Промовирани огласи »

Од социјалната мрежа „Фејсбук“ соопштија дека речиси 50 милиони корисници на социјалната мрежа биле изложени на безбедносен пропуст.

Компанијата соопшти дека напаѓачи успеале да ја искористат ранливоста позната како „View As” за да се здобијат со контрола на сметките на луѓето.

Прекршокот беше откриен во вторникот, објави „Фејсбук“, и додадоа дека веднаш ја информирале и полицијата.

Корисниците кои потенцијално биле засегнати, добиле известува за повторно да се логираат, а сето тоа како што велат од компанијата се случувало во петокот.

Мааната е веднап решена, напиша шефот за безбедност на компанијата, Гај Росен.

Бидејќи ние само што започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие сметки се злоупотребувани или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат, посочи тој.

Росен додаде дека „приватноста и сигурноста на луѓето е неверојатно важна“ потенцирајќи дека жалат што се случило ова.

Промовирани огласи »

Подземната сообраќајница од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови

Подземната сообраќајница која се гради паралелно со комплексот „Дајмонд Скопје“ ќе биде долга 800 метри со двонасочен коловоз од 6 ленти

Подземната сообраќајница која се гради паралелно со комплексот „Дајмонд Скопје“ ќе биде долга 800 метри со двонасочен коловоз од 6 ленти.

Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи, која од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови.

Булеварот Македонија, односно Јужен булевар ќе биде дислоциран под земја, што во голема мера ќе го намали метежот во Скопје.

Ваков проект е новитет за главниот град, бидејќи досега не се градени подземни сообраќајници.

Скопје ќе се развива рамномерно и плански следејќи ги потребите на граѓаните.

Верувам дека многу скоро успешно ќе се справиме со предизвикот нашето Скопје да се издигне во една модерна европска метропола и престолнина на идната членка на НАТО и ЕУ - изјави Градоначалникот Шилегов.

Промовирани огласи »

Извршителите подготвуваат бесна реакција оти им ги кратат приходите

Подготвуваат состанок за како да „го истурат“ гневот

На вонреден состанок извршителите ќе договараат како ќе реагираат откако Владата им ги скрати тарифите. На состанокот, според информациите треба да се креира заедничкиот став и реакција, но се тврди дека повеќето извршители се лути и сметаат дека ова за некои од нив ќе значи и клуч на врата. Владата најави законски измени со кои трошоците за граѓаните при извршните постапки се намалуваат за 50 до 90 отсто. 

Инаку се намалуваат тарифите и за нотарите, а се тврди дека и тие и извршителите воопшто не биле консултирани за законските измени. 

За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. Вкупно се ревидираат 16 ставки од тарифникот на извршителите, од кои некои се намалуваат за 50 отсто, а некои и повеќе од 50 отсто. Наградите се намалени, платни налози за трошоци нема да може да бидат повисоки од 20 отсто од вкупниот долг. Во прашање се илјадници семејства и загрижени граѓани – рече премиерот Зоран Заев кога ги презентираше измените.

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Промовирани огласи »

А каматите и роковите на застареност, кога пред извршителите!?

Бесплатни ставки од тарифникот не е доволно

Ана Глигоровска од граѓанското здружение „Но пасаран“ за намалувањето на нотарските и извршителските давачки што како одлука го објави Владата вели дека тоа се само кратење на ставки од тарифникот, но не и намалување на каматите и роковите на застарување на долгот.

Сметам дека овие додавки на закон не се комплетни, треба да се направат многу корекции. Во симулациите на министерката за правда не забележав дека се вкалкулирани каматите. Имаме камати на камати. Долгогодишните камати растат, така што тој долг нема да биде тој што го видов вчера, туку доста поголем, предупредува таа.

Забележува и дека не е одредено кога застарува долгот, така што сметки од пред 15 години доаѓаат со огромни камати, а граѓаните не можат да се повикаат на застарување затоа што доаѓа до антидатирање на каматите.

Исто така, бара сериозна ревизија на процесот на извршување во последните 11 години.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »