Промовирани огласи »

УСАИД и МТСП ќе ги предводат напорите за развојот на работната сила во Македонија

УСАИД и МТСП ќе ги предводат напорите за развојот на работната сила во Македонија

Денеска во Скопје се одржа состанок за координирање и вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија. Состанокот беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Министерството за труд и Социјална Политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти.

Заедничките напори се главен фактор за успех во секоја развојна политика вклучувајќи ја и оваа. Резултатите од напорите на МТСП може да бидат дополнително засилени преку соработка со сите овие организации кои го имаат истото поле на интерес. Денешниот состанок ќе овозможи да согледаме до кој степен сме навлезени во решавањето на проблемот и да ги координираме понатамошните напори, објасни министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Како дел од главните точки на состанокот, организациите за поддршка на бизнисите ги презентираа своите активности кои ги превземаат или планираат да ги превземат во полето на развој на работна сила. Како грантисти на Проектот, бизнис асоцијациите и кластерите образложија кои активности планираат да ги превземат со цел да имаат поквалификуван кадар во секторите во кои оперираат, додека пак владините агенции и другите донаторски проекти ги презентираат своите програми за развој на вештини. Преку образложување активностите кои ќе се превземаат во ова поле, сите актери ќе ги координираат своите напори со цел да ги максимизираат резултатите и да обезбедат меѓусебна долгорочна соработка во нивното работење.

Зголемувањето на вработливоста на македонскиот кадар е макроекономски проблем кој не може долгорочно да се реши без соработка од поголем број на засегнати индустрии, институции и организации. Затоа, заедно со Министерството за труд, го одржуваме овој координативен состанок каде што сите засегнати чинители ќе можат меѓусебно да ги надополнат и усогласат своите програми, изјави Татјана Марковска, проектен менаџер во канцеларијата на УСАИД во Македонија.

Ова ќе биде прв од серија на координативни работни средби на тема развој на работна сила преку кој чинителите во полето ќе соработуваат со цел ефикасно делување врз решавањето на проблемите со ниската вработливост во Македонија.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку подобрување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски за да поттикне значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во ММСП. Проектот има три општи и заемно поврзани цели: 1) Подобрување на деловните услуги, 2) Подобрување на пристапот до финансии за ММСП, и 3) Поттикнување на инвестиции од приватниот сектор за локален економски развој.

Тагови: МТПС УСАИД

Промовирани огласи »

Ново поскапување на бензинот и дизелот, но колкава би била цената без давачките кон државата?

Малопродажната цена на бензините од понеделник на полноќ се зголеми за 1 денар, додека пак на дизелот за половина денар во согласност со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука донесена на 09.07.2018, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 72 денари, на Еуросупер БС-98 изнесува 74 денари. Еуродизелот се продава по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар.

Пораст бележи и цената на мазутот и таа изнесува 34,711 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е за 0,21 процент понизок.

Литар безоловен бензин и дизел за само 39 денари – толку би чинело горивото на бензинските пумпи ако од малопродажната цена се одбие делот кој оди за државата во форма на разни давачки, даноци и акцизи и остане само производствената цена и трговската маржа.

Нафтените деривати се користени од голем дел од населението и стопанството на директен или индиректен начин па токму затоа и претставуваат одличен извор на полнење на државната каса.

Во Република Македонија цената на нафтените деривати не се одредува на пазарот туку неа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели. Како два главни фактори кои влијаат на цената се движењето на девизниот курс на доларот во однос на македонскиот денар и цената на суровата нафта на светските берзи.

Основа за формирање на цената што ја плаќаме кога точиме гориво на бензинска пумпа, е рафинериската цена, која се одредува според методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД „Окта“ Скопје, потпишан меѓу Владата на Република Македонија и акционерското друштво „ЕЛ.П.Е.Т. – Балканики” како стратешки инвеститор, кое е во сопственост на грчки „Хеленик петролеум“.

Биткоинот останува најдобар избор за инвеститорите во криптовалути

И покрај падот на вредноста, сепак биткоинот останува најдобар избор за инвеститорите во криптовалути

Биткоин останува најдобар избор за инвеститорите, бидејќи криптовалутата „се користи функционално“ од луѓето во светот.

Тоа го посочи Барт Смит, шеф на Дигитални средства од компанијата од „Wall Street“ – „Susquehanna International Group“, за „CNBC“.

Ако сакате да поседувате средства што реално можете да ги користите денес и луѓето ги користат функционално, тогаш ова е биткоинот, вели Смит.

Применливоста на биткоинот е валидна и денес, а тоа е валута на Интернетот, додава тој.

Биткоинот е најголемата виртуелна валута по пазарна капитализација на пазарот, на кој постојат уште илјадници криптовалути.

Според зборовите на Смит, она што му дава предност на биткоинот кон сите други дигитални средства, е неговата активна употреба од страна на корисниците.

Во минатата година, кога трговијата со биткоин фјучерси се појави, луѓето се возбудени многу во врска со биткоинот, вели Смит.

Тие беа возбудени за сите други дигитални средства. Одеднаш сите овие мали криптовалути околу кои луѓето се возбудлија, се надминаа себеси, вели експертот.

Ако погледнете на други апликации (на криптовалутите), како најпаметните договори, мислам дека луѓето почнуваат да сфаќаат дека овие работи се многу сложени и нема да станат достапни наскоро воопшто, вели Смит.

Според него, многу луѓе кои работа во странска земја, испраќаат пари до друга точка во различна држава – ситуација која е доста погодна за биткоинот.

Тие го користат „Western Union“, традиционалните банки. Ова е бавно и скапо. Исто така, постојат луѓе кои можат да ве спречат да ги испраќате овие пари, без разлика дали се добри или лоши. Со биткоинот можам да испраќам пари. Брзо е. Ефикасно е. И искрено, никој не може да ме запре да го направам, вели тој.

Во времето на подготовка на материјалот, биткоинот се тргуваше за 6.338 американски долари, според „CoinMarketCap“.

Во јуни, цената на криптовалутата падна под 6.000 долари за прв пат за 8 месеци.

Бикоинот достигна највисока цена на крајот од минатата година кога се тргуваше за речиси 20.000 долари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »