Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта.

Владата на седницата ја прифати информацијата за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Македонците и Албанците земаат најниски плати во регионот, и тие се во полоша состојба од Србите, наведува Истражувачко издавачкиот центар Демостат. 

Со просечна плата од 383 евра, Македонија е на дното во регионот. Просечната во БиХ е 440 евра, во Србија 422 евра, во Црна Гора 512 евра, во Хрватска 832 евра, Словенија 1.077 евра, Бугарија 457 евра. Албанците земаат 378 евра во просек. Грција иако има мерки за штедење, платите во просек се 917 евра. Во Унгарија платите се 703 евра во просек, а во Романија 535 евра. 

Подраматични се споредбите со најмноќните држави во Европа. Во Велика Британија просечната плата е 1.990 евра, во Франција 2.157 евра, во Германија 3.771 евра, Италија 1.758, Австрија 2.324, Данска 3.270 евра.

Промовирани огласи »

Во 2018-та бесплатно ќе може да се полнат е-автомобилите во Македонија

ЕВН ова лето ќе инсталира 40 електрични полначи низ општините

Ова лето, ќе бидат инсталирани 40 полначи за електрични автомобили во сите поголеми градови во Македонија  а заради промоција на е-автомобилизомот, ЕВН нема да наплаќа во 2018-та. Ова за „Капитал“ го потврди Штефан Петер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

За ракување со електронските полначи едноставно ви е потребна картичка од ЕВН. Го паркирате вашето електрично возило бесплатно на еден од назначените паркинзи за полнење кој секогаш ќе биде во центарот на општината. Потоа се регистрирате со картичката и го поврзувате вашиот автомобил со полначот. Тоа е тоа. Потрошената електрична енергија ќе ви дојде во вашата месечна фактура. Но, не во 2018 година. Како промоција на е-автомобилите и подобра животна средина, ЕВН нема да ги наплаќа трошоците на купувачот - вели Петер на едно од прашањата во интервјуто.

Тој додава дека во моментов во Македонија нема повеќе од 100-тина е-автомобили.

Според моето знаење, помалку од 100. Но, прашањето треба да биде – колку може да бидат опслужени? Кој е потенцијалот? Во Норвешка оваа година, регистрацијата на е-автомобили (и хибриди) ја надминува онаа на конвенционалните автомобили. Мислам дека тоа е мега-тренд. Некои научници предвидуваат дека прагот од 100 милиони возила низ целиот свет ќе се постигне до 2030 година. Опсегот на е-автомобилите се зголемува од ден на ден и тука малата површина на земјава е предност. Но, ја имаме дилемата со кокошката и јајцето. Што доаѓа прво? Е-автомобилите или е-полначите? Решивме да го прекинеме овој циклус и ќе инсталираме 40 современи електрични полначи во Скопје и сите поголеми градови во Македонија на јавен простор. Значи, ова лето ќе биде можно да се вози е-автомобил од Скопје до Охрид, да се наполнат батериите додека се испие кафе на езерото, да се продолжи до Битола, Прилеп, Велес и назад во Скопје и секогаш да се најдат можности за полнење. Ова е можно само со добра соработка со општините - изјави Петер.

Промовирани огласи »

На Фејсбук само после петто оделение!

Најчувствителен терен е оној во тинејџерските години, кога децата се борат за своја слобода и самостојност, а немаат доверба во родителите

Најчувствителен терен е оној во тинејџерските години, кога децата се борат за своја слобода и самостојност, а немаат доверба во родителите.

Истражувањата покажуваат дека децата во прво и второ оделение во основно училиште веќе се активни на свој Истаграм или Фејсбук профил.

Една од големите родителски дилеми е дали на децата треба да им се дозволида отворат профили на социјалните мрежи и ако веќе е неминовно, на која возраст. Истражувањата покажале дека децата од прво и второ оделение основно училиште активни се на Истаграм и Фејсбук.

Психологот Марк Зекони вели дека тоа е прерано, и дека родителите треба да им објаснат дека тоа не е за нив и дека ќе мора да почекаат барем до пето оделение. Но и во тие години важно е возрасните да имаат шифра на профолот на своите деца како би ги следеле што работат, на кого праќаат пораки и со каква содржина. Најчуствителен терен е оној во тинејџерските години, кога децата се борат за своја слобода и самостојност, а немаат доверба во родителите, притоа кријат  од родителите секоја сеоцијална комуникација, со што родителите само можат да насетат како го поминуваат времетио на интернет.

Меѓутоа, за да ги заштитат, родителите мора да најдат приод и на суптилен начин да воспостават контрола над активностите на децата. Дозволено е, ако се посомневаат, отворено да ги шпијунираат. Нека знаат дека во се ги следите, со што ќе бидат по внимателни и нема да прифаќаат сомнителни покани за пријателство, нити ќе праќаат непримерни пораки – советува Зекони.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »