Промовирани огласи »

Праведно ли е: Жените помалку платени од мажите

Дури и на исти работни позиции жените со помали плати од мажите .. треба ли да се промени нешто во однос на ова што мислите Вие? 🤔

Не само во Македонија, општо во светот жените земаат помали плати од мажи. Од Балканот единствено само Словенија може да се пофали со најмал јаз во платите.

Кај нас пак јазот изнесува околу 20 проценти а разлики се најдени дури и во исти сектори и на исти позиции.

Тоа го покажува најновата анализа на меѓународната организација на трудот според која јазот на примањата наместо да оди во ниво кое ќе биде еднаков тој се продлабочува.

Според експертите овој проблем најмногу се должи на конзеравтивните размислувања за улогата на жената во општеството а дел од истражувањето покажало дека жените наоѓаат работа на помалку платени работни позиции.

Промовирани огласи »

Казна ако возите велосипед без да поседувате одредена опрема

Aко сте љубители на возење на велосипед морате да поседувате одредена опрема, пред се за ваша безбедност. Во спротивно, можете да добиете казна.

И ако сте љубители на возење на велосипед или едноставно ако сакате да се рекреирате на тој начин, морате да поседувате одредена опрема, пред се за ваша безбедност. Во спротивно, можете да добиете казна.

Опрема за велосипед и велосипед со помошен мотор

– Светло за осветлување на патот и обележување на возилото

Едно светло за осветлување на патот на велосипеди  и на велосипеди со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на возилото. Светлината што ја дава светлото од став 1 на овој член треба да биде во бела боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.

Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на задната страна на возилото.  Оддалеченоста  на  светлечката  површина  на  светлото  од  став 3   на овој  член  по површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.  Светлото може да биде поставено со катадиоптер.

– Катадиоптери на велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Еден   катадиоптер во црвена боја  на велосипедите  и на велосипедите  со  помошен мотор  треба  да   биде  вграден  и  поставен  на  задната  страна  на  возилото, а по  еден катадиоптер во жолта или портокалова боја – на секоја страна на педалот (од предната и задната страна). Оддалеченоста на рефлектирачката  површина на катадиопетерот со црвена боја  на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.

Рефлектирачката   површина  на катадиоптерот  во црвена  боја  на задната страна на возилото треба да биде најмалку осум cm. На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што рефлектираат светлина во бела или жолта боја.

– Сопирачки на велосипед и велосипед со помошен мотор

Сопирачките на велосипеди и велосипеди со помошен мотор треба да бидат вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што да  се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да биде рачна.

– Механичко или електрично ѕвонче

Механичкото    или   електричното    ѕвонче   на велосипедите    и  велосипедите    со  помошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремени овие возилата е:

– брзиномер;

– циклокомпјутер и пулсметар;

– носач или ногарки за потпирање;

– пумпа, алат и прибор;

– калници;

– бидони и држач за бидони;

– багажник;

– кошница;

– клучалка, сајла со катинар;

– торбичка за ставање на резервен алат и

– седиште за деца.

Промовирани огласи »

Дали Град Скопје ќе ја врши дистрибуцијата на парно од новата грејна сезона?

Сепак фирмата која беше формира за таа намена функционира, има 11 вработени кои примаат плата.

Дали Град Скопје ќе ја врши дистрибуцијата на парно од новата грејна сезона? Владата се уште нема одлука. Лани градоначалникот Шилегов иако на големо најавуваше дека оваа фунцкија ќе ја преземе Градот во тоа не упспеа. Но фирмата која беше формирана за таа намена функционира, има вработени кои земаат плата.

Дали од октомври скопјани ќе  добиваат греење од Град Скопје? Владата сеуште без одлука. Барањето за добивање на топловодната мрежа кое градските власти го испратиле до Владата уште во февруари, не е разгледано.

Надлежните велат дека одлуката допрва треба да ги пројде сите владини филтри па потоа да биде соопштено дали во новата грејна сезобна оваа функција ќе оди во рацете на Градот.

Минатата година градоначалникот Шилегов наголемо најавуваше дека град скопје оваа грејна сезона ќе  ја врши дистрибуцијата, но не успеа во тоа. Сепак фирмата која беше формира за таа намена функционира, има 11 вработени кои примаат плата.  Од градот објаснија дека овие лица главно  работат на документацијата за добивање на лиценца за преземање на толоводната мрежа и на идејни решенија за изградба на гасоводна, во деловите од општините кои не се опфатени со топловодна мрежа.

Експертите неколку пати предупредија дека ако мрежата одите ка градот може да дојде до поскапување на парното

Град Скопје пак се одлучи на овој чекор со образложение дека со новиот закон за енергерика една иста компанија не може да врши производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Инаку лиценцата на БЕГ за дистрибуција со топлинска енергија е со рок од 35 години.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца

11 од нив завршиле на суд а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра.

Годинава 20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека 11 од нив завршиле на суд а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра. 

Во земјата се уште е на сила забраната за прием на деца во градинки а министерот за здравство најави дека нема да дозволи во мај да бидат запишани првачиња кои не се вакцинирани. За разлика од кај нас, во соседна Србија размислуваат за ригорозни мерки во делот на вакцинација. Министри и политичари дебатираат дали треба да одземаат родителски права доколку децата не ги примиле неопходните вакцини. Имаат дури и случаи во здравствени установи каде матични педијатри ги враќаат картоните на невакцинираните пациенти.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »