Промовирани огласи »

Папата на 7 мај во Скопје ќе служи света литургија на плоштадот Македонија

Владата ја објави агендата на Папата Франциск, кој ќе престојува во земјава на 7 мај.

Владата ја објави агендата на Папата Франциск, кој ќе престојува во земјава на 7 мај. По официјалниот прием, неговата свеченост, папата Франциск, ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов и со претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се обрати до властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Според агендата, предвидено е Светиот отец да ја посети спомен-куќата на Мајка Тереза во присуство на верските лидери, а подоцна да се сретне и со сиромашните.

Во програмата за апостолското патување на папата Франциск во Северна Македонија, Светиот Отец предвидено е да служи света Литургија на Плоштад Македонија и да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.

Светиот Отец ќе одржи и средба со свештениците и нивните семејства во катедралата, по што ќе се врати во Рим.

Промовирани огласи »

„Алкалоид“ ја прошири програмата за практикантство и на две средни училишта

„Алкалоид“ ја проширува програмата за практикантство и со средните училишта

По успешнoто спроведување на програмите за практикантство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ ја прошири соработката и на средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата денеска потпиша меморандуми за соработка со средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, при што добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на млади, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет и притоа да се има заемна корист, одлучивме да ги отвориме вратите за практична соработка и со средните училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации миленијалци ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и за стекнување нови практични вештини во рамките на реални процеси, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“.

Овој проект е верифициран од Стопанска комора на Македонија и поддржан од управата на Град Скопје

Првиот циклус од програмите за практикантство почна во април 2018 и потоа 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за „Алкалоид“. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу 15 практиканти се очекува да почне со обуката кон средината на јуни.

Промовирани огласи »

Минималците најмногу земаат плата во плико

Плата во плико во 2017 година им е исплатена на 17,8% работници во земјава

Најпогодени се работниците кои земаат минимална плата, односно 62 проценти од вработените кои се осигурени на минимална плата, добиле плата во плико.

„FinanceThink” направи анализи во која се прикажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико, односно плата на рака.

Според анализата најпогодени се работниците кои земаат минимална плата, односно 62 проценти од вработените кои се осигурени на минимална плата, добиле плата во плико. Притоа, во просек, платата во плико изнесува скоро исто колку и формалната плата на сметка.

„Ова укажува дека постојат сектори и занимања кај кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минимална плата, со истовремен формален договор, остатокот од платата да се добива во готовина, се наведува во анализата на „FinanceThink” за квалитетот на живот во 2017 година.

Гледано по занимања, анкетата покажува дека 23,2 проценти од мајсторите во металната, машинската, текстилната и прехранбената струка и 21,5 проценти од вработените во услужните дејности примаат плата во плико. До сличен заклучок се доаѓа и ако платата во плико се набљудува низ призма на секторите на дејствување. Така, платата во плико е најзастапена кај работниците во градежништвото со 28 проценти.

Платата во плико не е карактеристична само за одредена возраст, на вработени, но интересно е тоа што давањето на ваква плата е повеќе застапено кај жените, отколку кај мажите.

Највисоки плати во плико примаат работниците во скопскиот регион, а најмногу плата во плико се исплаќа во Пелагонискиот регион (42 проценти). Висок е и процентот на исплата на плата во плико и во југоисточниот и скопскиот регион.

Платата во плико е плата исплатена во готово врз основа на неформален устен договор меѓу работникот и работодавачот. Со ваквото исплаќање на платата, работодавачите заштедуваат во износот на даноци и социјални придонеси што се плаќаат во државата.

Според „FinanceThink”, решавањето на овој проблем бара долгорочен напор насочен кон градење договор меѓу државата, работодавачите и работниците, а за да се намали и искорени оваа појава потребни се мерки на казнивост и мерки на мотивација и едукација.

Промовирани огласи »

Стресно ви е на работа: Има начин како да ја победите таквата средина

Стресот, позитивната енергија, па дури и главоболка можете да надминете со . . . 🎧🎼👇

Музичката терапија е една од најстарите методи на лекување и се користи во многу древни цивилизации.

Многу оддамна е познато дека со помош на музиката може да предизвикаш радост, да се ублажи болката и дури да излекуваш некои видови на сериозни заболувања.

Во древниот Египет, несоницата била третирана со хорско пеење и ослободување од болка. Докторите на древна Кина, дури испратиле музички мелодии како рецепт, верувајќи дека музиката може да ги излечи сите болести. Големиот математичар и научник Питагора предложил да се користи музика против гнев, бес, заблуди и пасивност на душата. Неговиот следбеник Платон верувал дека музиката ја враќа хармонијата на сите процеси во телото и во универзумот. Авицена ефикасно користел музика за третман на ментално болни луѓе. Музиката може да го зголеми или намали крвниот притисок, може да влијае и на централниот нервен систем, да влијае на длабочината на дишењето, ритамот на срцевите контракции, да влијае позитивно врз депресивни состојби и речиси сите витални процеси.

Т.н. "музичката терапија" успешно се користи за помагање на луѓе дијагностицирани со аутизам.

Покрај тоа, со специјални експерименти, научниците  откриваат и влијание на музиката врз растот на водата и растенијата.

Музиката, како ниеден друг фактор, ни помага да ги надминеме тешкотиите во животот. Музиката може да создаде добро расположение, ја подобрува емоционалната состојба, а исто така и да ве наполни со енергија за целиот ден или да ве опушти на крајот од работниот ден. Во утринските часови, интуитивно луѓето претпочитаат да слушаат рекреативни и ритмички мотиви кои конечно ќе ги натераат да се разбудат и да се спремат за секојдневните задачи.

Бавните мелодии се посоодветни за вечерта, придонесувајќи за релаксација, одмор и балансирање. Опуштената музика пред спиење е одличен лек за несоница.

Добро е познато дека музиката на Моцарт помага да се намали стресот и да се контролираат емоциите. Лично, Шопен е многу релаксирачки. Откријте кои се вашите класици и искористете ја моќта на класичната музика за да се релаксирате.

Работата исто така знае многупати да биде стресна. Зависно од вашата професија и вие можеби се соочувате со стресна околина, па затоа кога и да имате можност пуштете си ја омилената музика и олабавете се.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »