Промовирани огласи »

Автопатот Миладиновци-Штип останува затворен до средината на мај

Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван.

Иако е готов автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба кон средината на мај. Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван поради тоа што не биле предвидени пристапни патишта за околните населени места.

Директорот на ЈП за државни патишта вели дека безбедноста на граѓаните е најважна и затоа не се брза со негово пуштање.

Во проектот немаше патишта кои што се сервисирани за локалното население од околината. Тоа е делот веднаш спроти Свети Николе каде што има над 50 куќи кои што никако не биле опфатени, а претходно излегувале директно на патот. Никако не биле опфатени како да одат сега до Свети Николе. Ние го видовме тоа, се проектираше надпатникот и тој е готов. Сега останува за странично да се поврзе и да се спои со тие населени места, рече Директорот на ЈП Државни патишта Зоран Китанов.

Претпријатието има раст на реализацијата на капиталните проекти, но и на наплатата на патарините е зголемена за над 6 отсто. Односно, од 1 јануари досега прибрани се 7,7 милиони евра.  Раст за 68 проценти се бележи и во делот на експропријација.

Во првиот квартал од 2019 година реализиравме 48 милиони евра капитални инвестиции само преку нашиот буџет, односно буџетот на ЈПДП, за разлика од 15,3 милиони евра реализирани инвестиции во истиот квартал од 2018 година. Тоа значи дека за 3 пати повеќе или за преку 200 проценти зголемување на реализација на проектите во првиот квартал од оваа година, во споредба со првиот квартал од 2018 година, рече Китанов.

Реализацијата на капиталните проекти од државни пари годинава почна полошо од лани. Во првите два месеци реализирани се 3,53 отсто. Односно, потрешени се само 15 од скоро 420 милиони евра. Сепак, министерот за транспорт уверува дека реализацијата преку ЈПДП ќе придонесе за поголема реализација на капиталните. Временските услови дозволија градежната сезона да почне. Според Сугарески, веќе интензивно се работи на патишта ширум целата земја. 

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто.

Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,375 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

Промовирани огласи »

Уреди за ограничување на брзината од 2022 година може да станат дел од задолжителната опрема за автомобилите што се продаваат во Европската унија. Земјите-членки постигнаа начелен договор за новите правила.

Активистите за безбедност во сообраќајот велат дека новите правила би можеле да спасат илјадници животи. ЕУ тежнее до крајот на 20150 година да нема ниту еден смртен случај на патиштата.

Британската агенција за издавање сертификати за возила претходно објави дека оваа земја ќе ги усогласува стандардите за автомобили со ЕУ и по Брегзит.

Меѓу мерките за безбедност одобрени од Европската комисија се интелигентни системи за контрола на брзината, итно запирање и за одржување правец во лентата.

ЕУ се надева дека со новите правила ќе можат да го намали бројот на смртни случаи на нула до 2050 година.

– Секоја година 25.000 луѓе ги губат животите на нашите патишта. Најголемиот дел од овие несреќи се предизвикани од човечка грешка, изјави еврокомесарката Елизабета Биенковска.

-Со новиот напреден безбедносен систем кој ќе стане задолжителен, можеме да направиме промена, како што беше направено со воведување на сигурносни појаси, појаснува таа.

На српските патишта, животот годишно го губат околу 600 луѓе годишно, со 20.000 повредени, покажуваат податоците од српскиот Комитет за безбедност во сообраќајот.

Европскиот парламент и Европскиот совет може да ги одобрат новите мерки во рок од неколку месеци.

„Овој систем ќе ја ограничи моќноста на моторот кога тоа ќе биде неопходно за да ги спречи возачите да возат побрзо од ограничувањата. Возачите ќе можат да ја преземат контролата или привремено да го исклучат системот”, објасни Европскиот совет за безбедност во сообраќајот, независно тело на ЕУ со советодавна улога.

Статистика во Велика Британија покажува дека повеќе од 1.700 луѓе умираат на британски патишта секоја година, додека истражувањата покажуваат дека големата брзина придонесува во несреќните случаи во една четвртина од сите фатални судири.

Дописникот на Би-Би-Си кој следи економија Тео Легет вели дека постојат сомневања дали денешната технологија е доволно напредна за таков систем.

– Оваа мерка ќе биде најважниот чекор кон безбедноста во сообраќајот во овој век, изјави Џошуа Харис од британската организација „Брејк“ (Brake), која се занимава со безбедност во сообраќајот.

Нема паметни телефони

ЕУ, исто така, одобри воведување дополнителни мерки за автомобили, комбиња, камиони и автобуси, кои вклучуваат систем кој ги предупредува возачите ако се поспани, како и кога се користат паметни телефони додека возите.

Новите мерки исто така вклучуваат промени кои им овозможуваат на возачите на автобуси и камиони да обезбедат поголема видливост во сообраќајот, како и спарување со мртвите агли.

Извор: Би-Би-Си
МИА

Промовирани огласи »

Ова се најатрактивните огласи за работа за оваа недела. Аплицирајте на некој од нив!

Ова се најатрактивните огласи за работа за оваа недела. Аплицирајте на некој од нив!

Платена 3 месечна пракса со можност за вработување и работа со водечки бизнис компании: https://kariera.mk/job/d6x2JsZXzkGJjoHV8yypRA/data-entry-processing-verification-internship-opportunity

Отворени работни места во салоните на ОНЕ.ВИП во КАВАДАРЦИhttps://kariera.mk/job/APQZahydcEOxl93Hwa61dA/pomoshnici-vo-salonite-na-one-vip-kavadarci

Mellon Group моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји. За својата канцеларија во Скопје има потреба од ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИhttps://kariera.mk/job/Bsxv-075Rku-0uLd78Mzkg/telefonski-operatori

Почетна плата од 18.000 денари, стимулирачки бонуси и можност за напредок. Прима Оптика има потреба од АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБАhttps://kariera.mk/job/UsAtstJk9kOv4uVOAlx3JA/asistent-za-prodazhba

Нето плата од 22.000 денари за работа како МАГАЦИОНЕРhttps://kariera.mk/job/kKKxyz2cM0aWV4NGlfdhBA/magacioner

Туристичка агенција "Voyager touristic service" има потреба од ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК - АВИО ШАЛТЕРhttps://kariera.mk/job/CBTLBE3WWE6b8eLTMh9ViQ/avio-shalter-rabotnik-vo-turistichka-agencija

Paolo Bocelli во Палма Мал во ТЕТОВО вработува АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБАhttps://kariera.mk/job/A_pAwMjVG0-rtausVZT0dA/asistent-za-prodazhba-vo-tetovo

Доколку сте Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од областа на Електроенергетските системи - Аплицирајте за програмата ЕВН ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈАhttps://kariera.mk/job/u3eYAOn1PEa5U6mIU7YDbw/evn-idnata-generacija

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »