Промовирани огласи »

Пијан зад волан: 500 евра кзна, 1 година без дозвола и трезнење во полициска станица

Што се однесува до алкохолот до 0,5 промили алкохол во крвта глобата е 200 евра или 40 негативни бодови, од 0,51 до 1 промил 250 евра или 40 поени, од 1,01 до 1,50 глоба 300 евра или 50 поени, од 1,51 до 2 промили алкохол во крвта глобата е 350 евра или 5

Казните за надминување на брзината од 50 километри на час во населено место која за физичките лица изнесува 500 евра во денарска противвредност или 65 негативни поени и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци.

До 10 километри на час над дозволената брзина казната е 20 евра, од 10 до 30 километри 45 евра или 25 негативни бода, од 30 до 50 километри на час поголема брзина од дозволената во населено место казната е 300 евра или 50 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.

За брзо возење надвор од населено место до 30 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 10 евра или 10 негативни бода на возачката книшка, за 30 до 50 километри, глобата е 45 евра или 25 негативни бодови, од 50 до 70 километри на час над дозволеното глобата е 300 евра или 50 бода и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци а за 70 километри на час над дозволеното казната е 500 евра или 65 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци.  Правните лица, согласно новиот Закон за сообраќајните прекршоци главно ќе плаќаат глоба од 1.000 евра, а одговорното лице во правниот субјект 30 проценти од утврдената глоба.   Што се однесува до алкохолот  до 0,5 промили алкохол во крвта глобата е 200 евра или 40 негативни бодови, од 0,51 до 1 промил 250 евра или 40 поени, од 1,01 до 1,50 глоба 300 евра или 50 поени, од 1,51 до 2 промили алкохол во крвта глобата е 350 евра или 55 поени, а над 2 промили 400 евра или 60 казнени поени. За сите овие е предвидена и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.

 Законот предвидува лицата да можат да бидат задржани во Полициска станица се до нивно отрезнување, а најмногу до 12 часа.  За сигурносниот појас доколку не го користи возачот глоба е предвидено од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни бода, додека за сопатниците казната е 50 евра. Говорење на мобилен на возачот ќе се казнува со 45 евра или 25 поени. Со овој Закон велосипедистите за должни да имаат на предната страна бело светло и катадиоптер, во спротивно ќе плаќаат глоба од 50 евра.  

Промовирани огласи »

Vip со специјална понуда за сите студенти

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ги претставува најновите тарифи наменети за студентите кои од овој семестар добиваат исклучителна можност да активираат студентски пакет од услуги на фиксна локација и тоа без договорна обврска за времетраење.

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ги претставува најновите тарифи наменети за студентите кои од овој семестар добиваат исклучителна можност да активираат студентски пакет од услуги на фиксна локација и тоа без договорна обврска за времетраење.

Имено сите студенти, почнувајќи од денеска, можат да го изберат Vip Student Net или Vip Student Combo и да уживаат во интернет и телевизија без договорна обврска, без трошоци за инсталација и по супер ниска цена.

Со Vip Student Net студентите добиваат неограничен интернет до 15/1 Mbps за месечна претплата од само 599 денари, a со Vip Student Combo добиваат фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничен интернет до 15/1 Mbps и телевизија до 80 ТВ канали, за само 799 денари месечна претплата.

“Студентските денови се исполнети со нови знаења, нови искуства и многу забава, тие денови ни остануваат врежани во сеќавањата уште долго време. Со цел да одговориме на динамиката и потребите на студентите во однос на комуникација, создадовме тарифи кои се специјално наменети за нив и ќе им овозможат не само полесен пристап до нови знаења, туку и многу забава и пристап до интересни содржини кои ќе придонесат за незаборавни животни искуства. Со овие тарифи, студентите добиваат специјални цени за намалување на трошоците за телекомуникациски услуги и тоа без договорни обврски и без трошоци за инсталација. Се надеваме дека ќе донесеме уште повеќе забава во студентските денови!”, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Vip.  

Сé што е потребно за активација на новите тарифи е приложување валиден студентски индекс во некој од продажните салони на Vip.

Повеќе информации за новите тарифни модели можете да најдете на www.vip.mk.

Промовирани огласи »

Од социјалната мрежа „Фејсбук“ соопштија дека речиси 50 милиони корисници на социјалната мрежа биле изложени на безбедносен пропуст.

Компанијата соопшти дека напаѓачи успеале да ја искористат ранливоста позната како „View As” за да се здобијат со контрола на сметките на луѓето.

Прекршокот беше откриен во вторникот, објави „Фејсбук“, и додадоа дека веднаш ја информирале и полицијата.

Корисниците кои потенцијално биле засегнати, добиле известува за повторно да се логираат, а сето тоа како што велат од компанијата се случувало во петокот.

Мааната е веднап решена, напиша шефот за безбедност на компанијата, Гај Росен.

Бидејќи ние само што започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие сметки се злоупотребувани или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат, посочи тој.

Росен додаде дека „приватноста и сигурноста на луѓето е неверојатно важна“ потенцирајќи дека жалат што се случило ова.

Промовирани огласи »

Подземната сообраќајница од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови

Подземната сообраќајница која се гради паралелно со комплексот „Дајмонд Скопје“ ќе биде долга 800 метри со двонасочен коловоз од 6 ленти

Подземната сообраќајница која се гради паралелно со комплексот „Дајмонд Скопје“ ќе биде долга 800 метри со двонасочен коловоз од 6 ленти.

Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи, која од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови.

Булеварот Македонија, односно Јужен булевар ќе биде дислоциран под земја, што во голема мера ќе го намали метежот во Скопје.

Ваков проект е новитет за главниот град, бидејќи досега не се градени подземни сообраќајници.

Скопје ќе се развива рамномерно и плански следејќи ги потребите на граѓаните.

Верувам дека многу скоро успешно ќе се справиме со предизвикот нашето Скопје да се издигне во една модерна европска метропола и престолнина на идната членка на НАТО и ЕУ - изјави Градоначалникот Шилегов.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »