Промовирани огласи »

Зошто не сте биле поканети за вториот круг

Побарувањата за работа се полни со фрустрации, но ништо не е по досадно од постојано заглавување на истата точка во процесот на интервју. Без разлика дали имате проблем да го свртите вниманието на менаџерот за вработување на прво место, или потешкотии да се истакнете и да ја добиете понудата.

Може да биде уште поголем предизвик кога не сте избрани за второ интервју, иако мислевте дека сте дале сe од себе.

Но, пред да размислите за можните погрешни чекори, важно е да се знае дека има многу причини зошто можеби не добиле второ интервју кое нема никаква врска со вас. Некои од тие причини се:

  • Потребите на работодавачот можеби се промениле;
  • Можеби не сте вие кадарот што тие очекуваа;
  • Менаџерот за вработување можеби тајно има некој друг во умот;

Но, тоа што вие самите може да го го контролирате и да го имате на ум за успешно да поминете на првото интервју е пред се да бидете искрени. Секогаш кажувајте ја вистинската приказна за вас, секогаш пратете белешка за благодарност откако ќе ви заврши интерјуто, следете ги насоките на инструкторот, немојте да бидете премногу напорни, напишете ги во вашето CV само тие странски јазици кои вистински ги знаете.

И секогаш имајте го ова на ум, без разлика како сте поминале на интервју, заблагодарете им се за своето време и продолжете понатаму.

Промовирани огласи »

Од почетокот на епидемијата на морбили во Скопје од месец декември до сега, се регистрирани околу 900 лица заболени од ситни сипаници на целата територија на земјава.

Најголемиот број на регистрирани лица со морбили се регистрирани во Институтот за јавно здравје во Скопје, но има и регистрирани пациенти со мали сипаници и во останатите центри за јавно здравје во внатрешноста на Северна Македонија.

Од заболените лица дел се вакцинирани со две дози, а дел се невакцинирани или делумо вакцинирани, односно со само една доза на МРП вакцина.

Задолжителната вакцина останува како најглавна метода за заштита од ситни сипаници, и најдобра заштита. Меѓутоа со прогласувањето на епидемијата на цела држава министерот за здравство Венко Филипче изјави дека, во септември нема да се примаат невакцинирани деца ниту во училиште. 

Останува мерката за заштита на децата во градинката, со тоа што сеуште е забрането да се примаат деца во градинка коишто не се вакцинирани.

Промовирани огласи »

Знаеме дека профитот за работодавците е како Светиот грал. Нема нешто на кое не се подготвени да направат за него. За да се дојде до него се потребни голем број на муштерии, па од таа причина нели тие се на прво место.

Колку позадоволни се тие, толку повеќе посетувања, профит и широка насмевка кај работодавецот.

Оу, чекај, а што е со услугата на муштериите? Кој ги услужува нив? За малку ќе заборавев. Вработените во локалот.

Без нив џабе постојат услугите. Џабе има кафемати, состојки за најсовршеното бразилско кафе да биде направено, џабе сè. Нема кој да направи, нема кој да го однесе кафето до муштеријата. Нема услуга, нема профит. Ништо од насмевките.

А што кога не му е денот на некој вработен? Кога не е задоволен од дневницата од петстотини денари за кои работи онолку колку ќе наложи неговиот „газда“? Кога ќе отиде со смуртено лице да го послужи кафето, кога безволно ќе го остави на маса и ќе се врати до шанкот да одмори потпрен на него барем минута додека не се насобрала втората рунда гужва? Ако не е задоволен има некој што ќе се задоволи за тие примања.

Има некој кој ќе дојде од провинција каде максимумот на дневницата изнесува дури 300 денари, па среќен што наишол на подобро платена работа ќе прифати да работи на местото на овој што едвај крпел за крај со крај да истера месецот.

И се така во круг, генерациски. На туѓ грб работодавецот со минимум плати и некое минимално бонусче за сабота и недела колку да биде во согласност со законот и да не му се затвори локалот ќе заработува преку сиромаштијата на народот. 

И не, никогаш нема да стигнат вработените да бидат на пиедесталот каде заслужуваат да се најдат за перфектно завршената работа, а камоли да бидат наградени за дуплиот профит за кој тие се „виновни“ затоа што муштериите „се“ на прво место.

Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека дефектот на ул Димо Хаџи Димов во населба Кисела Вода е.
саниран, водоснабдувањето е нормализирано во 20:40 часот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »