Промовирани огласи »

Од јули поевтин роаминг во регионот, од 2021 се укинува

Цените на роамингот постепено ќе се намалуваат и од 2021 година ќе станат како домашните.

Цените на услугите во роаминг  помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од јули годинава ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.

Договорот што ресорните министри го потпишаа на Вториот дигитален самит за Западен Балкан е предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Идната недела посебно регулаторно тело треба да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година. Регулаторите и  телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

– Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави по потпишувањето на договорот министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Според еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, потпишувањето на договорот за бесплатен роаминг во Западен Балкан е значаeн поттик за регионалната соработка.

– Цените на роамингот постепено ќе се намалуваат и од 2021 година ќе станат како домашните. Потпишувањето на Договпрот ја покажува силната политичка волја во насока на  регионалната дигитализација, рече Габриел.

За Мајлинда Брегу, генерален секретар на Советот за регионална соработка (СРС), зад договорт стојат подготвеност и  лидерство на политичарите од регионот со поддршка на ЕУ.

– Договорот е цел кон којашто сме насочени сите, а тоа е европската перспектива, рече Брегу.

Со потпишување на регионалниот договор за роамингот,  владите во регионот испратија јасна порака на посветеност на европските вредности и подготвеност да ги воведат на патот на интеграција во Европската Унија.

СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, го олеснуваше целиот тригодишен процес на преговорите меѓу земјите од Балканот меѓу кои и Северна Македонија, со цел да се дојде до крајниот резултат, постепено целосно укинување на тарифите за мобилна комуникација.

Податоците на СРС покажуваат дека повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе.

Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата.

Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако кога стапи во сила третато намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Минута разговор дојдовен повик сега чини 11,6 денари, а пред три години изнесуваше 67,9 денари, за СМС порака сега се плаќа 3,7 денари, за разлика од старата цена од 12,3 проценти. Во септември 2014 година во Будва беше потпишан договор зџа заедничко намалување ма роаминг цените помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Кон регионалната иницијатива минатата година се приклучија и Албанија и Косово.

Македонците очекуваат пониски цени  во роаминг и со Грција, што во делот на податочниот сообраќај треба да се реализира од летната сезона, како што беше најавено по потпишувањето на Меморандумот за соработка на министерот Манчевски со неговиот  грчки колега Никос Папас.

Промовирани огласи »

Се најавува нов раст на минималната плата

Владата останува на идејата годинава уште еднаш да ја покачи минималната плата, откако веќе беше зголемена на 12 илјади денари пред година и половина.

Владата останува на идејата годинава уште еднаш да ја покачи минималната плата, откако веќе беше зголемена на 12 илјади денари пред година и половина. Детали за тоа колку би изнесувал порастот сè уште нема. Тоа треба да се знае по анализите и консултациите на министерствата за труд и за финансии со работодавачите и со текстилниот и кожарскиот кластер.

Притоа, како што најавија од Владата, ќе се води сметка да не им се наштети на компаниите и да не се доведе во прашање нивната одржливост. Бизнисот смета дека во моментов со евентуално ново покачување поголемо од она што би се постигнало со усогласување, минималната плата ќе изнесува повеќе од 50 проценти од просечната плата во Републиката и оти таков висок износ на минимална плата во однос на просечната плата може да предизвика демотивираност за отворање нови работни места, а и намалување на постојните работни места. Според Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, има простор за зголемување на минималната плата, која во моментов изнесува 12.165 денари. Пресметките на Синдикатот покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата најмалку за 12 проценти.

Можноста за покачување на минималната плата на почетокот на годината ја најавија од Владата, а како што информираа на прес-конференција, а во февруари годинава премиерот Зоран Заев рече дека идејата на Владата како левоориентирана е да има рамномерна распределба на продуктивноста и доходовноста меѓу капитал-факторот и работниците.

-Државата има намера со континуирано зголемување на минималната плата да постигне вкупен ефект на зголемување на платите во државата, преку отворање на спиралата на платите, ама со тоа да не им наштетиме на бизнисите, односно на нивната одржливост, вели Заев.

Најави дека како и при претходното зголемување, државата ќе обезбеди финансиска поддршка за компаниите делумно покривање на порастот на минималната плата, но и на останатите плати.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека зголемувањето на минималната плата е во рамките на Програмата за работа на Владата и оти тоа треба да обезбеди задоволување на основните животни потреби  како и интерес на невработените лица кои се со ниски квалификации да прифаќаат работа со плата што е достоинствена.

-Сè почесто и невработените лица, а и работниците се незадоволни од висината на минималната плата и е причина што бараат начин за напуштање на земјата. Засега минималната плата ќе се усогласи согласно Законот за минимална плата, односно параметрите согласно кои треба да се усогласи ќе бидат познати во текот на март, а примената ќе започне со платата од април. Потоа би можело да се пристапи кон дијалог за нејзино зголемување, посочуваат оттаму.

Според МТСП, зголемувањето би можело да се реализира по претходен консултативен процес со работодавачите и синдикатите. Кога ќе се постигне согласност со нив би можело да се пристапи кон измени на Законот за минимална плата. Овој процес, според процените на Министерството, би можел да се случил во втората половина на годината.

Од МТСП потенцираат и дека се во постојани консултации од причини што по покачувањето на минималната плата од септември 2017 година државата обезбедила и финансиска помош за исплата на минималната плата и финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата. И понатаму ќе разговараме со бизнис-секторот за видот на финансиската помош што може да им помогне на работодавачите за да можат да ја зголемат минималната, а и да се зголемат платите на останатите вработени.

Светска банка излезе со став дека уште едно зголемување на минималната плата ќе се одрази негативно во трудоинтензивните дејности. Таквиот процес, велат оттаму, треба да се одвива паралелно со зголемување на продуктивноста.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачите на Македонија, пак, смета, дека по претходното зголемување, а доколку се реализира новонајавеното, ќе нема голема разлика помеѓу ниските и повисоките плати, затоа што по првото зголемување повисоките не се зголемиле, што би довело до демотивираност на добрите работници, оти може да го загрози отворањето нови работни места или да влијае негативно на вработеноста.

-Тоа доведува до демотивираност на добрите работници, бидејќи ако работникот земал, да речеме, 12.000, а овој друг 10.000, сега ако земат и двајцата 12.000 добриот работник ќе нема мотивација да работи. Ќе рече зошто работам и јас ќе земам 12.000 без мака. Тоа е една работа. Втората работа е дека со евентуално ново покачување поголемо минималната плата ќе изнесува повеќе од 50 проценти од просечната плата во Републиката и тоа веќе не е добро. Таков висок износ на минималната плата во однос на просечната плата предизвикува демотивираност за отворање нови работни места, а може да доведе и до намалување на постојните работни места. На тоа укажуваат и разни анализи на експерти и Светска банка, кои велат дека поставувањето на минималната плата на високо ниво го загрозува отворањето нови работни места или влијае негативно на вработеноста, вели Димитров.

Тој додава дека Владата мора да биде многу внимателна околу идното покачување на платата. Минималната плата, вели, според неговите сознанија годинава би се покачила над 13.000 денари и оти Владата во програмата има планирано до крајот на мандатот минималната плата да ја качи на 16.000 денари.

-Сите бројки покажуваат дека тоа е невозможна мисија. Воопшто не се занесуваме дека Македонија може со оваа структура на стопанството, со ваква индустрија што ја има да достигне 16.000 денари минимална плата до 2020 – 2021 година, посочува Димитров.

Во врска со најавите дека Владата ќе овозможи и одредена поддршка за зголемување на минималната плата, а потоа и за зголемување на останатите плати, Димитров посочува дека тие средства не биле доволно искористени. Вели дека доколку Владата се одлучи на ново покажување на платата треба да се укинат ограничувањата за добивање на поддршката.

-Најпрво Владата кога ја покачи на 12.000 денари имаше финансиска поддршка за платите што биле претходно пониски од 12.000 денари, што биле 10.000 – 10.500 итн., таа финансиска поддршка заврши лани во јуни и, за жал, многу малку се реализираше. Значи, беа планирани шест милиони евра, па ги намалија на пет и нешто, а во 2018 беа реализирани само 175.000 евра. Потоа Владата даде една нова поддршка за стимулирање на платите, што стартуваше од август лани и таа требаше да ги стимулира повисоките плати над 12.000 или до 18.000 денари, а овозможуваше поддршка до 1.200 денари по човек или 30 отсто од порастот на бруто-платата. Но од лани од септември до февруари ниту денар не е исплатен, потенцира Димитров.

Од Организацијата на работодавачите реагирале до МТСП и дури потоа биле исплатени првите средства за август, а потоа многу брзо и за септември и октомври.

Според него, тоа укажува на тоа дека има работодавачи кои од страв дека ќе имаат контроли или, пак, од страв дека нема да може да ги задржат тие работници подолго, со оглед на тоа што за добивање на поддршката треба компанијата да се обврзе дека ќе ги задржи на работа една година, што, како што вели, е спорно, бидејќи условите на стопанисување се толку ризични и проблематични што никој не може тоа да го гарантира.

-Мислам дека таквото ограничување на поддршката нема логика затоа што државата поддршката ја дава за платата што сега му ја исплаќате на работникот, а не за тоа што ќе го исплаќате по една година. Така што, ако Владата се одлучи да ја покачи платата повеќе од она што беше усогласувањето, тогаш мора да ја коригира таа финансиска поддршка, да биде поефективна, за да може компаниите да аплицираат за да ја добијат, и да се укинат сите ограничувања за таа да се добие.

За разлика од работодавачите, од Сојузот на синдикатите на Македонија сметаат дека има простор да се зголеми минималната плата, која во моментов изнесува 12.165 денари. Пресметките на Синдикатот покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата најмалку за 12 проценти.

– ССМ укажува дека во услови кога синдикалната минимална кошница за јануари 2019 година изнесува 32.761,00 денар, а само трошоците за храна изнесуваат 13.621,33 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, која согласно европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 проценти од просечната плата во државата, велат од ССМ. Оттаму додаваат дека согласно Законот, во март треба да се направи усогласување на минималната плата по утврдените критериуми, кое министерот за труд и социјална политика ќе го објави во Службен весник по претходно мислење на Економско–социјалниот совет.

Од ССМ најавуваат дека се подготвени за отпочнување социјален дијалог во врска со ова предложено зголемување на минималната плата, која ќе биде основа за зголемување на платите на сите вработени. Законот за минимална плата беше донесен по иницијатива од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Промовирани огласи »

Ова се најатрактивните огласи за работа за оваа недела. Аплицирајте на KARIERA.mk!

Ова се најатрактивните огласи за работа за оваа недела. Аплицирајте на KARIERA.mk!

Месечна нето плата од 26.000 денари. Отворени се повеќе работни позиции во Триглав Осигурување: https://kariera.mk/company/mDkYR1yw_UKWr5gcLK61Dg/triglav-osiguruvanje-zhivot-ad-skopje

Доколку имате одлично познавање на англсикиот јазик - Аплицирајте за ДИСПЕЧЕР во Американската транспортна индустрија: https://kariera.mk/job/JV34rAwHYEGlamyprKThqw/dispecher-ka

Атрактивна плата и бонуси за СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ во Иуте Кредит: https://kariera.mk/job/vurY6uLRSUCp39ZjErtukQ/specijalist-za-usoglasenost-so-propisi

Одлични услови за работа како SALES REPRESENTATIVE - ENGLISH LANGUAGE: https://kariera.mk/job/u-6vaQeFRUa93pA8v9o69g/sales-representative-english-language

Високо образование со завршен ФЕИТ, Машински Факултет, ПМФ - Институт за математика, за кариера во ЕВН: https://kariera.mk/job/x9UXuCTuf0uNYZhpEm-xuA/specijalist-za-nabavka-na-elektrichna-energija-i-upravuvanje-so-balansna-grupa-m-zh

Еден на Еден е во потрага по СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ: https://kariera.mk/job/prgrbTaVJ0SdbP2YdbT_Eg/specijalist-za-digitalen-marketing

Отворени се 2 работни места за МАГАЦИНСКИ ОПЕРАТОРИ: https://kariera.mk/job/qFEBCM1A3UGMrdW660lRcg/2-magacinski-operatori

Нептун за својот продажен салон во РЕСЕН вработува ПРОДАВАЧ/КА: https://kariera.mk/job/TZxVosq53EaOfbduPAp6cw/prodavach-resen

Промовирани огласи »

Македонија потпиша Договор: Ќе се укинува роамингот

Македонија попиша договор за целосно укинување на роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ.

Македонија попиша договор за целосно укинување на роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ. Доворот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и ресорните министри од Западниот Балкан во рамките на вториот дигитален Самит во Белград.

Согласно договорот, намалувањето на цените ќе почне од ова лето, а целосно ќе биде укинат кон средината на 2021 година. Како што кажа еврокомесарката Марија Габриел, овој договор беше предуслов за отпочнување на постапката за укинување на роамингот кон ЕУ. Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави министерот Манчевски.

Договорено е идната недела посебно Регулаторно тело да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година.

Како што изјави министерот Манчевски, следниот месец Македонија и Србија ќе го потпишат Договорот за признавање на електронските документи и дигиталните сертификати.

Ова е од огромно значење за граѓаните и пред се за фирмите, поради тоа што многу полесно ќе се комуницира и ќе се отвори вратата за заедничкиот проект кој веќе го најавија српскиот претседател и премиерот Зоран Заев, а тоа се оне стоп царинските премини помеѓу двете земји, изјави Манчевски.

На Самитот водени се разговори и за воспоставувањето на регионален тренинг центар за сајбер секјурити чие седиште треба да биде во Скопје, што ќе биде финализирано на следниот самит во Тирана.

Вториот дигитален самит во Белград го отвори српската премиерка Ана Брнабиќ, а на него учествува и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации Хоулин Ѓао.

На дводневниот самит учествуваат 3.000 претставници од ИТ индустријата и стопанството од 30 економии од Западниот Балкан, Европа и светот, меѓу кои повеќе експерти од Северна Македонија.

Во рамките на Самитот, на кој се предвидени 200 говорници, ИТ компаниите во регионот имаат можност да се престават, да разменат идеи и да дадат предлози за унапредување на ИКТ секторот во овој дел од Европа.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »