Промовирани огласи »

Денеска горивата во Македонија ќе добијат нова цена

Ново поскапување на нафтените деривати најавуваат движењата на цените на светските берзи

Од денес стапува на сила одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за ново поскапување на горивата за два денари по литар.

Со последната промена малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 70 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,5 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од утре ќе чини 62 денари за литар. За два денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 50,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика, пред две недели донесе одлука за цените на бензините кои поскапеа за 2 денари. Во однос на цените минатата година ова време, тие се поскапи вкупно за 11 денари.

Промовирани огласи »

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше дека договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се работи на критериумите за новиот тендер, кој ќе биде распишан наскоро. 

Во моментот се работи на критериумите на тендерот и набрзо тој треба да биде распишан. Нашата заложба е колку што може повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром - изјави Сугарески. 

Појасни и дека се планира да се направи подобрување на моделот за субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании. 

Промовирани огласи »

По 15 мај ќе може да се приспособат автоматите за наплата за новите полимерни банкноти

Новите пари од 10 и 50 денари автоматите ќе ги читаат по 15 мај

Народната банка ги известува сите правни лица кои ги одржуваат машините за обработка на пари и автоматите за наплата со готовина на територијата на Република Македонија дека по 15 мај 2018 година ќе почне периодот во кој ќе можат да ги приспособат софтверите за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Од НБРМ наведуваат дека доколку правните лица не се во можност од деловните банки да обезбедат соодветни примероци од полимерните пари за потребните софтверски приспособувања, можат да се обратат до Дирекцијата за трезорско работење на НБРМ каде што ќе им бидат обезбедени потребните количини од полимерните пари.
Потсетуваме дека и во периодот на надградбата на автоматите за наплата со готовина, односно нивното софтверско приспособување, граѓаните ќе може непречено да остваруваат плаќања преку овие автомати со кованите пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари, кои и по 15 мај остануваат во оптек и се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Промовирани огласи »

Германските инвеститори во Македонија се жалат дека не можат да најдат работници

Проблемот со недостатокот на работници се влошува од година во година. Германските инвеститори во земјава се жалат и на квалитетот на стручното образование и квалификациите на самите работници.

Проблемот со недостатокот на работници се влошува од година во година. Германските инвеститори во земјава се жалат и на квалитетот на стручното образование и квалификациите на самите работници.

Според анкетата на Македонско – германското стопанско здружение, 50 проценти од анкетираните компании сегашната економска ситуација ја оценуваат како лоша, а седум отсто како добра.

Компаниите изразија оптимизам дека деловната 2018 година ќе биде многу подобра од минатата. 45 проценти од извршните директори очекуваат подобрување, додека 12 отсто очекуваат полоши макроекономски резултати

И покрај наведените проблеми, сепак охрабрувачки е фактот дека 72 отсто од компаниите повторно би инвестирале во Македонија. Во земјава работат повеќе од 200 копмании со гермаски капитал, кои вработуваат околу 20 илјади лица.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »