Промовирани огласи »

Пасоши ќе се издаваат во сабота и недела

Ова го најавија од МВР

Министерството за внатрешни работи ќе организира издавање на пасоши во сабота и во недела. 

Oва го најави заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Ангажиравме вработени во две смени користејќи ги максимално капацитетите на техничката опрема која ја поседуваме! Со цел нашите услуги да бидат поефикасни, наскоро ќе биде обезбедена и ставена во функција нова техничка опрема со поголем капацитет на производство – рече Нухиу.

Рече дека МВР дополнително ќе ги зголеми капацитетите, кадровски и во техничка опрема, со цел да се надминат вообичаените гужви.

Промовирани огласи »

Затвор за политичарите кои ќе вработат роднини

Строга казна за оние кои ќе вработат член на семејство

Нов закон донесен во Франција и тој предвидува три години затвор за политичарите што вработуваат членови на семејството. 

Францускиот парламент го изгласа Законот за моралност во политичкиот живот. 

Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до три години затвор и 45.000 евра.

Со овој закон се забранува политичарите да вработуваат членови на нивните семејства, што е прв поголем ваков потфат на претседателот,  Емануел Макрон.

383 пратеници го поддржаа законот, тројца беа против и 48  беа воздржани.

Министерката за правда на Франција Никол Белубе честиташе, како што рече, за мошне позитивниот сигнал до сограѓаните.

Комунистичкиот пратеник Пјер Даревил прокоментира дека „слонот родил глушец“.

Макрон вети брзо усвојување на овој закон откако претседателската кампања ја доведе во прашање подобноста на некои кандидати.

Претседателскиот кандидат од десницата Франсоа Фијон, кој на почетокот од кампањата беше фаворит за нов шеф на државата доживеа ненадеен пад на популарноста откако изби скандал заради фиктивните работни места во парламентот на неговата сопруга Пенелопе и две од нивните пет деца.

Против него беше покренато прелиминарно обвинение за злоупотреба на јавни средства. Подоцна беше покренато обвинение и против неговата сопруга.

Промовирани огласи »

ВАЖНО: Кога може да ве избришат од евиденција на невработени

Сите правила прочитајте ги овде:

За невработено лице се сметаат сите лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување, кои се невработени и активно бараат работа, способни се да работат и се подготвени да прифатат секакво соодветно или погодно вработување што ќе го понуди Агенцијата.

Сите лица кои се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување како невработени имаат право да ги уживаат сите права утврдени со закон кои им следуваат на невработени лица.

Секој граѓанин кој што е евидентиран како невработен е должен лично да се јавува во Агенцијата на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец. Невработените што нема да ја исполнат оваа обврска во рок од 30 дена по истекот на рокот на јавување утврден во индивидуалниот план за вработување, се брише од евиденцијата на невработени лица.

Дополнително, АВРМ има право да избрише од евиденција граѓани кои се упатени од Агенцијата кај работодавач, а тие не се јават или одбијат да засноваат работен однос, или пак одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.

Невработените лица кои не ги почитуваат преземените обврски од индивидуалниот план за вработување исто така се бришат од евиденција.

Лице што нема да прифати обука два пати во текот на две години исто така се брише од евиденцијата на невработени.

Сите невработени лица кои од страна на инспекцискиот орган се затекнати да работат спротивно на законот или одбијат работно ангажирање за вршење на јавни работи се бришат од евиденција.

Промовирани огласи »

Кои вработени земале К-15 во износ од 21.927 денари?

Кој зема уште една просечна плата во Македонија од К-15 и празнични дневници.

Регрес за годишен одмор (К-15) плус празнични бонуси (дневници) вкупно во просек од 21.927 денари за само една година или колку една просечна нето плата, добиле вработените во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Државниот завод за статистика објави публикација за годишните трошоци на работодавците кон работниците, а овој издаток отскокнува убедливо во овој сектор споредено со останатите гранки од економијата.

Овој сектор се издвојува во однос на другите и кога се споредува износот на 13-та плата кој е исплатен во 2017 година. Именоо, вработените во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација добиле во просек 27.159 денари на основ 13-та плата што ги става на 2-ро место веднаш по вработените во здравството.

По висината на К-15, следни се вработените во банките и осигурителните компании со 16.903 денари вкупно за регрес и празнични дневници.

Во секторот: информации и комуникации исплатени биле 11.982 денари на овој основ, а оние што се занимаваат со недвижнини добиле 11.510 денари. Вработените во секторот за водоснабдување добиле 11.368 денари, а на тие во образованието им биле исплатени 11.200 денари.

Работниците во индустријата вкупно од двете категории заедно земале само 8.670 денари, рударите добиле 10.816, градежниците 9.542, продавачите, дистрибутерите и останатите во трговијата – 10.317.

Докторите, медицинските сестри, болничарите и другите здравствени работници, заедно со социјалните во просек им било префрлено на сметка 9.478 денари по основ регрес и бонуси Здравствените работници земаат убедливо најголема 13-та плата со вкупна висина од 38.321 денари кај здравствените установи што ја исплаќаат.

Келнерите и хотелиерите добиле само 8.009 денари, администраторите примиле 6.205, а уметниците 7.431.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »