20 973 денари е просечната исплатена месечна бруто-плата по вработен, во мај 2018 година во секторот производство на кожа и слични производи од кожа.

18 924 денари е во рибарство и аквакултура, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
22 396 денари бруто земаат во производство на облека.
Вработените во производство на текстил заработуваат бруто по 28 456 денари.
Во секторот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал, бруто платата изнесува 23 682 денари.
Вработените во производство на мебел земаат бруто 22 470 денари. 22 282 денари бруто земаат луѓето кои работат со услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата.