Промовирани огласи »

Македонија потпиша Договор: Ќе се укинува роамингот

Македонија попиша договор за целосно укинување на роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ.

Македонија попиша договор за целосно укинување на роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ. Доворот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и ресорните министри од Западниот Балкан во рамките на вториот дигитален Самит во Белград.

Согласно договорот, намалувањето на цените ќе почне од ова лето, а целосно ќе биде укинат кон средината на 2021 година. Како што кажа еврокомесарката Марија Габриел, овој договор беше предуслов за отпочнување на постапката за укинување на роамингот кон ЕУ. Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави министерот Манчевски.

Договорено е идната недела посебно Регулаторно тело да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година.

Како што изјави министерот Манчевски, следниот месец Македонија и Србија ќе го потпишат Договорот за признавање на електронските документи и дигиталните сертификати.

Ова е од огромно значење за граѓаните и пред се за фирмите, поради тоа што многу полесно ќе се комуницира и ќе се отвори вратата за заедничкиот проект кој веќе го најавија српскиот претседател и премиерот Зоран Заев, а тоа се оне стоп царинските премини помеѓу двете земји, изјави Манчевски.

На Самитот водени се разговори и за воспоставувањето на регионален тренинг центар за сајбер секјурити чие седиште треба да биде во Скопје, што ќе биде финализирано на следниот самит во Тирана.

Вториот дигитален самит во Белград го отвори српската премиерка Ана Брнабиќ, а на него учествува и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации Хоулин Ѓао.

На дводневниот самит учествуваат 3.000 претставници од ИТ индустријата и стопанството од 30 економии од Западниот Балкан, Европа и светот, меѓу кои повеќе експерти од Северна Македонија.

Во рамките на Самитот, на кој се предвидени 200 говорници, ИТ компаниите во регионот имаат можност да се престават, да разменат идеи и да дадат предлози за унапредување на ИКТ секторот во овој дел од Европа.

Промовирани огласи »

Vip станува А1

Среќно!

Телекомуникациската компанија Vip, која е присутна на македонскиот пазар речиси 12 години e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечкиот комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа. А1 Телеком Австрија Групацијата обезбедува услуги (мобилни и фиксни) за приближно 24 милиони корисници вклучувајќи телефонија, безжичен интернет, мултимедијални услуги, податочни услуги, решенија во облак и ИТ услуги, решенија за наплата и дигитални услуги.

Во 2017 година, А1 Телеком Австрија Групацијата ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Vip на македонскиот пазар. Оттука, во текот на оваа година Vipбрендот ќе биде заменет со А1брендот.
Со континуираните инвестиции и иновации уште од самиот влез на македонскиот пазар, Vip значително придонесува во развојот и унапредувањето на телекомуникацискиот пазар во земјата. Овој тренд и натаму ќе продолжи и под брендот А1, со нови вложувања во мобилната и фиксната инфраструктура, технологии и мрежа на нови генерации, притоа поттикнувајќи го развојот на дигитално општество. Во исто време, под новиот А1 бренд, компанијата ќе продолжи да нуди иновативни решенија кои ќе одговараат на сите комуникациски потреби на корисниците , притоа зацврстувајќи ја дигиталната трансформација на македонското општество.
“Пред речиси 12 години, Vip влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и предизвика вистински конкурентен натпревар. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Vip силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво. Водејќи се од едноставното мото „Повеќе за вас“, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Оттогаш па сè до денеска, континуирано воведуваме иновативни производи и услуги, како и изградба на сопствена 3G и 4G мрежа. Во текот на овие години, Vip се трансформираше од само-мобилен оператор, во потполно конвергентна компанија која нуди мобилна и фиксна телефонија, ТВ и ИКТ услуги. Но, ние не застануваме тука. Со прилагодување на дигиталната еволуција која се случува околу нас, еволуираме и ние и стануваме дигитална компанија. Со брендот А1, сакаме да ја зајакнеме нашата позиција како партнер од доверба за нашите корисници, кој ќе им понуди соодветни решенија кои ќе ги збогатат нивните животи и потреби за дигиталната ера. Во соработка со нашите корисници, ќе осмислуваме нови паметни решенија со кои тие ќе можат да уживаат во дигиталното време“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.
Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство. И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега.

Промовирани огласи »

Од први Април нема коцкање во Косово

По две убиства во казино во Косово 🤓

Откако се случија две убиства во казино во Косово минатата недела, земјата ги забрани сите форми на коцкање за период од десет години, пренесува „Еуроњуз“.

Косовските власти по брза собраниска процедура го усвоиле законот на 28 март, а стапил на сила истиот закон од први април.

Коцкањето во Косово станало голем проблем, истакнува „Еуроњуз“.

Инаку Косово е една од најсиромашните земји во Европа со околу една третина невработени работоспособни лица.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи од први април, па сè до крајот на месецов, ќе ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави. Даночните обврзници кои оствариле дополнителни приходи во текот на минатата година ќе имаат рок до крајот на мај да ја потврдат или коригираат пресметката.

Откако ќе добијат електронско известување дека годишната даночна пријава е пополнета од страна на УЈП, корисниците треба да влезат во својот профил што веќе го креирале во електронскиот систем за да ја проверат својата пресметка.

Доколку даночниот обврзник иманекои корекции, постои можност да ги коригира директно на самата претпополнета годишна даночна пријава. Таму постојат полиња каде што ќе ги запипат тие корекции, ќе ја достават до УЈП и потоа нашите служби ќе ја утврдат фактичката состојба и ќе донесат решение за даночниот обврзник. Доколку нема никаков одговор од даночниот обврзник до 31-ви мај, пријавата ќе се смета за потврдена. Значи, сите даночни обврзници ќе мора да ја отворат претпополнетата даночна пријава, да видат дали е сè во ред и да потврдат, објаснува Михајло Михаилов, раководител на контакт центар во Управата за јавни приходи.

Од УЈП не очекуваат проблеми со оглед на тоа што ова е нов начин на пресметка на годишните даночни пријави. Сепак, доколку се случи некој корисник да не добие такво известување до крајот на месецов, треба да пријави во Управата.

Доколку, пак, не ја добијат претпополнетата годишна даночна пријава, ќе се обратат до УЈП, ќе видиме каде настанал проблемот и ќе се отстранат тие грешки, вели Михајло Михаилов, раководител на контакт центар во Управата за јавни приходи.

Во електронскиот систем се регистрирале околу 700.000 граѓани кои лани оствариле дополнителни приходи.

Тагови: УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »