Промовирани огласи »

Пушењето цигари во Македонија станува луксуз

Некои од брендовите поскапеа за дури 5 денари

Некои од брендовите поскапеа за дури 5 денари.

Цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“ добија нова цена. Сите видови на „Бос“ цигари се покачени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.

Сите брендови на цигари во земјава, според календарот е предвидено да поскапат за 4 денари од 1. јули. Неодамна пред овој поскапеа уште неколку брендови на цигари.

Од 1 јули 2016 до први јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година.

Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.

Тагови: цигари

Промовирани огласи »

Казни за работодавачите до 3.000 евра, ако ви доцни платата

Skopjeinfo.mk 1 час · Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се’ уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените

Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се’ уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените.

Во Законот за работни односи утврдено е дека платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Според истиот Закон, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. На пример, платата за месец април мора да ја земете до 15-ти овој месец.

Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна до идниот прв работен ден.

Секој работодавач е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Во Законот е наведено дека работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување. При исплатата на платата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор согласно со законот.

Платата е составена од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоци. Работодавачот може на работникот да му исплати 13-та плата доколку има можност и сака тоа да го направи.

Сепак, доколку во законскиот рок работодавачот не исплатил палта, и не уплатил придонеси од плата тогаш според Законот тој ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност.

Промовирани огласи »

Позната листата на угостители кои ќе даваат ваучери за такси

Откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера ја најави кампањата

Во триесет скопски угостителски објекти ќе се делат бесплатни ваучери за такси со кои гости кои ќе испијат поголемо количество на алкохол ќе можат да си одат дома. Гратис ваучерите се дел од проектот на град Скопје, АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата за спречување на сообраќајни несреќи предизвикани од пијанство.

Ова е комплетната листа на угостители.

Промовирани огласи »

ЈП ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР СО УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Утре и задутре бесплатен паркинг

Утре и задутре бесплатен паркинг во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги известува граѓаните дека за време на претстојните празници, на „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители и во петок  на „Духовден“, гражаните ќе може бесплатно да ги паркираат своите возила на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, информираат од Центар.

Редовната наплата за паркирање и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на сабота со вообичаено работно време.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »