
Китанов за МИА дообјаснил дека на крајот од минатата година, во декември добиле известување од кинескиот изведувач „Синохидро“ дека автопатот е готов, но оти при надзорот било утврдено дека нема сервисни патишта и оти недостига 35 проценти од заштитната мрежа.
Тој вели дека констатирале дека ја нема како фактура за плаќање.
Се даде казнен налог на Синохидро да ја довршат мрежата. Останата работа за уште седум осум работни дена но тие да бидат без дожд. Надзорот утврди дека не е завршен делот со заштитната мрежа, околу 35 проценти-потенцира Китанов за МИА.
Минатата недела директорот на ЈПДП ја извести јавноста дека за петнаесетина дена би требало да се пушти официјално во употреба автопатот.