Промовирани огласи »

Од 1 јануари 2019: Македонците без европски пасош ќе можат да работат во Германија

Ова се однесува на сите вработување, без разлика дали сакате да аплицирате за медицинска сестра, градежник, помошничка или нешто друго

Поради измени во Законот за вработување во Германија е прекинато вработувањето на граѓаните од територијата на поранешните Ју простори.

Во овој момент граѓаните без европски пасоши не можат да работат, ова важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши без оглед за која работа сакаат да аплицираат. Ова се однесува на сите вработување, без разлика дали сакате да аплицирате за медицинска сестра, градежник, помошничка или нешто друго, пренесува порталот Balkan- life.com.

Од 1 јануари следната година стартува нов закон за вработување, со кој сите граѓани од поранешна Југославија, чии држави не се во Европска Унија, ќе можат да се вработат под истите услови како граѓаните од Европска Унија.

Промовирани огласи »

Видео: Погледнете како се печатат пари

Еве како се создаваат вашите омилени банкноти

Видео од Европска централна банка покажува како се печатат пари. 

Погледнете како од обични парчиња хартија се создаваат евра. Погледнете го видеото кое има скоро милион споделувања. 

Промовирани огласи »

Toj заработува 11 милиони долари на час, а неговите работници 12 долари

Џеф Безос, првиот човек на Амазон на час заработува повеќе од 11 милиони долари, а неговите работници само 12 долари

Џеф Безос, првиот човек на Амазон на час заработува повеќе од 11 милиони долари, а неговите работници само 12 долари. 

Во 2018 година тој своето богатство го зголеми за 67 милијарди долари, и сега „тежи“ 167  милијарди долари. 

268 милиони долари заработува дневно. 

Оваа бројка е милион пати поголема од заработката на работиците во Амазон. 

На годишно ниво платите во Амазон се движат од 58.703 до 146.455 долари. 

Има луѓе кои работат за 12 или подобро платените за 15 долари по час. 

Промовирани огласи »

Кампањата на Nike со Колин Каперник поради која некои Американци, главно поддржувачи на Доналд Трамп, започнаа да ги палат своите Nike патики се покажа за генијален потег.

За помалку од 24 часа откако Каперник ја започна кампањата на својот официјален Твитер профил, на Nike тоа му донесе медиумска покриеност вредна повеќе од 43 милиони долари. Поголемиот дел од тие медиуми биле неутрални или позитивни, покажува извештајот на Апекс Маркетинг Груп. Моментално севкупното известување за Nike на ТВ, радио, онлине платформи и на социјалните мрежи вреди повеќе од 163 милиони долари, пренесува CNBC. 

Секако, тоа сосема го надмина почетниот ризик на губење клиенти поради ангажирањето на американскиот фудбалер кој пред две години предизвика бес кај американските десничари, бидејќи за време на изведувањето на химната клечел.

Боб Дорфман за Блумберг изјави дека и овој потег на Nike покажува дека е компанија која е подготвена да преземе ризик, но на паметен начин. "Тоа е чекор кој секоја компанија може да го направи, но за Nike тоа беше многу паметна бизнис зделка", додава тој.

Инаку, кога Каперник го запрашале зошто клечи за време на химната, рекол дека станува збор за протест поради убиства на црнци од страна на полициски службеници. Фудбалерот го практиткуваше тоа во текот на цела сезона.

43 милиони долари во 24 часа: Новата кампања на Nike се покажа за полн погодок

Новата рекламна кампања на Nike прикажува фотографија од Каперник со слоганот:

"Верувај во нешто. Дури и ако тоа значи жртвување на сè".

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »