Промовирани огласи »

Од почетокот на епидемијата на морбили во Скопје од месец декември до сега, се регистрирани околу 900 лица заболени од ситни сипаници на целата територија на земјава.

Најголемиот број на регистрирани лица со морбили се регистрирани во Институтот за јавно здравје во Скопје, но има и регистрирани пациенти со мали сипаници и во останатите центри за јавно здравје во внатрешноста на Северна Македонија.

Од заболените лица дел се вакцинирани со две дози, а дел се невакцинирани или делумо вакцинирани, односно со само една доза на МРП вакцина.

Задолжителната вакцина останува како најглавна метода за заштита од ситни сипаници, и најдобра заштита. Меѓутоа со прогласувањето на епидемијата на цела држава министерот за здравство Венко Филипче изјави дека, во септември нема да се примаат невакцинирани деца ниту во училиште. 

Останува мерката за заштита на децата во градинката, со тоа што сеуште е забрането да се примаат деца во градинка коишто не се вакцинирани.

Промовирани огласи »

Знаеме дека профитот за работодавците е како Светиот грал. Нема нешто на кое не се подготвени да направат за него. За да се дојде до него се потребни голем број на муштерии, па од таа причина нели тие се на прво место.

Колку позадоволни се тие, толку повеќе посетувања, профит и широка насмевка кај работодавецот.

Оу, чекај, а што е со услугата на муштериите? Кој ги услужува нив? За малку ќе заборавев. Вработените во локалот.

Без нив џабе постојат услугите. Џабе има кафемати, состојки за најсовршеното бразилско кафе да биде направено, џабе сè. Нема кој да направи, нема кој да го однесе кафето до муштеријата. Нема услуга, нема профит. Ништо од насмевките.

А што кога не му е денот на некој вработен? Кога не е задоволен од дневницата од петстотини денари за кои работи онолку колку ќе наложи неговиот „газда“? Кога ќе отиде со смуртено лице да го послужи кафето, кога безволно ќе го остави на маса и ќе се врати до шанкот да одмори потпрен на него барем минута додека не се насобрала втората рунда гужва? Ако не е задоволен има некој што ќе се задоволи за тие примања.

Има некој кој ќе дојде од провинција каде максимумот на дневницата изнесува дури 300 денари, па среќен што наишол на подобро платена работа ќе прифати да работи на местото на овој што едвај крпел за крај со крај да истера месецот.

И се така во круг, генерациски. На туѓ грб работодавецот со минимум плати и некое минимално бонусче за сабота и недела колку да биде во согласност со законот и да не му се затвори локалот ќе заработува преку сиромаштијата на народот. 

И не, никогаш нема да стигнат вработените да бидат на пиедесталот каде заслужуваат да се најдат за перфектно завршената работа, а камоли да бидат наградени за дуплиот профит за кој тие се „виновни“ затоа што муштериите „се“ на прво место.

Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека дефектот на ул Димо Хаџи Димов во населба Кисела Вода е.
саниран, водоснабдувањето е нормализирано во 20:40 часот.

Промовирани огласи »

За токсичните работни средини често се обвинуваат менаџерите, бидејќи политиките и ставовите на компанијата започнуваат од врвот. Некои јасни знаци на дисфункционална работна средина вклучуваат борби меѓу раководството, недостаток на транспарентност и висок промет на вработените, според неодамнешниот извештај на Марш и Мекланан.

Но, додека менаџерите и супервизорите имаат рака во слаби работни култури, тие не се единствените што се обвинуваат, според неодамнешниот извештај на Signs.com. Истражувањето на повеќе од 800 професионалци покажа дека однесувањето на вработените е најмногу иритирачко за шефовите.

Еве ги 10-те најнеподносливи однесувања на вработените на работното место, според извештајот:

  1. Хронично задоцнување (90%)
  2. Злоупотреба на правото на боледување (86%)
  3. Употреба на дрога или алкохол на работа (85%)
  4. Користење сметки на компанијата за лична употреба (84%)
  5. Несоодветен тон меѓу работниците (84%)
  6. Романтични гестови кон менаџментот или другите вработени (83%)
  7. Допуштајќи друг вработен да падне за лични грешки (81%)
  8. Трошејќи премногу време на социјалните медиуми (80%
  9. Преземање лични повици премногу често (77%)
  10. Кажувајќи несоодветни шеги (76%)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »