Промовирани огласи »

Грантови на ФИТР и за приватни здравствени фондови

Иновативните компании со побрз раст на платите 👇

За 15 проценти побрз раст имаат иновативните од неиновативните компании, но имаат и побрз раст на платите.

Ова станува јасно од денешната инфо сесија одржана од страна на Фондот за иновации и Сојузот на стопански комори.

На оваа инфо сесија беше кажано дека и приватни здравствени установи ќе може да аплицираат за грантови од повиците на Фондот за микро, мали и средни претпријатија.

Иновативните компании се подобри и во однос на продуктивноста и конкурентноста а имаат и побрз раст на платите.

Вториот повик на ФИТР беше објавен неодамна а вкупниот износ на средствата од него се 5 милиони евра обезбедени од ФИТР и партнерот Светска банка.

Ако имате иновативна идеја или производ имајте на ум дека повикот е отворен до 15 мај.

Промовирани огласи »

КАДЕ ГРЕШИМЕ: Вака работното место ги комплицира нашите навики во исхраната

Не преговарајте со себе, туку бидете строги! 🙂🤗🤨

Се повеќе и повеќе луѓе почнуваат да се интересираат за храната што ја консумираат секојдневно. Гледаме на неа на начин непознат за претходните генерации - сметаме калории, пресметуваме јаглехидрати и ги проучуваме микроелементите и нивниот однос помеѓу нашето физичко и ментално здравје. Ние ја тестираме нашата врска со храната на различни нивоа, пробувајќи разни диети и начини на исхрана.

Без разлика на вашите навики во исхраната, канцеларијата може да биде тешко место за практикување на дисциплина во овој поглед. Прво, затоа што нашите колеги честопати можат да бидат премногу заинтересирани за тоа што јадеме и како јадеме, што, сосема искрено, е доста досадно. Прашања како "Се подготвуваш за лето?", "Зарем нема да јадеш со нас?" И така натаму.

Второ, работните простори во повеќето случаи изобилуваат со производи кои речиси сите се обидуваме да ги избегнуваме. Да не зборуваме за деновите кога некој колега слави роденден или има друг пријатен повод во канцеларијата - торта, бонбони, колачи и слатки се во состојба да го уништат секој режим на исхрана. 

Затоа најдобра опција е да го правите вашиот "хранлив избор" ден за ден, оставајќи си пример само еден ден од седмицата, во кој ќе консумирате храна со висока содржина на шеќер. И, се разбира - не преговарајте со себе, туку бидете строги!

Третата причина поради која нашиот однос со храната е потежок за управување од работното место, е поради "наградата" која ја добиваме кога ја конзумираме. Имено - го прави нашиот работен ден попријатен на невролошко и ментално ниво.

Промовирани огласи »

Праведно ли е: Жените помалку платени од мажите

Дури и на исти работни позиции жените со помали плати од мажите .. треба ли да се промени нешто во однос на ова што мислите Вие? 🤔

Не само во Македонија, општо во светот жените земаат помали плати од мажи. Од Балканот единствено само Словенија може да се пофали со најмал јаз во платите.

Кај нас пак јазот изнесува околу 20 проценти а разлики се најдени дури и во исти сектори и на исти позиции.

Тоа го покажува најновата анализа на меѓународната организација на трудот според која јазот на примањата наместо да оди во ниво кое ќе биде еднаков тој се продлабочува.

Според експертите овој проблем најмногу се должи на конзеравтивните размислувања за улогата на жената во општеството а дел од истражувањето покажало дека жените наоѓаат работа на помалку платени работни позиции.

Промовирани огласи »

Казна ако возите велосипед без да поседувате одредена опрема

Aко сте љубители на возење на велосипед морате да поседувате одредена опрема, пред се за ваша безбедност. Во спротивно, можете да добиете казна.

И ако сте љубители на возење на велосипед или едноставно ако сакате да се рекреирате на тој начин, морате да поседувате одредена опрема, пред се за ваша безбедност. Во спротивно, можете да добиете казна.

Опрема за велосипед и велосипед со помошен мотор

– Светло за осветлување на патот и обележување на возилото

Едно светло за осветлување на патот на велосипеди  и на велосипеди со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на возилото. Светлината што ја дава светлото од став 1 на овој член треба да биде во бела боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.

Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на задната страна на возилото.  Оддалеченоста  на  светлечката  површина  на  светлото  од  став 3   на овој  член  по површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.  Светлото може да биде поставено со катадиоптер.

– Катадиоптери на велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Еден   катадиоптер во црвена боја  на велосипедите  и на велосипедите  со  помошен мотор  треба  да   биде  вграден  и  поставен  на  задната  страна  на  возилото, а по  еден катадиоптер во жолта или портокалова боја – на секоја страна на педалот (од предната и задната страна). Оддалеченоста на рефлектирачката  површина на катадиопетерот со црвена боја  на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.

Рефлектирачката   површина  на катадиоптерот  во црвена  боја  на задната страна на возилото треба да биде најмалку осум cm. На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што рефлектираат светлина во бела или жолта боја.

– Сопирачки на велосипед и велосипед со помошен мотор

Сопирачките на велосипеди и велосипеди со помошен мотор треба да бидат вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што да  се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да биде рачна.

– Механичко или електрично ѕвонче

Механичкото    или   електричното    ѕвонче   на велосипедите    и  велосипедите    со  помошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремени овие возилата е:

– брзиномер;

– циклокомпјутер и пулсметар;

– носач или ногарки за потпирање;

– пумпа, алат и прибор;

– калници;

– бидони и држач за бидони;

– багажник;

– кошница;

– клучалка, сајла со катинар;

– торбичка за ставање на резервен алат и

– седиште за деца.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »