Промовирани огласи »

Погледнете како изгледа првата возачка дозвола на Македонец во Германија

Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината

Во измиантите неколку денови високи владини претставници потврдија дека е постигнат договор помеѓу Македонија и Германија за возачките дозволи, па така сите Македонци со македонска возачка дозвола, може да возат во Германија.

На социјалните мрежи, на Фејсбук страната „Македонци во Германија“беше објавена и фотографија од првата возачка дозвола која е признаена во Германија.

Декларацијата за признавање на возачките дозволи требаше да биде потпишана уште во февруари годинава за време на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин. Но, тоа не се случи поради технички проблеми во преговорите.

Главниот проблем беше што во Македонија се бара лекарско уверение при полагање за возачка дозвола, и истото правило требаше да важи и при преведувањето на германските дозволи – нешто што за германската страна беше неприфатливо.

Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.

Тагови: возачка дозвола

Промовирани огласи »

МВР: Лични карти ќе се издаваат и викендов

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не посед

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29 и 30.09.2018).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(29.09.2018 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи, соопштуваат од МВР.

На денот на референдумот (недела, 30.09.2018 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Промовирани огласи »

Голем скок на цената на нафтата - прогнозите на експертите најавуваат 85 денари литар гориво

Цените на нафтата скокнаа само вчера за над два отсто бидејќи американските санкции го ограничија иранскиот извоз на оваа суровина, нагризувајќи ја глобалната понуда

Цените на нафтата скокнаа само вчера за над два отсто бидејќи американските санкции го ограничија иранскиот извоз на оваа суровина, нагризувајќи ја глобалната понуда.

Северноморската нафта „брент“ ја достигна највисоката цена од мај оваа година, од 80,47 долари за барел, што е скок од 1,63 долари или за преку 2,0 проценти, пред незначително да се спушти на околу 80,40 долари на утринското тргување во 7:30 часот по ГМТ.Трендот на рас продолжи и денеска кога цената надмина 81,2 долари за барел што е нов рекорд.

Некои трговци прогнозираат дека цената на „црното злато“ ќе оди дури и до 100 долари за барел.

Ваквите прогнози ни најавуваат дека на врата ни чука нова нафтена криза а 100 долари за барел некако силно потсетуваат на 2008 година.

Во такви услови веројатно литар гориво ќе чини близу 85 денари.

Промовирани огласи »

Денот ќе трае подолго: Спремете се за поместување на стрелките на часовникот

Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод

Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 27 и 28 октомври стрелките на часовникот можеби за полседен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод.

Над 80% од анкетираните граѓани на земјите на ЕУ се согласиле да не се менува времето два пати годишно, односно во последниот викенд од октомври и последниот викенд во март.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »