Промовирани огласи »

УЈП ќе ги гледа банкарските сметки на граѓаните

Владата го менува Законот за банки со што УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Банкарските сметки на граѓаните нема повеќе да бидат банкарска тајна за Управата за јавни приходи. Владата го менува Законот за банки со што УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Во образложението на Законот стои дека измените се прават за да може УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година. Од Управата за Телевизија 24 велат дека прецизно е дефиниран сетот на податоци што банките треба да ги доставуваат до УЈП.

Доставувањето на податоци од други институции (вклучително и банки) е пракса на модерните даночни администрации преку која размена се обезбедуваат податоци за вкрстена проверка на пријавените и непријавените приходи на граѓаните - велат од УЈП.

Но Македонската асоцијација на банки остро се спротивставува на предложените измени. Сметаат дека со нив директно се навлегува во приватноста на граѓаните и заштита на личните податоци и се губи значењето на правниот термин банкарска тајна.

Увид во трансакциските сметки на клиентот претставува директна повреда на неговата приватност, навики, начин на живеење, со што може да се направи непоправлива штета доколку податоците бидат доставени до трети неовластени лица или бидат објавени во јавност. Ова може негативно да влијае на довербата на граѓаните во банките, која макотрпно се гради последниве 20-тина години- велат од Македонската асоцијација на банки.

Банкарите бараат поширока јавна расправа за да се разгледаат сите опасности кои може да ги повлече новиот начин на работа. Доколку законот помине, тогаш ќе мора прецизно да се дефинира кои податоци, и во кој обем и рок ќе се разменуваат, како и начинот на чување, но и на нивно уништување.

Министерството за финансии, како предалагач на законот тврди дека измените се прават со цел изедначување на нашето законодавство со европското, а сите сугестии на предложениот закон ќе се земат предвид пред да биде изработена конечната верзија.

Со измените се предвидува увид во банкарските сметки да добие и Царинската управа, но со поднесување на писмено барање до банките. На тој начин ќе се овозможи Царината да врши присилна наплата на царинските давачки.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Македонците ги снемува: Зголемен број на новороденчиња од други националности

Демографите предупредуваат дека „белата чума“ може да доведе до комплетна промена на структурата на населението во Македонија.

Демографите предупредуваат дека „белата чума“ може да доведе до комплетна промена на структурата на населението во Македонија, објави Телеграф. рс.

„Бела чума“ значи намалување на популацијата, поради раст на морталитетот во однос на наталитетот. Во Македонија од година во година расте бројот на новороденчиња од албанска, ромска и турска националност, а само минатата година разликата меѓу македонските новороденчиња и оние од друга националност беше 654 деца.

Македонското население просечно годишно се намалува за 3. 000 до 3. 500 жители, а кај другите етнички заедници е зголемен од 5. 000 до 6. 000. Етничките разлики се очигледни, а со тоа лесно се доаѓа до заклучок што ќе се случи во Македонија на долг рок. Македонија мора да преземе одредени мерки и да го спречи иселувањето на населението, особено младите, кои се иднината на оваа држава, изјави Дончо Герасимовски.

Веќе две децении има континуиран пад на македонското население. Според тврдењето на Герасимовски, наталитетот може да се поправи доколку Македонците имаат повеќе од две деца. 

Промовирани огласи »

Пасоши ќе се издаваат во сабота и недела

Ова го најавија од МВР

Министерството за внатрешни работи ќе организира издавање на пасоши во сабота и во недела. 

Oва го најави заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Ангажиравме вработени во две смени користејќи ги максимално капацитетите на техничката опрема која ја поседуваме! Со цел нашите услуги да бидат поефикасни, наскоро ќе биде обезбедена и ставена во функција нова техничка опрема со поголем капацитет на производство – рече Нухиу.

Рече дека МВР дополнително ќе ги зголеми капацитетите, кадровски и во техничка опрема, со цел да се надминат вообичаените гужви.

Промовирани огласи »

Затвор за политичарите кои ќе вработат роднини

Строга казна за оние кои ќе вработат член на семејство

Нов закон донесен во Франција и тој предвидува три години затвор за политичарите што вработуваат членови на семејството. 

Францускиот парламент го изгласа Законот за моралност во политичкиот живот. 

Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до три години затвор и 45.000 евра.

Со овој закон се забранува политичарите да вработуваат членови на нивните семејства, што е прв поголем ваков потфат на претседателот,  Емануел Макрон.

383 пратеници го поддржаа законот, тројца беа против и 48  беа воздржани.

Министерката за правда на Франција Никол Белубе честиташе, како што рече, за мошне позитивниот сигнал до сограѓаните.

Комунистичкиот пратеник Пјер Даревил прокоментира дека „слонот родил глушец“.

Макрон вети брзо усвојување на овој закон откако претседателската кампања ја доведе во прашање подобноста на некои кандидати.

Претседателскиот кандидат од десницата Франсоа Фијон, кој на почетокот од кампањата беше фаворит за нов шеф на државата доживеа ненадеен пад на популарноста откако изби скандал заради фиктивните работни места во парламентот на неговата сопруга Пенелопе и две од нивните пет деца.

Против него беше покренато прелиминарно обвинение за злоупотреба на јавни средства. Подоцна беше покренато обвинение и против неговата сопруга.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »