Промовирани огласи »

Видео: Уставен суд ја укина нормата како услов за добивање минимална плата

Укинат нормираниот учинкот од Законот за минимална плата

„Нормираниот учинок“ падна на Уставен суд. Работниците од вчера нема да мора да исполнуваат норма која ја задава работодавачот за да добијат минимална плата од 12.000 денари. Оваа иницијатива ја изготви СИЕР, Синдикатот на управата, правосудството и здружението на граѓани. А до Уставниот суд неа ја поднесе ССМ. Од СИЕР велат дека одредбите кои се укинале им давале можност на работодавачите да не мора да ја исплатат минималната плата и покрај законското решение.

И што се случуваше во пракса или работникот ќе работи повеќе саати, за да дојде до нормираниот учинок кој еднострано го одредува работодавачот иилии пак немаше да му исплати со оправдување дека не ја исполнил нормата, односно нормираниот учинок. Со ова сега тоа се избегнува, без разлика на нормираниот учинок работникот мора да ја добие основната минимална плата од 12.000 денари, изјави Пеце Ристевски, претседател на СИЕР.

Уште во текот на постапката за донесување на измените на Законот, ССМ укажуваше дека не се согласува минималната плата да биде условена од – нормиран учинок за кој во предложените измени на Законот е предвидено да се утврдува единствено по критериуми утврдени од работодавачот. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денес само кусо изјави дека оваа одлука мора да се почитува.

Видете мислам дека одлуки на Уставен суд не се коментираат туку само се спроведуваат така што јасна е работата тука, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Од СИЕР велат дека со оваа одлука ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплата на минималната плата за сите работници во РМ.

Видео: Уставен суд ја укина нормата како услов за добивање минимална плата

Тагови: минимална плата

Промовирани огласи »

На вчерашната седница на владата, министрите го прифатија предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на предлог на Министерството за економија.

Целта на Предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година, информира владината прес служба.

Основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието на РМ предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците.

Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата – стои во соопштението од Владата.

Промовирани огласи »

Две македонски фирми му се придружија на „Оне.Вип“

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на статусна промена - присоединување на трговско радиодифузно друштво-оператор за кабелска мрежа „Астра плус“

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на статусна промена - присоединување на трговско радиодифузно друштво-оператор за кабелска мрежа „Астра плус“ како друштво што се присоединува и „Диги плус мултимедиа“ како друштво што се присоединува кон друштвото за комуникациски услуги „Оне.Вип“ донесе решение со кое се одобрува пријавата.

Со присоединувањето, двата субјекта се бришат од регистарот.

Промовирани огласи »

Четврток и петок неработни денови - четири слободни денови за Македонците

Следуваат неработни денови овој месец- планирајте го долгиот викенд

Следуваат неработни денови во кои граѓаните ќе можат да уживаат. Она што најпрво доаѓа е споен викенд од дури 4 дена за православните граѓани.

Споен викенд ќе имаме на 24 мај (четврток) кој е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а денот потоа, 25. мај (петок) е Духовден, кој е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »