Промовирани огласи »

На вчерашната седница на владата, министрите го прифатија предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на предлог на Министерството за економија.

Целта на Предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година, информира владината прес служба.

Основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието на РМ предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците.

Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата – стои во соопштението од Владата.

Промовирани огласи »

Две македонски фирми му се придружија на „Оне.Вип“

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на статусна промена - присоединување на трговско радиодифузно друштво-оператор за кабелска мрежа „Астра плус“

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на статусна промена - присоединување на трговско радиодифузно друштво-оператор за кабелска мрежа „Астра плус“ како друштво што се присоединува и „Диги плус мултимедиа“ како друштво што се присоединува кон друштвото за комуникациски услуги „Оне.Вип“ донесе решение со кое се одобрува пријавата.

Со присоединувањето, двата субјекта се бришат од регистарот.

Промовирани огласи »

Четврток и петок неработни денови - четири слободни денови за Македонците

Следуваат неработни денови овој месец- планирајте го долгиот викенд

Следуваат неработни денови во кои граѓаните ќе можат да уживаат. Она што најпрво доаѓа е споен викенд од дури 4 дена за православните граѓани.

Споен викенд ќе имаме на 24 мај (четврток) кој е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а денот потоа, 25. мај (петок) е Духовден, кој е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Казни и до 900 евра за сопствениците на кучиња доколку не исполнат одредени услови

Без разлика дали кучето или кучињата се опасни или не, на вратата треба да стои табла, која ќе означува дека во тој дом се чуваат кучиња

Без разлика дали кучето или кучињата се опасни или не, на вратата треба да стои табла, која ќе означува дека во тој дом се чуваат кучиња.

Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници.

По исклучок ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо не треба да бидат врзани на поводник.

Глоба во износ од 10 до 15 евра (за правни лица 100 евра) во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на на физичко лице, ако:

не гo пријави своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој:

  • не истакне табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче;
  • кога се на јавно место кучињата не ги држи врзани
  • не го пријави леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, не ги идентификуваат
  • младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле;
  • одгледувачниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна на увид на барање на Агенцијата;

Глоба во износ од 50 до 75 евра ( за правни лица 500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:

  • не дејствува на хуман и грижлив начин кон животните;
  • напушти домашен миленик;
  • поттикнува агресивност на животните против други животни;
  • осакатува животни и врши хируршки или слични интервенции со кои се врши осакатување на животните заради естетски или други причини
  • не обезбеди услови за држење на опасно куче;
  • опасните кучиња при движење не се придружувани од полнолетно лице;
  • се обложува на борба со животни за било каква намена;

Глоба во износ од 150 до 225 евра ( за правни лица 1.500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:

  • изведува хируршки интервенции без соодветна употреба на целосна или локална анестезија и предизвикува непотребна болка или страдање на животното;
  • врши девокализација,  отсекување на канџи и обеззабување;
  • интервенциите не се извршени од страна на доктор по ветеринарна медицина

Глоба во износ од 600 до 900 евра ( за правно лице 6.000 евра)  во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок ако:

  • предизвикува болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива
  • е вклучено, поттикнува, организира, рекламира, оддржува и организира обложување на борби со животни за какви било намени.
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »