Македонците и Албанците земаат најниски плати во регионот, и тие се во полоша состојба од Србите, наведува Истражувачко издавачкиот центар Демостат.

Со просечна плата од 383 евра, Македонија е на дното во регионот. Просечната во БиХ е 440 евра, во Србија 422 евра, во Црна Гора 512 евра, во Хрватска 832 евра, Словенија 1.077 евра, Бугарија 457 евра. Албанците земаат 378 евра во просек. Грција иако има мерки за штедење, платите во просек се 917 евра. Во Унгарија платите се 703 евра во просек, а во Романија 535 евра.
Подраматични се споредбите со најмноќните држави во Европа. Во Велика Британија просечната плата е 1.990 евра, во Франција 2.157 евра, во Германија 3.771 евра, Италија 1.758, Австрија 2.324, Данска 3.270 евра.