Промовирани огласи »

ЈП ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР СО УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Утре и задутре бесплатен паркинг

Утре и задутре бесплатен паркинг во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги известува граѓаните дека за време на претстојните празници, на „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители и во петок  на „Духовден“, гражаните ќе може бесплатно да ги паркираат своите возила на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, информираат од Центар.

Редовната наплата за паркирање и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на сабота со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Голем број лажни вести доаѓаат од Македонија, изјави Закерберг пред европратениците

Зборувајќи за злоупотребата да се дезинформираат корисниците на социјалната мрежа, тој повторно се осврна на лажните вести од Македонија

Основачот и сопственик на најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук, Марк Зукерберг изјавил дека „Фејсбук“ веќе забранил голем број страници кои објавуваат лажни вести, а посебно ја издвои Македонија како земја од каде најмногу се шират и објавуваат бројни лажни вести денеска пред пратениците во Европскиот парламент. Тој  повторно беше повикан на испитување по скандалот со злоупотреба на податоците на корисниците преку компанијата Кембриџ Аналитика.

Зборувајќи за злоупотребата да се дезинформираат корисниците на социјалната мрежа, тој повторно се осврна на лажните вести од Македонија.

Во 2016. година бевме многу бавни да го идентификуваме мешањето на Русија во претседателските избори во САД. Не бевме доволно подготвени за видови координирани операции за дезинформирање за кои сега сме свесни, рекол тој.


Во своето излагање одговараше и на прашањата на пратениците во ЕП, кое траеше час и половина по што за останатите прашања се обврза одговори да достави во писмена форма.

Промовирани огласи »

Поради масовниот интерес по првата акција, Карпош повторно ќе доделува субвенции за велосипеди

Карпош повторно ќе доделува субвенции за велосипеди.

На десетта седница на Советот на Општина Карпош советниците одново одобриле одлука за субвенционирање при купување нови велосипеди за жителите на оваа скопска општина.

По масовниот интерес за првата ваква акција, за која беа предвидени 300.000 денари, локалната самоуправа продолжува со уште една, втора по ред акција за годинава, во која се предвидени дополнителни 360.000 денари финансиски средства, со кои ќе се помагаат карпошани да купат нови велосипеди.

Исто така, на денешната седница советниците едногласно ја одобриле одлуката за добивање финансиски средства, за замена на стари куќни водомери со нови ултразвучни и нивна интеграција  жво системот на далечинско отчитување на системот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, нагласил дека ова е грант од ЕБРД преку Министерството за транспорт и врски, кој ќе изнесува околу 200.000 евра. Инаку, со овој проект би се опфатиле 500 куќни домаќинства.

Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта.

Владата на седницата ја прифати информацијата за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »