Промовирани огласи »

Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6% пораст на годишно ниво, додека на Аеродромот Св. Апостол Павле Охридопслжени беа 26.397 патници, што е 63,9% годишен пораст.

Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници наМеѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Скопскиот аеродром ја забележа очекуваната стапка на пораст од 5,6%, што ќе биде и повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен отворени во март оваа година, како и Ларнака и Турку, кои што ќе бидат отворени во јули 2019 година. На охридскиот аеродром забележавме неверојатен пораст во бројот на патници од 64%, како резултат на трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018 година, Малме и Милано - во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе се отворат ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгарт и Дизелдорф, очекуваме да ја одржиме високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид, притоа постигнувајќи нови рекорди. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела во областа на воздухопловството, ќе продолжи да работи на развој на мрежата на авиолинии на двата аеродрома.Во исто време, задоволството на патниците ќе остане како еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистичките податоци за патнички сообраќај на ТАВ Македонија, од јануари до март 2019 година, најфреквентните дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул со 10,9% пазарен удел, Цирих (7,5% пазарен удел), Базел (5,7% пазарен удел), Малме (4,9% пазарен удел), Виена (4,8% пазарен удел), Меминген (3,6% пазарен удел).   

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 67,4% пазарен удел, а потоа следуваат Turkish Airlines со 8,4%, Germania Flug со 4,8%, Austrian Airlines со 4,7%,  Edelweiss – 2,6%, Pegasus Airlines со 2,5%.

Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, до кои сообраќаат 13 авиокомпании.На Aеродромот Св. Апостол ПавлеОхрид во моментов 11 авиокомпании опслужуваат 5 редовни и 8 сезонски дестинации.

ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Промовирани огласи »

Грантови на ФИТР и за приватни здравствени фондови

Иновативните компании со побрз раст на платите 👇

За 15 проценти побрз раст имаат иновативните од неиновативните компании, но имаат и побрз раст на платите.

Ова станува јасно од денешната инфо сесија одржана од страна на Фондот за иновации и Сојузот на стопански комори.

На оваа инфо сесија беше кажано дека и приватни здравствени установи ќе може да аплицираат за грантови од повиците на Фондот за микро, мали и средни претпријатија.

Иновативните компании се подобри и во однос на продуктивноста и конкурентноста а имаат и побрз раст на платите.

Вториот повик на ФИТР беше објавен неодамна а вкупниот износ на средствата од него се 5 милиони евра обезбедени од ФИТР и партнерот Светска банка.

Ако имате иновативна идеја или производ имајте на ум дека повикот е отворен до 15 мај.

Промовирани огласи »

КАДЕ ГРЕШИМЕ: Вака работното место ги комплицира нашите навики во исхраната

Не преговарајте со себе, туку бидете строги! 🙂🤗🤨

Се повеќе и повеќе луѓе почнуваат да се интересираат за храната што ја консумираат секојдневно. Гледаме на неа на начин непознат за претходните генерации - сметаме калории, пресметуваме јаглехидрати и ги проучуваме микроелементите и нивниот однос помеѓу нашето физичко и ментално здравје. Ние ја тестираме нашата врска со храната на различни нивоа, пробувајќи разни диети и начини на исхрана.

Без разлика на вашите навики во исхраната, канцеларијата може да биде тешко место за практикување на дисциплина во овој поглед. Прво, затоа што нашите колеги честопати можат да бидат премногу заинтересирани за тоа што јадеме и како јадеме, што, сосема искрено, е доста досадно. Прашања како "Се подготвуваш за лето?", "Зарем нема да јадеш со нас?" И така натаму.

Второ, работните простори во повеќето случаи изобилуваат со производи кои речиси сите се обидуваме да ги избегнуваме. Да не зборуваме за деновите кога некој колега слави роденден или има друг пријатен повод во канцеларијата - торта, бонбони, колачи и слатки се во состојба да го уништат секој режим на исхрана. 

Затоа најдобра опција е да го правите вашиот "хранлив избор" ден за ден, оставајќи си пример само еден ден од седмицата, во кој ќе консумирате храна со висока содржина на шеќер. И, се разбира - не преговарајте со себе, туку бидете строги!

Третата причина поради која нашиот однос со храната е потежок за управување од работното место, е поради "наградата" која ја добиваме кога ја конзумираме. Имено - го прави нашиот работен ден попријатен на невролошко и ментално ниво.

Промовирани огласи »

Праведно ли е: Жените помалку платени од мажите

Дури и на исти работни позиции жените со помали плати од мажите .. треба ли да се промени нешто во однос на ова што мислите Вие? 🤔

Не само во Македонија, општо во светот жените земаат помали плати од мажи. Од Балканот единствено само Словенија може да се пофали со најмал јаз во платите.

Кај нас пак јазот изнесува околу 20 проценти а разлики се најдени дури и во исти сектори и на исти позиции.

Тоа го покажува најновата анализа на меѓународната организација на трудот според која јазот на примањата наместо да оди во ниво кое ќе биде еднаков тој се продлабочува.

Според експертите овој проблем најмногу се должи на конзеравтивните размислувања за улогата на жената во општеството а дел од истражувањето покажало дека жените наоѓаат работа на помалку платени работни позиции.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »