Промовирани огласи »

Четири слободни денови за Велигден плус еден за Први мај

За Велигден добиваме 4 дена со викендот, кратко се враќаме на обврските, и потоа Први мај е неработен.

Оваа година во Македонија има многу споени викенди, но губиме неколку неработни денови кои се паѓаат во викенд, а еден од нив беше Бадник, како и Водици.

За Велигден добиваме 4 денасо викендот, кратко се враќаме на обврските, и потоа Први Мај е неработен.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  •  29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  •  4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  •  11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  •  23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  •  8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  •  26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  •  22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  •  1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Папата на 7 мај во Скопје ќе служи света литургија на плоштадот Македонија

Владата ја објави агендата на Папата Франциск, кој ќе престојува во земјава на 7 мај.

Владата ја објави агендата на Папата Франциск, кој ќе престојува во земјава на 7 мај. По официјалниот прием, неговата свеченост, папата Франциск, ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов и со претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се обрати до властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Според агендата, предвидено е Светиот отец да ја посети спомен-куќата на Мајка Тереза во присуство на верските лидери, а подоцна да се сретне и со сиромашните.

Во програмата за апостолското патување на папата Франциск во Северна Македонија, Светиот Отец предвидено е да служи света Литургија на Плоштад Македонија и да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.

Светиот Отец ќе одржи и средба со свештениците и нивните семејства во катедралата, по што ќе се врати во Рим.

Промовирани огласи »

„Алкалоид“ ја прошири програмата за практикантство и на две средни училишта

„Алкалоид“ ја проширува програмата за практикантство и со средните училишта

По успешнoто спроведување на програмите за практикантство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ ја прошири соработката и на средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата денеска потпиша меморандуми за соработка со средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, при што добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на млади, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет и притоа да се има заемна корист, одлучивме да ги отвориме вратите за практична соработка и со средните училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации миленијалци ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и за стекнување нови практични вештини во рамките на реални процеси, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“.

Овој проект е верифициран од Стопанска комора на Македонија и поддржан од управата на Град Скопје

Првиот циклус од програмите за практикантство почна во април 2018 и потоа 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за „Алкалоид“. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу 15 практиканти се очекува да почне со обуката кон средината на јуни.

Промовирани огласи »

Минималците најмногу земаат плата во плико

Плата во плико во 2017 година им е исплатена на 17,8% работници во земјава

Најпогодени се работниците кои земаат минимална плата, односно 62 проценти од вработените кои се осигурени на минимална плата, добиле плата во плико.

„FinanceThink” направи анализи во која се прикажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико, односно плата на рака.

Според анализата најпогодени се работниците кои земаат минимална плата, односно 62 проценти од вработените кои се осигурени на минимална плата, добиле плата во плико. Притоа, во просек, платата во плико изнесува скоро исто колку и формалната плата на сметка.

„Ова укажува дека постојат сектори и занимања кај кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минимална плата, со истовремен формален договор, остатокот од платата да се добива во готовина, се наведува во анализата на „FinanceThink” за квалитетот на живот во 2017 година.

Гледано по занимања, анкетата покажува дека 23,2 проценти од мајсторите во металната, машинската, текстилната и прехранбената струка и 21,5 проценти од вработените во услужните дејности примаат плата во плико. До сличен заклучок се доаѓа и ако платата во плико се набљудува низ призма на секторите на дејствување. Така, платата во плико е најзастапена кај работниците во градежништвото со 28 проценти.

Платата во плико не е карактеристична само за одредена возраст, на вработени, но интересно е тоа што давањето на ваква плата е повеќе застапено кај жените, отколку кај мажите.

Највисоки плати во плико примаат работниците во скопскиот регион, а најмногу плата во плико се исплаќа во Пелагонискиот регион (42 проценти). Висок е и процентот на исплата на плата во плико и во југоисточниот и скопскиот регион.

Платата во плико е плата исплатена во готово врз основа на неформален устен договор меѓу работникот и работодавачот. Со ваквото исплаќање на платата, работодавачите заштедуваат во износот на даноци и социјални придонеси што се плаќаат во државата.

Според „FinanceThink”, решавањето на овој проблем бара долгорочен напор насочен кон градење договор меѓу државата, работодавачите и работниците, а за да се намали и искорени оваа појава потребни се мерки на казнивост и мерки на мотивација и едукација.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »