Промовирани огласи »

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше дека договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се работи на критериумите за новиот тендер, кој ќе биде распишан наскоро. 

Во моментот се работи на критериумите на тендерот и набрзо тој треба да биде распишан. Нашата заложба е колку што може повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром - изјави Сугарески. 

Појасни и дека се планира да се направи подобрување на моделот за субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании. 

Промовирани огласи »

По 15 мај ќе може да се приспособат автоматите за наплата за новите полимерни банкноти

Новите пари од 10 и 50 денари автоматите ќе ги читаат по 15 мај

Народната банка ги известува сите правни лица кои ги одржуваат машините за обработка на пари и автоматите за наплата со готовина на територијата на Република Македонија дека по 15 мај 2018 година ќе почне периодот во кој ќе можат да ги приспособат софтверите за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Од НБРМ наведуваат дека доколку правните лица не се во можност од деловните банки да обезбедат соодветни примероци од полимерните пари за потребните софтверски приспособувања, можат да се обратат до Дирекцијата за трезорско работење на НБРМ каде што ќе им бидат обезбедени потребните количини од полимерните пари.
Потсетуваме дека и во периодот на надградбата на автоматите за наплата со готовина, односно нивното софтверско приспособување, граѓаните ќе може непречено да остваруваат плаќања преку овие автомати со кованите пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари, кои и по 15 мај остануваат во оптек и се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Промовирани огласи »

Германските инвеститори во Македонија се жалат дека не можат да најдат работници

Проблемот со недостатокот на работници се влошува од година во година. Германските инвеститори во земјава се жалат и на квалитетот на стручното образование и квалификациите на самите работници.

Проблемот со недостатокот на работници се влошува од година во година. Германските инвеститори во земјава се жалат и на квалитетот на стручното образование и квалификациите на самите работници.

Според анкетата на Македонско – германското стопанско здружение, 50 проценти од анкетираните компании сегашната економска ситуација ја оценуваат како лоша, а седум отсто како добра.

Компаниите изразија оптимизам дека деловната 2018 година ќе биде многу подобра од минатата. 45 проценти од извршните директори очекуваат подобрување, додека 12 отсто очекуваат полоши макроекономски резултати

И покрај наведените проблеми, сепак охрабрувачки е фактот дека 72 отсто од компаниите повторно би инвестирале во Македонија. Во земјава работат повеќе од 200 копмании со гермаски капитал, кои вработуваат околу 20 илјади лица.

Промовирани огласи »

Барањето работа знае да биде многу напорна задача, а посебно кога не сте подготвени за тоа. Обично никој од нас не се грижи за неговото CV додека не му стане потребно, а потоа набрзина нафрла информации во него.

Ако сакате ново работно место, или едноставно сакате да бидете подготвени за тоа, најдобро е цело време да ги обновувате податоците во вашето резиме.

Постојано ажурирајте го вашето CV

Кога ќе се вработите на некое работно место, запишете го описот на работното место и потребните квалификации и вметнете ги во вашето CV за во иднина. Така, кога ќе дојде денот да му објасните на вашиот иден работодавач што точно знаете да правите, ќе имате добра идеја точно што треба да кажете.

Исто така, секогаш е добро да го имате описот на работното место при рака, бидејќи тоа може да ви помогне да добиете зголемување на платата ако работодавецот реши да ви даде дополнителни обврски на работното место. Ако точно ги имате дефинирано работните обврски, тогаш многу полесно ќе добиете унапредување или зголемување на платата доколку работотавецот реши да ви зададе нова задача или две.

Секојдневни промени

Не е доволно само да го ажурирате вашето CV, туку и да забележувате какви промени носи работното место и околината кај вас. Поради тоа, најдобро е да водите дневник за работа. Секако, тоа не мора да биде типичен дневник во кој секој ден ќе внесувате што се случувало, туку таков во кој ќе запишувате како работата ве менува вас. На пример, секогаш кога добро ќе реагирате во кризна ситуација, запишете нешто во дневникот. Истото важи и за секоја нова вештина која ќе ја стекнете благодарение на некоја активност на работното место или надвор од него.

Направете го вашето CV уникатно

Не копирајте од примери кои ќе ги најдете на интернет, ниту пак од пријатели кои ве советуваат дека вашето CV треба да изгледа како нивното. Ниту еден работодавец не сака да го чита истото CV одново и одново. Затоа, направете го вашето малку поинакво, внесете лични карактеристики и направете го интересно. Луѓето забележуваат што сте способни да направите, а не сакаат секогаш да го прочитаат тоа со туѓи зборови.

Тагови: CV HR

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »