Промовирани огласи »

Голем скок на цената на нафтата - прогнозите на експертите најавуваат 85 денари литар гориво

Цените на нафтата скокнаа само вчера за над два отсто бидејќи американските санкции го ограничија иранскиот извоз на оваа суровина, нагризувајќи ја глобалната понуда

Цените на нафтата скокнаа само вчера за над два отсто бидејќи американските санкции го ограничија иранскиот извоз на оваа суровина, нагризувајќи ја глобалната понуда.

Северноморската нафта „брент“ ја достигна највисоката цена од мај оваа година, од 80,47 долари за барел, што е скок од 1,63 долари или за преку 2,0 проценти, пред незначително да се спушти на околу 80,40 долари на утринското тргување во 7:30 часот по ГМТ.Трендот на рас продолжи и денеска кога цената надмина 81,2 долари за барел што е нов рекорд.

Некои трговци прогнозираат дека цената на „црното злато“ ќе оди дури и до 100 долари за барел.

Ваквите прогнози ни најавуваат дека на врата ни чука нова нафтена криза а 100 долари за барел некако силно потсетуваат на 2008 година.

Во такви услови веројатно литар гориво ќе чини близу 85 денари.

Промовирани огласи »

Денот ќе трае подолго: Спремете се за поместување на стрелките на часовникот

Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод

Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 27 и 28 октомври стрелките на часовникот можеби за полседен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод.

Над 80% од анкетираните граѓани на земјите на ЕУ се согласиле да не се менува времето два пати годишно, односно во последниот викенд од октомври и последниот викенд во март.

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе здивнат: Се намалуваат трошоците за извршители и нотари од 50 до 90 отсто

Со ова ќе се намалат трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити

На предлог на министерството за правда, Владата ги прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат. Со ова ќе се намалат трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити, соопшти Владата.

Со новите предлог решенија за овие два закона трошоците за нотарските и услугите на извршителите се намалуваат за 50% до 90 %, а дури 16 ставки за кои порано постоеја трошоци, со новите тарифи за нотарски и извршителски услуги ќе бидат целосно бесплатни.

– За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. Вкупно се ревидираат 16 ставки од тарифникот на извршителите, од кои некои се намалуваат за 50 отсто, а некои и повеќе од 50 отсто. Наградите се намалени, платни налози за трошоци нема да може да бидат повисоки од 20 отсто од вкупниот долг. Во прашање се илјадници семејства и загрижени граѓани – рече Заев.

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Министерката Дескоска табеларно ги презентираше намалувањата на трошоците.

Многу професии нема да бидат среќни од оваа измена, но граѓаните го имаат главниот збор, ова е социјална држава – рече министерката Дескоска.

Промовирани огласи »

САМО ВО МАКЕДОНИЈА: огромна „дупка“ помеѓу просечната плата и онаа на програмерите

Во прашање се доходи што доаѓаат исклучиво од развиените земји

Според податоците што ги објави Заводот за статистика пред три дена на врвот на листата на највисоки плати е секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ каде што просечната плата изнесува 60.112 денари и за прв пат достигна 1.000 евра.

Целата статија прочитајте ја на Фактор.мк

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »