Промовирани огласи »

УЈП најави ефикасна наплата за туристичката сезона

Предупредување од управата за летниот период

Управата за јавни приходи активно ја следи даночната дисциплина кај сите даночни обврзници ставајќи посебен акцент на даночните обврзници во туристичките места за време на лчетниот период, велат од таму.

Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети. Апелираме даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваме на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед. Навременото и уредното плаќање на даноци е предуслов за создавање на еднакви услови на пазарот и лојална конкуренција, велат од УЈП.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Во изминатиот период ве информиравме дека преку различни програми богатите луѓе инвестираат во странски земји за да добијат државјанство.

Откако ќе добијат државјанство, тие веќе ги имаат истите основни права како и секој друг граѓанин на земјата.

Значи, колку чини да се има втор пасош денес? Најскапиот е во Австрија – 23,75 милиони долари, а земјата ја нуди оваа можност од 1985-та година, пишува „Bloomberg“.

По овој индикатор, само отстапува Свети Китс и Невис, земја која е во бизнисот од 1984-та година, но по цена од 150.000 долари.

И додека данокот на добивка во Австрија е 28%, тогаш на островската државата е 0. Од друга страна, корпоративниот данок е 35% или 10% повеќе од Австрија.

Вашиот пасош во Сент Китс и Невис може да биде подготвен за само 60 дена, и за тоа да се случи, доволно е да се купи имот.

Вториот најскап пасош е оној на Кипар (2.375 милиони долари). Даноците во земјата се односно 20% данок на добивка и 12,5% корпоративен данок, во однос на 12 и 35 отсто за Малта, каде државјанство може да се купи за 1.065 милиони долари.

Токму за 1 милион долари може да станете и државјанин на Турција, додека цената за пасошот на Вануату е 226.500 долари. Не се залажувајте, дури и при нулта стапки во земјата, треба да се има предвид дека неодамна Вануату беше прогласена за најранливата држава од природни катастрофи во светот.

Уште поевтино е во Гренада (208.250 долари), а исто така и во Света Луција, Доминикана и Антигва и Барбуда (по 100.000 долари).

Осум од десетте земји споменати погоре ММФ ги прогласи за оф-шор зони.

Промовирани огласи »

Кога ја избираме работата со која сакаме да се бавиме, голема улога има и фактот колкава заработка донесува таа професија.

Според истражувањето на „Business Insider“ меѓу 30-те професии кои носат голема заработка се наоѓаат и физиотерапевт, работник во погребална компанија, правен асистент, техничар за цивилен инженеринг.

Меѓу 30-те добро платени професии се наоѓаат и архитектонски техничар, техничар за механика, техничар за индустриски инженеринг, електромеханичар, кардиовасуларен технолог и техничар, како и физиотерапевт асистент.

Уште некои од професиите кои ветуваат многу високи плати се и геолошкиот техничар, асистент за работна терапија, радиолошки технолог, автотехничар, техничар за електроника, респираторен терапевт, техничар за електротехника, специјалист за компјутерски мрежи, техничар во областа на воздушно-космичкиот простор, како и веб дизајнер.

Според ова истражување, професиите кои гарантираат добра заработка се технолог за магнетна резонанца, медицинска сестра, оператор за медицинска дијагностика, организатор на погреби, нуклеарен техничар, технолог за нуклеарна медицина, стоматолог, радио-терапевт, и контролор на летови.

Промовирани огласи »

Барања за откуп на дворовите во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи

Во 34 одделенија на УИПР, граѓаните можат да поднесуваат барања за приватизација

Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Канцелариите се отворени за прием на барањата секој работен ден, од 7:30 до 16:30 часот.

Со неодамнешните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.

Во потребните документи за поднесување на барањето е доказот за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица.

Треба да се приложи и документ за правниот основ, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго). Се доставуваат и податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга, како што се имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Во подрачното одделение се добива формулар, односно барање кое се пополнува и се предава на вработените.

Во рамки на Управата функционираат одделенијата за управна постапка:

Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.10, телефон: 033/470-698
Битола, ул.”Димитар Илиевски Мурато”бр.24б, телефон: 047/237-080, 047/237-070
Валандово, ул.”4 Јули” бб, телефон: 034/382-285, 034/383-020
Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1, телефон: 043/232-569 043/222-096 043/211-332
Виница, ул.”Бел Камен” бр.13, телефон: 033/363-287
Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.49, телефон: 034/215-390
Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб, телефон: 042/217-054,
Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб, телефон: 046/831-577
Делчево, Бул.”Македонија” бб, телефон: 033/412-142
Демир Хисар, ул.“Битолска“ бб, телефон: 047/275-911
Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб (зграда на Општината), телефон:043/418-836
Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1, телефон: 045/220-263
Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1, телефон: 033/274-140 033/271-055
Кратово, плоштад „Павел Шатев” бб, телефон: 031/481-469

Крива Паланка, ул „Свети Јоаким Осоговски”бр.175, телефон: 031/375-008
Крушево, ул.”Никола Ѓуровиќ” бб, телефон: 048/477-090 048/477-024
Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб, телефон: 031/426-423
Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб, телефон: 045/275-791
Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб, телефон: 043/371-160 043/363-019
Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб, телефон: 046/266-569 046/264-830
Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2, телефон: 048/425-553
Пробиштип, ул.”Јаким Стојковски” бр.3, телефон: 032/484-489
Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 032/635-067
Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бб, телефон: 047/451-844, 047/454-895
Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб, телефон: 032/440-905, 032/440-717
Струга,ул.”Димче Ковачевски” бр.2, телефон: 046/782-268
Струмица, ул.”Ленинова” бб, телефон: 034/321-543 034/345-352
Тетово, ул. “Дервиш Цара” бб, телефон: 044/340-375
Штип, ул.”Васил Главинов” бб,телефон: 032/386-776 032/385-664

Гази Баба – Скопје, ул.”Архимедова” бр.2, телефон: 02/3134-605, 02/3211852
Карпош – Скопје, ул.“Никола Русински“ бб, зграда 1, влез 1, кат 1 телефон: 02/3 073-397, 02/3 062-282
Кисела Вода – Скопје, ул.”Борис Трајковски” бб, телефон: 02/2 779-064
Центар – Скопје, ул. „Даме Груев“ бр.14”, телефон: 02/3 211-420
Чаир – Скопје, ул.”Бутелска” бр.4, тел: 02/3 211-029 02/2621-485.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »