Колку народните избраници во земјата се активни на социјалните мрежи? Дел од нив речиси секојдневно објавуваат содржини за одржан говор или меѓународна посета а некои нивни колеги, пак, се појавуваат на интернет просторот само во период на предизборни кампањи. Од последната анализа направена од Бојан Кордалов специјалист за нови медиуми, 0д 120 пратеници 112 користат фејсбук а 31 твитер. Според него, фалењето на претставници од законодавниот дом или други политичари за нивните активности не значат ништо доколку немаат двонасочна комуникација со граѓаните.

Имаат профили но некои ретко објавуваат, а и кога имаат објавено нема двонасочна комуникација со граѓаните. Тоа е многу потребно бидејќи на тој начин ќе знаат што бараат граѓаните, ќе дознаат некоја нова идеја или материјал за амандмани и промени на закони, вели Бојан Кардалов специјалист за нови медиуми.
Доколку неможат пратениците , експертите со совет дека треба да ангажираат посебни тимови кои ќе работат на социјалните медиуми за нивна брза и навремена комуникација со граѓаните. Од друга страна, треба да ги следат и светските практики како што се примерите со конгресмените во САД.
Се предлага Собранието на Република Македонија на својата веб страна, во делот наменет за секој пратеник да додаде контакт од нивниот Фејсбук профил/страна, но и други социјални медиуми. Кои ги користат и на овој начин, граѓаните ќе можат директно да се обратат до секој пратеник. Ова го практикуваат пратеници и конгресмени во САД, Велика Британија и други западноевропски земји, вели Кордалов.
Од последната анализа, двајца пратеници повеќе се на листата на фејсбук корисници за разлика од лани. Во 2009 овој социјален медиум го користеле само 35 народни избраници.