Промовирани огласи »

А каматите и роковите на застареност, кога пред извршителите!?

Бесплатни ставки од тарифникот не е доволно

Ана Глигоровска од граѓанското здружение „Но пасаран“ за намалувањето на нотарските и извршителските давачки што како одлука го објави Владата вели дека тоа се само кратење на ставки од тарифникот, но не и намалување на каматите и роковите на застарување на долгот.

Сметам дека овие додавки на закон не се комплетни, треба да се направат многу корекции. Во симулациите на министерката за правда не забележав дека се вкалкулирани каматите. Имаме камати на камати. Долгогодишните камати растат, така што тој долг нема да биде тој што го видов вчера, туку доста поголем, предупредува таа.

Забележува и дека не е одредено кога застарува долгот, така што сметки од пред 15 години доаѓаат со огромни камати, а граѓаните не можат да се повикаат на застарување затоа што доаѓа до антидатирање на каматите.

Исто така, бара сериозна ревизија на процесот на извршување во последните 11 години.

Промовирани огласи »

Нафтата најскапа во последните 4 години - од понеделник ново поскапување на горивата во Македонија

Од понеделник ново поскапување на горивата во Македонија

По вчерашното благо намалување, денеска нов скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 81,4 долари за барел. 

Цената ја проби границата од 80 долари уште во понеделникот со скок од над 2 долари во само 1 ден тргување.  Цените се највисоки во последните 4 години.

Минатиот понеделник кога регулаторот ја определи максималната малопродажна цена, барел нафта чинеше 77,2 долари во просек во претходните 2 недели. 
На пресметката во понеделник извесно е дека просекот ќе биде околу 80 долари за барел, што е за околу 3 долари повеќе.
Минатиот понеделник, кога просечната цена нафтата скокна за 2,7 долари по барел, во Македонија 98 октанскиот супер немаше промени во цената и остана на 74 денари. За половина денар поскапи 95 октанскиот супер и сега чини 72,5 денари за литар.
Најголемо поскапување имаше кај дизелот чија цена се зголеми за 1,5 денари по литар и сега се точи за 66 денари.
За очекување е во овие рамки да се движи и поскапувањето идниот понеделник, доколку нема посериозни промени на цената на нафтата на светските берзи.

А бројни експерти на меѓународните фондови предупредуваат за можноста за нова нафтена криза. Според нив, актуелните политички случувања и тензиите меѓу крупните играчи на светските пазари можат повторно да ја зголемат цената на нафтата на над 100 долари за барел, што ќе значи вистински ценовен шок за граѓаните и многу повисоки цени во малопродажба.

Промовирани огласи »

Грчката авиокомпанија „Ејџиан“ од 1 ноември повторно ќе лета од Атина до Скопје

„Ејџиан“ повторно ќе лета од Атина до Скопје

Грчката авиокомпанија „Ејџиан“ од 1 ноември повторно ќе лета од Атина до Скопје. На сајтот на „Ејџиан“ веќе може да се резервираат карти за летот меѓу двата главни града, а летови ќе има двапати неделно, во вторник и четврток. Со линијата ќе оперира „Олимпик Ер“, фирма ќерка на „Ејџиан“, која лета со помали авиони, каков што е АТР42 на летот Атина-Скопје, со 48 седишта, пишува СДК. 

„Ејџиан“ ја укина линијата Атина-Скопје во 2007 година, откако скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“.

Македонската влада во февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром Скопје. Тогаш беше сменето и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“.

Промовирани огласи »

Петок неработен ден – следува споен викенд

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината

Согласно Законот за празници на Република Македонија, 28 септември (петок), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството, на припадници на бошњачката заедница во Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Програма на неработни денови за 2018 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »